Зошто претпоставуваш само ѓеј? Можеби ќе биде навивач или “немирен дечко“...и во случај некој ден да ти заѕвонат на врата од полиција со известување “госпоѓо Пума дали особа икс е вашиот син? Жалам но имаме лоши вести“...
Дадов пример, а моето дете нема да биде девијантно, зошто немам намера да раѓам деца кога не сум способна и да ги воспитам. Геј го дадов како пример, а навивањето и урлањето по улици е строго забрането за моите блиски личности, и да, дискриминирам (да речеме) навивачи, макар и кога се касапат ради македонштината.
Е сега, да претпоставиме дека моето дете е навивач и тепа хомосексуалци, ,,кремци,,, некој од друга националност по улици, зошто да се чудам ако еден ден го изеде на свој грб? Како мајка, како соседка, пријателка или што и да сум на таа личност, ќе ми биде жал, но што си сеел тоа и ќе жнееш.
Никој не заслужува да биде тепан, малтретиран, но јас не ги сакам тие ликови на улица, што сакаат нека им прават, само да ги тргнат, на ист начин како што повеќето душебрижници во Македонија сакаат да ги тргнат уличните кучиња во стационар. Сосема исто.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 02:03 ---
а што правел? Што правел што било причина за да го убијат?Знаеш ли?Како се осудуваш да коментираш дали заслужувал ќутек коа никој не знае зашто е тепан и дали правел проблеми вечерта..Али и ти мора да си ја одработиш платата нели,па логички е да застанеш на страната на владата.Иако немаш појма што се десило.
Зашто никој не ги провери камерите..што мислите бе сите сме абдали тука..баш тој ден не работеле,жими куров..Некој си спие на тоа уво дека сите у македонија се глупи,што не е далеку од вистината..Ама камери има на секој чекор у центар на град и баш тогаш не работеле.Немој не ме радуј.
Ај полека, смири хормони, земи воздух.
Никаде не напишав дека заслужил ќутек, го напишав спротивното токму во тој пост кој ти го цитираше. Второ, можеш до задутре да јадеш бубрези за кого јас работам и дали работам, ако некој размислува поинаку од тебе, веднаш е ,,партиски вработен,,.
Трето, качување на сцена на која е премиерот кој е штотуку изгласан, во секоја земја ќе се смета за потенцијална опасност (можност од атентат). Според сите ваши муабети, заклучокот е дека пробал да се поздрави со премиерот, а тоа и дете од 5 години знае дека не смее во таква ситуација. Ниту ти немаш поим што се десило, не знаеш, па само мрчиш за човекови права, да си бил таму и да си видел, требаше во суд да сведочиш, а не на Кајгана. И баш ми е гајле колку е Спасов видовен, и колку Мартин невин, во државава и во светот има посериозни работи од тоа, на пример мене повеќе ме загрижуваат големоалбанските интереси отколку накурчен џандар и непримерен младич, и да, пре би ја задржала Гордана иако погрешила, отколку да ја отстранам и донесам некој друг ,,абдал,, што ќе ми ги тргне полицајците од улица.
Никој не беше, никој не виде, никој ништо не чу, а сите знаете..... што не отидовте во суд да помогнете да се пресуди на ,,сите вмешани,,... А да, и да не заборавам, што ви вети Шеќерка за денес да се дерете по улица?
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 02:05 ---
Имал и добри страни? Секако, апсолутно зло инкарнирано во една личност немало до сега, Адолф на пример бил веган, голем љубител и заштитник на животни, не пушел и не пиел...што не верувам дека ќе му послужело како олеснителна околност доколку бил фатен од припадниците на првиот белоруски фронт...
Или Џек Мевосек? Може бил сwцка во слободно време, меѓу две “забави“...
Кутрите...
На пример, Мајка Тереза доби Нобелова награда за мир, а нејзината пропаганда дирекно ги загрозуваше правата на жените. Јебига, ништо не е во две нијанси само.......
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 02:07 ---
Детето немало нападнато досега човек, што значи дали ќе нападнел во иднина или не тоа не го знаеш можеш само да шпекулираш.А од каде знам дали он нападнал или не нападнал луѓе, не е важно, важно е дека знам и тоа подобро од тебе.Затоа не ти, било кој да ми пишува не може да ме разубеди дека детето беше способно да напаѓа луѓе.
Да, правеше лоши работи и самата полиција го разоткри тоа зошто така го пронајдоа неговиот идентитет, но до таа мера да напаѓа некој и да претепува некого тоа не.
И што ми значи мене тоа дал нападнал или не некого до сега? Од каде јас да го знам тоа, ако го видам на улица? Тие деца, ги ставам во ист кош, ги сакам подалеку од мене. Ама зошто живееме во демократија, се слободни и шеткаат по улица. Нема потреба да се убијат, само да ги опаметат малку. Секој кој е девијантна личност е потенцијална опасност. Кога ќе видиш куче на улица, не знаеш дали ќе те касне или ќе се погали со тебе. Превентивно, не му се приближуваш.