Па види, пак ќе кажам. Мене полиција не ми правела проблем, а да, алфи ме имаат тресено и тоа добро. Ама знаеш, тие алфи имаат работа со луѓе кои заслужуваат мн повеќе од ќутек. Никаде не кажав дека е во ред нивното однесување во целина, но во принцип, ако е целта доволно добра, ги оправдувам. За неупатените, во 2001 имаше ,,фронт,, во Гази Баба, и добри 7-8 години подоцна не можевме слободно да се прошетаме, сама не ми текнуваше да се приближам, а пораснав практично качена на тие дрва. Живеејќи на само 50 метри од истиот парк, имав можност да се изнагледам дилање, а да не зборувам за проституцијата - се знаеше комбенцето во 11-12 навечер, и ако случајно се најдеш во нивна близина, глеј во друг правец. Е моментално, тоа не им е баш лесно, 24/7 има полиција минативе 3-4 години. Јас сум многу благодарна зошто живеам многу побезбедно него било кога. Да не зборувам за константните напади од страна на албанските жители во соседни Топанско, Бутел и Чаир, уривањето и палењето на крстот кој е тука, испишувањето на националистичките и предупредувачки пораки, подметнувањето пожари. Денес кучето сама го шетам во 6 сабајле. Порано не можев.
И зошто мислиш дека двајца девијантни граѓани на оваа држава ќе ме натераат да се откажам од тоа? Алфите какви сака нека се, нивните средства ја оправдуваат мојата цел. И ич не ми е гајле за навивачите према кои биле ,,сурови,, јас и онака не ги поднесувам истите.
А контрола мора да се има, но министерката е сосема на место, барем за она што јас го очекувам од министер за внатрешни работи.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 01:01 ---
Мартин не заслужил смрт, Спасов не заслужил да биде насанкан од цело МВР и од оние со кои си чуваа грб еден на друг до вчера. Животот е неправден, Спасов ќе го јаде за сите, другите со ,,ситно криминално досие,, ќе бидат повнимателни, и животот ќе продолжи понатаму. И да, барем јас имам потреба да го спомнам неговото досие, сепак не ми е јасно зошто мене, или другарка ми Спасов не не расчука, а добро му стоевме на патот.... едноставно не тргна и си ја вршеше должноста во тој момент. Не го оправдувам во никој случај, исто како што не верувам дека целта му била да го убие Мартин. Сепак го убил, и сепак ќе лежи за него. И исто така, нема потреба да го правиме дечкото светец само затоа што е мртов, мислам, 3 дена ни другари, ни семејство се посомнева дека е тој убиениот на плоштад. Јас не сакам да ја гледам само површината, и нема.