Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Според мене Шведска би требало да слави над германија. Појаки се во сите сегменти од нив и мислам дека Швабиве нема шанси да се спасат од пораз.
На Шведите нема да им одговара да влеземе ние, пошто ќе им скртиме еден бод, ама и покрај тоа би имале добри шанси за полуфинале ако ја совладаат Германија.
Најлошо за Шведите би било пораз од Германија а наша победа над Чешка.
Е тогаш би пренеле само еден бод како и нас, и дват тима не би имале скоро никакви шанси за полуфинале.
Може нас полуфиналето не не интересира ама Шведска е тим со големи апетити.
Поквалитетни се и од Полска и од Србија и можат да ги добијат. А ако влезат од оваа група како екипа со 3 или 4 бода, скоро сигурен им е пласманот во полуфинале.
Шведите ќе дадат се од себе да ја победат Германија.
Е мене ме загрижува дали ние ќе славиме со Чешка...
Во Хрватска сами си ја репававме судбината во последниот меч со Русија. Тогаш Кире блесна, а се надевам и сега ќе биде така...
Фалат неговите погодоци и се надевам конечно ќе има утакмици каде што ќе им оди на сите три бекови...
И на Лазаров, и на Мојсо и на Миркуловски...
 
Се освен победа против Чешка за нас значи елиминација. Ако победиме, другиот натпревар и не е толку важно како ќе заврши, секако не е исто дали 1 или 3 бода ќе однесеме во втората фаза, меѓутоа ако се пласираме понатаму тоа значи 3 нови натпревари, уште 3 исцрпувачки битки за докажување и за подобар пласман. Господ нека е со нас во четврток!
 
Иначе сега ги гледав Швеѓаните со Чешка и фацата ми беше оваква - :eek: Тоа голманот не е нормален.
 
Ако има ист број на бодови мегу два тима одлучува мегусебниот дуел или гол разлика ????
 
Гледам 10ина минути наназад Шведска - Чешка, и ако овај Филип Јиха е најдобар светски ракометар, тогаш Киро Лазаров е најдобар вселенски ракометар.

Поента: се случува, топка е, секунди се. Се надевам оти нашиов тим сега будно ја снима Чешка, оти има шо да се види за нив вечерва и нема кај нив инквизиција ко шо има на форумов.

Се гледа дека првпат го гледаш,и добро е што нашите момци сигурно не го делат твоето мислење. Јиха е најкомплетниот светски ракометар.Во многу нешта подобар и од Карабатиќ. Лазаров уште по ждребката кажа дека запирањето на Јиха е клучно.

Со овој пораз на Чешка уште поголем е императивот да ја победиме Чешка и да го запреме Филип. Во незавидна состојба сме но момците мора да останат позитивни и со кренати глави. Победа не носи понатаму,сега со колку бодови тоа е друго прашање.
 
Значи, изгледа дека победа од 2+ гола разлика над Чешка е единственото сигурно шо не носи понатаму.

Тоа е тоа за денеска.
 
И што и ако било гол, не верувам дека ќе пишат нерешено.
Не верувам ни јас. Ова се залудни обиди и трошење енергија. Они едвај победија па преку жалба ќе ни дале бод. Туку ме чуди како не сум го забележала моментот, ако шутот бил толку сомнителен. Додуша таква нервоза ме јадеше, па не е ни чудо.
 
Се гледа дека првпат го гледаш,и добро е што нашите момци сигурно не го делат твоето мислење. Јиха е најкомплетниот светски ракометар.Во многу нешта подобар и од Карабатиќ. Лазаров уште по ждребката кажа дека запирањето на Јиха е клучно.
Баш така, ја потврди поентата шо ја пишав претходно.
 
Македонската ракометна федерација официјално поднесе приговор до ЕХФ за материјална повреда на правилата на играта поради ударот на Кире Лазаров во последните секунди од натпреварот. По шутот на нашиот капитен, топката заврши во пречката па се одби во голот, односно ја мина гол-линијата, а потоа заврши во теренот. Информацијата ја потврди координаторот на македонската репрезентација, Драган Начевски, кој изјави дека е поднесена жалба со која се бара голот на Лазаров да биде признат.



Се сомневам дека ова ќе успее ама ај....

 
А, јас пак се чудам од каде толкава дрскост ем да седиме дома ем да плукаме по оние кои душата ја остави ја на теренот за Македонија, тоа се истите оние, од пред 2 дена, кои играа 26 - 26 со Шведска. Сега може сите да се правиме стручњаци, а пола дечките не можеме да погодиме на која позиција играат.

Дволичноста и себичноста се лоши одлики на луѓето!

никого не плукам..сакав да кажам.. тоа е спортот.. не се правам стручњак, кажав свое мислење.. и за разлика од другите добро знам на што позиција играат
 
Престанете да ми го чачкате аватарот мој. Детево изигра одлично, зицерот го утна и шо? Дејан Манасков е нашата иднина затоа само честитки до него. Не можам да престанам да им се восхитувам на Миркуловски и Стоилов. Првиот ради јацата шо ги има за влез и вториот ради неверојатното срце и љубов кон Македонија шо се осеќа у неговата игра.Сега за сега оди според планираното, али да не се лажеме се зависи од нашето со Чешка. Ќе има снимка на сител 3 у 00.00 и утре у 14.00 Македонија - Германија. Судиите мислам беа коректни барем у поголемиот дел, али мислам не јаде менталитетот или нашиве се ептен лабилни нешо е. Чешка мора да го папа.
 
Секој тесен натпревар е таков , како рулет, го фрлаш топчето и кај ќе падне таму.
Да се правиме силни и јаки сега лесно е после утакмицата. Сепак игравме добро , не ги искористивме на крајта шансите и тоа е тоа. Останува да собереме сили и да ја тепаме Чешка.
Туку она што мене најмногу ме изреволтира е однесувањето на нашата публика, па добро бе дали успесите треба да направат од нас СТОКИ и од фер и коректна публика да се претвориме во ПЛЕМЕ ДИВЈАЧКО и НЕИЗЖИВЕАНО. Јас други зборови немам за фрлањето запалки на теренот и ОВА...

Македонски навивачи со јајца го “нападнале” германскиот автобус пред натпреварот

вторник 17 јануари, 2012 во 21:22 | Објавено во Спорт од Здраво
47234-300x197.jpg
Неколку српски и хрватски портали известуваат дека нашите навивачи во Ниш пред ракометниот натпревар со Германците, фрлале јајца врз автобусот во кој се превезувала германската репрезентација.

Автобусот не бил оштетен, а ниту играчите не се вознемириле поради инцидентот. “Тоа само повеќе не мотивираше за натпреварот”, изјавил Франк Карстен, помошник тренерот на германската репрезентација.
И во текот на самиот натпревар можеше да се забележи дека нашите навивачи фрлаа разни предмети и хартии на теренот, за што неколку пати беа опоменати и од нашите ракометари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom