вака. у охирд сум бил повеќе од 10 пати на одмор значи 10 годни. лично и персонално ке ти докажам само колку неправилности има на плажите. шанк да нема на 1 метар али има тераса БУКВАНО на 1 метар да ти прецизирам каде е. од славија кога одиш надоле по плажата према таа детската кликика има кафичи не толку прометни и баш таму е таа тараса направена. кафичите далеку од муабет е дека се на 12 метра. и за тоа можам да ти гарандирам дека се 5 метра од езеро. околку монтажните објекти. нормално не подразбирам некоја ефтина трска и дрво да ти закова некој па да се осеќаш ко у селска викендица - правам муабет за убав модерен и соовремен објект и многу битна ствар кога ке ти истече концесијата и сакаш да се откажеш од бизнисот објектот го размонтираш и го препродаваш или го преселуваш на друго место што не е залудно губење на пари нели?. Хасап системот - ако толку дошло до плочки и ако некој се решава да отвори бизнис на туристичко место нема да му се на одмет парите што ке ги даде на плочки зашто сепак 5 години има концесија. нескафето не е ни во скопје поефтино се сложувам ама охридѓани се смислуваат дека се на море па со цените дефинитивно претеруваат. една обична кисела вода на плажа да купиш ти ја дава 50 денара човеку! друга ситуација. одиш во продавница (маркет) бараш пиво ти вика 100 денара ако сакаш ЛАДНО ПИВО 110 ДЕНАРА! ти се молам кај го има ова. циганчење до немај каде! и ако побараш фискална сметка те гледа на криво мислиш си му ја опцул цела фамилија! со странците се крајно безобразни и ги дерат со пари ако начекаат некој да незнае македонски или србски за да се разбере. за скарите не равам муабет дали се прилепчани скопјани битолчани- кои и да се го прават тоа нелегално!. понатака - такси услуга - недај боже да ти треба хитно такси за лоша работа треба кредит да подигнеш за да му платиш на таксистот. да не правам муабет што никој не уклучува таксиметар туку ти кажуваат цена од памет (они си ги знат цените и те кољаат за + 30/40 денара) некој ке рече е добро 30 40 денара. да се сложувам ан еден двајца да им направиш така ама они у денот турбо работат па рачунај ти 20 муштерии се нецела 1000ка од прилика.
сум сумарум со истите пари ке отидеш на море во црна гора. еве кој бил нека каже како се цените и ке ги споредиме. ке ја споредиме и услугата и квалитетот и ке дадеме една заклучна оценка. Несакам некој да ме свати лошо во стил дека зборам против охриѓаните. зборам лошо за сите оние кои мислат дека отварање на бизнис е плукни залепи со минијатурен трошок од страна на газдата а максимален приход.
Не ја знам таа тераса, можеби постои. единствено Трпејца кукуте им се во Езерото а тоа не е од сега тоа е уште од пред 200 години не можеш да им ги турнеш така било така и ке остане.
Бизнис за плажите еве сега ке ти кажам. Секоја плажа која е земена под концесија влогот изнесува минимум 100 000 евра. Конкретен пример да ја земиме Рилекс затоа што еден од газдите е Скопјанец. Влогот изнесува околу 200 000 јас ова го тврдам ги имам разгледано документите колку е вложено во опрема. Ајде сега зошто би им ги рушеле тие пола нека бидат 100 000 затоа што има амортизација на стварите и некои работи нема како да ги рушат. Па добро бе додека беа плажите сопственост на државата батал беше да не ти се оди на плажа. Губре на секој чекор, камења, стакла, змии од непокосените жбунови не било подобро нема зошто да се убедуваме. Ако сакаат владата да им ги рушат нека земат да им го исплатат одржувањето и носењето во таа состојба. Или па дај да си го земат песокот што го донесоа, да им ги вратат ѓубрината што ги исчистија.
Тоа за маркетите прв пат го слушам ладно пиво топло пиво, фискална сметка ке си бараш секаде тоа е твоја должност како и моја и сечива. Ако не ти даде од буџетот кради а буџетот ти го полниш што плакаш даноци придонеси такси и слично. Има инспекција слободно можеш да го пријавиш не е страмота.
Таксистите и мене ме репаат во Скопје дестинација Карпош 2 центар на одење 60 денари, на вракање 140денари , затоа што било 2 сатот на полноќ таа била тарифата и толку доаѓало.
Не ги оправдувам нашите не се ништо поарни, ама ние затоа на лето не се возиме со такси, ако не ти е другар или пријател таксистот немој да мислиш дека низ прсти ке ти прогледа дека си Охриганец ти кажуваа таа е цената не возам за пониско ако ти одговара.
Црна гора ке одиш како што кажа- па таму мислиш дека нема да те прават будала? Секаде бе другарче секаде. Јас сум бил скоро низ цела Европа секаде каде си туриста пробуваат да те украдат ако нештото кошта 100 денари за локалните за странците е 200 сватиго тоа светот е таков не измисливме ние топла вода само копираме.
Уште да прашам во Скопје на кеј, дебар мало, кај грчка амбасада барем во неколку кај што сум бил, колку пари е киселата вода?
Во Охрид да точно е дека е 50 денари во секој локал кафич, дискотека, плажа што и да е.