Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Само судиите да не не јебат,другото ќе си биде.Убаво рече некој погоре.Ви текнува на минатото светско како го исклучија Кире против Германија?А дотогаш се држевме,после исклучувањето не наполнија.
Да не биде пак така се плашам.Додуша и со Шведска не ебеа судиите,кога ни исклучија тројца играчи,па мислам дека тоа беше и клучно за поразот.
Немој бре вака да ме замислуваш,арен си ми?:D
Џоук...:love:

Утре со Германциве само сакам смирена игра без форсирање,пас игра ,без избрзани шутеви и реализирани пеналчиња...само така ќе ги добиеме,не смее да има падови како со Швеѓаните..мора да се корегира тоа...гаден менталитет...Германците не се одкажуваат па макар губеле и 8 на полувреме,никако не смее да дојде до опуштање..знам дека нешто од ова ќе се деси ама се надевам и знам дека утре вечер ќе славиме заедно.
Епа момци...згазете ги !
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Глеам некој од вас пишале дека Германија биле слаби,дека изгубиле од Чешка.

Па што има врска тоа,ние ако е за така,со кошаркарите во Литванија ја загубивме првата утакмица,и тоа од оние кои после тоа беа последни на табелата....но после тоа излезе лавот од нас.:)

Така да не ги поттценувајте германците,бидејќи се е таму биран квалитет,не оставаат они на случајност....е сега целата улога ќе ја игра мотивираноста на екипите....а мислам дека од нашите репрезентативци,помотивирани не постојат.

Мотивацијата на нашите ракометари,можам да ја дадам во пример.....т.е ако сега на ракометарите им дадете фудбал да играат за репрезентација,ќе изиграат подобро и од Пандев.:icon_lol:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес набојот и притисокот е на страната на фаворитот Германија. Ние сме со бод и со евентуален пораз остануваме во игра за втора фаза во последниот меч. Германија со пораз си оди дома. Мотивацијата пак е на наша страна, Германицте нема да биде чудо да се прошетаат низ Ниш пешки, на првиот дуел беа очајни и технички и психички. Ако се зборува за квалитет тука гласам дека сме изедначени, токму младинците на Германија можат лесно да потфрлат.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Што ве глеам чудни o_O !!!
Секоаш сме играле против судии, делегати, виши сили и што ли уште не... Затоа се` повеќе плениме со нашата игра и залагање US against all... башка што таквите победи се 10 пати послатки :love:
Умре таа кога Македончето беше боксерска вреќа за билдање разлика.... сеа ние сме на ред за мавање - останатите нека трпат. Ете, некои веќе почнале да фаќаат врски за да си ја олеснат работата... дали јас гледам тука страв или што...?! :sneaky:
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Ако не не' заебат судиите ги тепаме швабиве 100%. :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Алушовски: Колективот може да ја победи Германија

Ракометната репрезентација на Македонија, по слободниот ден, вечерва, ќе го одигра натпреварот од второто коло на Еуро 2012.

Противник на македонските ракометари ќе биде Германија, која на стартот загуби од Чешка со 24:27, додека Македонија против фаворитот Шведска освои бод, играјќи 26:26.
Највозрасниот во нашиот тим, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој на премиерата на Еуро 2012, со седум гола, заедно со Кире Лазаров беше најефикасен во нашиот тим, потенцира дека за пласман во следната рунда клучни ќе бидат следните две средби.

„Уште пред почетокот на првенството реков дека нашата шанса ќе ја бараме на натпреварите со Чешка и Германија. Секој натпревар е историја сам за себе, ние успешно стартувавме, бидејќи Шведска, според сите ракометни стручњаци беше фаворит. Очекувам добра игра и против Германија и против Чешка“, вели крилото на Металург.

Поразот од Чешка, Германците ги става во позиција да мораат да победат доколку сакаат да се надеваат на влез во следната рунда, бидејќи пораз за нив ќе значи враќање дома.

„Математики ќе постојат до крајот, но ние на секој натпревар ќе одиме на победа. Дали со победа над Германија ќе обезбедиме пласман и ќе ги елиминираме нив, или со победа над Чешка ќе се пласираме понатаму, останува да видиме. Можеби победа над Чешка нема да биде доволна за да се оди во вториот круг, но тоа се математики кои не би требало да се прават се додека не се одиграат натпреварите. Искрено, се надевам на добра игра и добар резултат и против Германија и против Чешка“, рече Алушовски.
Според него, Германија е квалитетна репрезентација составена од играчи кои играат во најдобрите клубови во Бундес лигата, но е репрезентација која може да се победи со колективна игра.

Вечерашниот дуел помеѓу Македонија и Германија ќе започне во 18:15 минути, потоа својот меч ќе го одиграат Шведска и Чешка.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес е денот и редно е швабите да платат и со испаѓање од групата... Единствен пех е доколку победиме ги елиминираме швабите и не носиме бодови од нив во втора фаза така што ќе мораме и со Чешка да извојуваме победа. Но за тоа потоа, денес одиме на победа!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.662
Поени од реакции
35.301
Денес ќе присуствувале во Ниш првите луѓе на Европската ракометна федерација Тор Лијан (претседател) и Михаел Видерер (генерален секретар), да го следат натпреварот Македонија - Германија ,,, можеби сакаат да видат како се навива и како се остава срцето на терен, или пак третата опција во игра, да не се дозволи Германија да испадне уште во првиот круг, реално Германските телевизии и спонзори вртат милиони во минута и овој турнир е голем бизнис за нив, каде што милиони луѓе го следат германскиот тим, несакам да верувам дека нечесните игри ќе испливаат на површина,
Сакам да верувам дека ќе не остават на мира спортски да покажаме колку можеме, или спортски да подадеме рака дека чесно сме изгубиле.Сме играле и против судии и со силни тимови, но сме покажале дека можеме.
Кога можевме да ја победиме една Литванија пред 15,000 гледачи + земја домакин, зошто да не можеме да ја победиме една Германија, во спортот е се можно,, нашите момци со срцето на терен, со поддршка на публиката и со желбата на светот да им покажат која е Македонија ќе изгинат на терен вечерва.

СРЕЌНО МАКЕДОНИЈО

ЗА КОГО !!!!!!!!!! ЗА МАКЕДОНИЈААААААААААААААААААААААААА
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom