Одиме со предлог типови од ракомет....
Ќе дадам предлози за сите мечеви од првото коло...па ако бендиса некој нешто нека проба...
Прво коло е,тешки нозе,па треба да се оди претпазливо со тие
100% сигурно дојавиp.s.НЕМА НИШТО СИГУРНО....
Ќе почнам со нашата група...
Шведска-Македонија-хен 2
Просечнио хендикеп по нашите кладилници е Шведска да не добие со 5 разлика..
Моите коефициенти и разлики за хендикеп се од Депортиво...
Македонија има сила да даде добра утакмица,реално гледано Швеѓаните се соочуваат со многу откази,повреди.....
Одиграа повеќе контролни мечеви од нас,имаат повеќе играчи шо играат во силни лиги,но ние имаме своја публика таму....
Па би требало да се држиме,и во случај на пораз(не дај боже)мислам дека ќе изгубиме тесно....
Иако на првите мечеви секогаш сме слаби,сепак сега е друга ситуација,нашите главни играчи се во зенитот на својата кариера..сега е шансата...
Германија-Чешка минус 53 голови..
Дуел на две физички робусни репрезентации,посебно се однесува за Германците....
Германците имаа/т смена на генерации,веќе ги немаат тие бундес-супер звезди шо даваа по 10 гола на меч...
Не се воиграни доволно сеуште.но ја имаат онаа стара одлика од на времето-
ОДБРАНАТА....
Чесите-како никогаш досега не биле толку спремни,многу играчи им играат во Бундес Лига,го знаат германскиот менталитет.....
И тие играат јака одбрана,а во напад се знае,се чека разбивачот Јиха да проработи,но сега против себе ќе ги има двометрашите на чело со специјалистот за одбрана на Швабите Оливер Рогиш..
Очекувам тесен меч со малку голови......не би ја играл на конечен.....
Србија-Полска....овде одам похрабро 1...
Иако Полска е страшна репрезентација,имаат еден куп врвни ракометари-сепак два играчи од тој дрим тим-голманот Шмал и десниот бек Марцин Лијевски нема да играат на ова ЕП....
Ова се врвни ракометари-без нив и со нив Полска не е истата репрезетација....
Србите,домаќини,го имаат можеби моментално најдобриот десен бек во светот Марко Вујин,го имаат Илиќ од Кил,средниот бек Шешум,зверот Станиќ на голот.....ова се главните адути,+публиката....
Очекувам отворање со победа на Србите...ако веќе сакаат да пренесат бодови во вториот круг ќе мора да добијат денес,зошто наредниот меч го играат со супермоќната Данска....
Данска-Словачка-1 како планина...