Ќе се уриваат охридските плажи

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Ќе се уриваат охридските плажи

Ќе се рушат охридските плажи, а потоа ќе се издаваат под концесија. Ова денеска од државниот градежен инспекторат им го соопштија на концесионерите на плажите во Охрид. Тие во изминативе пет години стопанисуваа со плажите, сега треба да ги вратат во првобитна положба во која ги затекнале, а потоа одново да ги градат.

За концесионерите кои вложија илјадници евра во современи и модерни објекти оваа одлука е неприфатлива и предизвика бурна расправија.

- Јас мислам дека уривањето на плажите е уривање на градот Охрид. Не би сакал поинаку да размислувам. Уривањето на плажите е уривање на градот Охрид!- вели Илија Џепароски концесионер на плажа Корали.

Охридските концесионери бараат плажите да се издаваат онака како што се изградени. Со модерни објекти, платформи, кабини, тоалети, шанкови и други пропратни реквизити за да не се прави беспотребна штета.

- Плажата моја нека не се урива не мора јас да ја земам нека ја земе некој друг на лицитација но, да не се урива, вели Џапароски.

Договорите за концесија на плажите на Охридското езеро истекоа во септември минатата година. Голем дел од концесионерите веќе поднеле барање за обновување на истите но, не добиле никаков одговор од министерството за транспорт и врски.

izvor :http://www.ohridon.com/m-naslovna/7342-2012-01-16-14-57-36.html
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 17:36 ---
Dopolnenie na informacijata

Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите. Старите концесии за плажите истекоа во Септември минатата година. Претставниците од Државниот градежен инспекторат на денешната средба ги шокираа охридските концесионери. За да започне новото лицитирање за добивање на концесии, според Законот, плажите најпрво мора да бидат вратени во првобитната состојба, велат претставниците од Државниот градежен инспекторат. Ова соопштение предизвика жестока дебата помеѓу концесионерите и претставниците од инспекторатот.

„Ние бевме пред се задоволни од оваа власт, мислевме дека крајно време ќе ги додели плажите на локалната самоуправа, а денеска бевме ставени пред свршен чин, наместо да чекаме договори за продолжување на плажите како концесионери со локалната, инспекцијата најави дека плажите треба да бидат вратени во првобитна состојба, јас се изреволтирав реков:Дали има некој нормален во државава, да го вратиме туризмов десет години наназад. Некои имаме 5, некој 7, некој 10 години вложено по плажите, тие бараат плажите да се бришан простор, од кога ќе исчистиме од објекти, од реквизити треба плажите повторно на лицитација.“-рече Илија Џепароски-концесионер.

Џепароски додава дека туризмот не се состои само од вложување пари во една сезона туку тоа е постојано надополнување, тој вели луѓето имаат вложено по 200 по 300.000 евра. Помеѓу концесионерите можеше да се слушнат и предлози за формирање на здружение со правен застапник кој во вакви случаи би им укажал правна помош. Џепароски револтирано изјави дека овој потег најмногу ќе се одрази на угледот на градот.

„Јас изразив желба, поготово јас каде што сум, Корали концесионер, да не се сруши, да се оди на понова лицитација кој сака нека ја земе ама би ги замолил да не се руши, јас изразив желба плажата моја да не се урива некој друг нека ја земе, не мора јас да ја земам, нека му ја дадат на некој друг под концесија ама да не се урива. Верувајте ова е уривање на градот Охрид.“

На денешната средба немаше присутен преставник од Министерството за транспорт и врски, меѓутоа, одговор побаравме од портпаролот на ресорното министерство Драган Симоноски. Од таму го добивме следниот одговор:
„Ве информираме дека условите во договорите за закуп кои се потпишани со закупците на плажите во општина Охрид во согласност со законската регулатива се многу јасни и Министерството за транспорт и врски целосно ги почитува сите одредби наведени во договорите. Доколку прекинат или не се продолжат договорите за закуп тогаш истите треба да бидат предадени на идните закупци неоптоварени со било какви објекти. Имено, во овој случај не станува збор за раскинување на договорите, туку за договори кои се со измината важност и истекле на 30 септември 2011.
Во самите одредби на договорите кои биле потпишани од страна на закупците стои дека по истекот на договорот, во период од 30 дена треба да се исчисти просторот и да се врати во првобитната состојба. Доколку тоа не е направено, за да се распише нова објава согласно Законот за градежно земјиште треба да биде донесено решение односно заклучок за отстранување на објектите кои се наоѓаат на земјиштето кое е предмет на краткотраен закуп.“
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Пари му требат на градоначалникот затоа ќе руши.А треба и рампи да стави па влез во Охрид да се наплаќа,пошто паркинг веќе се плаќа.Како иначе ќе ја растеретите летно време гужвата од туристи во Охрид Искрено Струга е сто пати поубаво,поефтино и нема гужва,ама што да им правам на глупите Скопјани се бутаат таму кај што има гужва
 
F

FuckYouAll

Гостин
Која дупка од држава сме:pos: Нека рушат све и нека изградат споменици.:facepalm:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
а зашо да не ги срушат? на тие што ги зеле под концесија кој дел од договорот не им е јасен? ако се договориле по истекот на договорот да ги најдат во иста состојба онда нека ги бутнат и ич да не им се тресат. зашто вака ако им дозболат да ги остават со се објекти после ке се побунат у стилот ние сме граделе објекти кој ке ни плати нас па ке вадат докази прилози налози дека се на нивно име па ке настане заебанција колку што сакаш. едноставно кога се прави договор пред да се потпише се чита на лице место и се што не ти е јасно ке си прашаш а вака изгледа дека на некој не му одговара договорот или пак се прават будали со сила.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
delikatna situacija mora da priznaete, sepak gazdite dosta investirale vo objektite a site se od cvrsta gradba i ima dosta kafici, kako ce bide ostanuva da vidime.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.710
Поени од реакции
942
Не сум од Охрид и баш ме заболе за плажите , но ова е чист идиотизам ... тамам заличи малку од малку крајбрежјето со средени плажи и објекти , и сега пак треба да стани пустелија како што и беше предходно ... ок , јасно ми е дека им се издадени на само 5 години и сега треба да ги вратат , но ептен е идиотски да се турка се што е направено таму ... на наредната лицитација тој што ќе земе одредена плажа од моментално изградениве , сам нека си одлучи дали сака да турка и да гради нешто ново или пак ќе ја користи истата инфраструктура на самата плажа ... одамна ми е јасно дека сме ненормална држава , но ова е врв на идиотизмот .
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
delikatna situacija mora da priznaete, sepak gazdite dosta investirale vo objektite a site se od cvrsta gradba i ima dosta kafici, kako ce bide ostanuva da vidime.
вака. значи чим им е договорот на одредено време у случајов 5 години незнам на кој му се исплати да даде толку пари за ЦВРСТА градба + концесија + даноци и триста давачки и да искочи со ќар на крај? ма да имаат ќар како и да е дали малку или многу воглавно имаат. муабетот ми е кога е на договор веќе 100000 пати подобро му е монтажно нешто да направи и во ваква ситуација демонтирај па на крај краева шитни го ако немаш шо да му праивш а со цврста градба буквално ништо не си напраил. само губиш!
 
F

FuckYouAll

Гостин
вака. значи чим им е договорот на одредено време у случајов 5 години незнам на кој му се исплати да даде толку пари за ЦВРСТА градба + концесија + даноци и триста давачки и да искочи со ќар на крај? ма да имаат ќар како и да е дали малку или многу воглавно имаат. муабетот ми е кога е на договор веќе 100000 пати подобро му е монтажно нешто да направи и во ваква ситуација демонтирај па на крај краева шитни го ако немаш шо да му праивш а со цврста градба буквално ништо не си напраил. само губиш!

И вака плажине одвај личат на нешто не пак да почнат трафики да редат.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Се надевам нема да ги рушат, безмислено е да ги изложат на тие трошоци. Во договорот за концесија ги условија да направат цврсти градби, да донесат интернет, да ги средат според стандарди, тоалетите, кујните според хасап системот, фискализација нормално и ред други работи. Условите за концесија беа наведени во 2 страни А4 формат кој концесионерите мораа да го исполнат за да почнат со работа следните 5 години. Според де јуре секој од нив со споствени пари го изгради својот дел, сето тоа е потврдено со слики и документи, одреден дел се заложија и со кредити но со кеф ги градеа. На фрлање на темели и поп викаа да ги благослови темелите, Охригани не ги гледаат плажите само како бизнис, уживаат во благодетите на истите како никој друг во светот.
Да се навратам на темава, ја оправдувам целта на владата да ги земат плажите само финанскиски моќни луге кои ке инвестираат во правилна смисла на зборот, не да земе некој си Ојле -дојле да направи шанк со трски како Робинзон Крусо и плескавици да продава со вкус на историски лим, од рачно изработената скара на дедому што му ја препишал во тестаментот, и со наследството пари да прави. Да би му поминала санитарна иснепкција би му ја конфискувале и би ја предале во Музејот за историски вредности.
Според де фактно сите правни норми ги исполниа со надеж дека повторно ке си ги зачуваат плажите, нормално свесни се дека концесијата драстично ке се зголеми ама тоа не го негираат едноставно го прифакаат.
Ги жалам тие што не си ја вратиле инвестицијата што ја вложиле, а сега па и треба да си ги рушат и повторно да ги изградат во истата или слична состојба за повторно да ја добијат концесијата.
Само саможивен човек би се наситил на туѓа несреќа.
Секоја чест за интервјуто на Џепар, можеби е глупав, лаком, кретен но во овој случај е реален.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ма ич не ме заболе, нека им ги срамнат со земја ако сакаат. Плажи?! Она не се плажи, она се кафичи... Охрид нема плажа!
Идам летоска, паркинг 100 денари, лежалка 150 денари, пиво 150 денари... ти ебам плажите, да ти ебам... СЕ’ нека им урнат!
Да сака човек да иди на плажа и да постели крпа на земја да легне, да ужива во тишина и езеро, нема каде, а без притоа да плати 500 денари и да му траска антена(булшит)фајв над глава цел ден, со еден куп искомплексирани скопјанчиња шо дошле тука шема да бркаат... Охрид? Не фала...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
вака. значи чим им е договорот на одредено време у случајов 5 години незнам на кој му се исплати да даде толку пари за ЦВРСТА градба + концесија + даноци и триста давачки и да искочи со ќар на крај? ма да имаат ќар како и да е дали малку или многу воглавно имаат. муабетот ми е кога е на договор веќе 100000 пати подобро му е монтажно нешто да направи и во ваква ситуација демонтирај па на крај краева шитни го ако немаш шо да му праивш а со цврста градба буквално ништо не си напраил. само губиш!
Робинзоне крусо, концесијата може да ја земеш само кога ке ги исполнеш условите наведени во договорот за закуп на плажата. Добро наведено беше под клаузула- Доколку сопственикот на плажата не ги изполни наведените услови, концесијата ке му биде одземена и повторно плажата ке биде дадена на лицитација.
Условите се во интерес на потрошувачите и туристите со ниеден услов не е се заштитени концесионерите.
А ако сакаш, шанк во стил на штала од времето на романтизмот и од тука да купиш храна и пијалок, браво за тебе. Само санитарната инспекција нема да го дозволи тоа. Поврзано е во интерес на државата, ти ке јадеш ке се заотроваш од некоја си бактерија на пример салмонела. Твоето лекување барем половина ке го исплати државата доколу си здраствено осигуран со плави картони - ме разбираш. Монтажните објекти не можат да си исполнат условите на хасап системот епа види зошто се тие цврсти градби.

он топик- Ако ги рушат шанковите, Охрид ке премине во пензионерски град, само таков туризам ке има. Како Холанганите минатата година во јуни. Најмладиот беше 200 години. Што корис од него, само аптеките се радуваат на такви туристи.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 18:58 ---
Ма ич не ме заболе, нека им ги срамнат со земја ако сакаат. Плажи?! Она не се плажи, она се кафичи... Охрид нема плажа!
Идам летоска, паркинг 100 денари, лежалка 150 денари, пиво 150 денари... ти ебам плажите, да ти ебам... СЕ’ нека им урнат!
Да сака човек да иди на плажа и да постели крпа на земја да легне, да ужива во тишина и езеро, нема каде, а без притоа да плати 500 денари и да му траска антена(булшит)фајв над глава цел ден, со еден куп искомплексирани скопјанчиња шо дошле тука шема да бркаат... Охрид? Не фала...
Само Дојран за тебе. Секој кога оди на одмор бара нокен живот, фул журки, провод-ханговер Охрид тоа го нуди, а ти рекреација.
Планинскиот туризам можеш да си го користиш, комотно ке се рекреираш надишиш чист воздух и одмор кој нема да го паметиш;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom