Лејкерс ако не направат нешто околу плејмејкерската позиција, ќе бидат а и се далеку од фаворит бр.1.
Лејкерс имаат повеќе проблеми од PG позицијата.
Водат во изгубени топки, водат по примени кошови од периметарски шутови, убедливо најслаб шут за тројка, придонесот на клупата е често за никаде... Бајнам тек сега се учи како се игра под притисок и кога е удвоен, исклучително лошо му оди со асистенции кои, не се чудете, треба да ги има во пристоен број секој играч што често го удвојуваат.
Сепак со додавање на добар PG доста од ова се анулира. Ќе се намалат грешките, подобра дистрибуција на топки под кошот кон Бајнам и Гасол, ако е добар шутер ќе придонесе за подобар процент на 3ки, ќе се разреди повеќе кон периметар одбраната на противничкиот тим и со тоа ќе се олесни работата на високите играчи под кошот (сега со ваков лош шут ги оставаат да шутираат сите што не се викаат Коби).
Како што стојат сега работите, ако веќе се чека со носење на нов плеј, дефинитивно треба да се игра многу повеќе со Дариус Морис, руки плејмејкерот. Од тоа што го гледав до сега изигра сосема пристојно.