ЕП во ракомет 2012 - група Б (Ниш)

Кој три репрезентации ќе одат во втората фаза?


  • Вкупно гласачи
    193
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Ауу овја чесиве ќе прават проблеми у групава
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не беа Чесиве толку силни, колку што играа Германцине брзоплето. Онолку неизградени шутеви одамна немам видено.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Germanija e mnogu slaba, dzabe nekoj vikashe deka Genshajmer i Hens bile dobri, samo shto u druga faza ke gi isturkaat sudiite. Se plasham deka ke bide na nasha smetka.
 

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Германците греф е да се гледаат :tapp:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.369
Вака ако играт Германците како денес, ќе ги тепаме со +5 !!!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Германија немат бек ко Андерсон, но затоа и Хенс и Гландорф се добри играчи, ама не би требало многу проблеми да праат. Страв ми е само од Клајн и од Генцшајмер. Нерешеново им даде мотив на нашите, таков пресврт праат само големи репрезентации, ќе ги тепаме Германите. Него, досега океј судење имаше, што е чудно. Против Германија ќе играме и против судиите.

Него расплет што ни одговара нам. Со две победи одиме со 3 поени понатаму. Со една победа одиме со 1 бод понатаму. Пошо Шведска секако ќе одит во друг круг. Мислам дека ние и Шведска ќе имаме по 3 бода а Чешка ниеден. Со 3 бода понатаму имаме шанси за подобар пласман.

Него, дали има четвртфинале како на европското во баскет или директно полуфинале?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
Него, дали има четвртфинале како на европското во баскет или директно полуфинале?
Директно полуфинале.

Многу ни одговара и што вкрстуваме со А групата во која се наоѓаат Данска, Србија, Полска и Словачка. Реално гледано таа е најлесна група од останатите. Но, прво да ја завршиме тука работата, па после ќе му ја мислиме за другите.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
Хејнветер е ужас.. кирцата го полнеше кога играа во лига на шампиони.. и дали еднаш го прочита на која страна пуца..да дае господ со нас топка да не фане.. :D
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.369
Ги гледав денес Германија - Чешка чорба се Германците !!!! ЧОРБА !!! Сигурно ќе ги тепаме...
Не е та Германија шо беше...Овие се послаби и од Светското во Хрватска шо беше...
Единствено јако му е голманчето, тој убај топки фати...
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Ги гледав денес Германија - Чешка чорба се Германците !!!! ЧОРБА !!! Сигурно ќе ги тепаме...
Не е та Германија шо беше...Овие се послаби и од Светското во Хрватска шо беше...
Единствено јако му е голманчето, тој убај топки фати...
Премногу оптимистички е ова твоето :) Знаеш како велат, големите очекувања водат кон големи разочарувања. Нормално дека секој од нас сака победа (не верувам дека има македонец што не го посакува тоа), меѓутоа за претстојаниот натпревар треба да бидеме пореални во очекувањата. Покажавме дека и ние имаме квалитет,дека можеме да играме против големи репрезентации, публиката е со нас, самите играчи кажаа дека се чувствувале исто како да играат на домашен терен, но сепак не смееме да заборавиме дека играме против кого играме (посебно па и овој денешниов пораз верувам дека ќе ги присили германците да играат доста отворено и без многу калкулации).
 
N

Nicky Santoro

Гостин
работава е што сите залетувате дека германците со нас ќе играат исто вака
што ако се подобрат? не залетувајте така одма ;)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Според тоа што го видов денес, нашата шанса е кај Германците. Но, дури и да изгубиме од нив, секогаш постои шанса да ги „земеме“ Чесите.
Германците ја прикажаа најслабата игра што некогаш сум ја видел, додека Чесите беа некаде на ниво со Швеѓаните, можеби подобри.

Доста разговори за натпреварот со Шведска, тој е минато веќе. Алушовски изигра ѕверски (ич не му замерувам за пречката, се случува), Номче стандард борбено, Борко бранеше на ниво и ја врати екипата во игра во неколку наврати. Лазаров се „искурчи“ во неколку ситуации кога требаше највеќе да погоди, а и премногу солираше и не ја оставаше играта да заврши кај другите играчи. Исто така, имаше еден избрзан шут во последната минута кога имавме напад и нерешен резултат. Мој впечаток е дека сите акции повторувани 10000 пати ги заборавија по првиот свиреж на судијата. Не се играа уиграни комбинации, претежно се зависеше од индивидуалната способност на нашите ракометари. Поради тоа, прокоцкавме 3 бода.

Top of the match: Наумче Мојсовски, Стевче Алушовски
Flop of the match: Бранче Ангелковски (очекував многу повеќе)

Публиката беше одлична и навиваше до последен здив. Не знам шо се слушна и виде на ТВ, ама атмосферата во салата беше лудило.
Добро, со исклучок на неколку манекени и девојчиња кои цел натпревар го поминаа затворајќи уши поради големата галама :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вчера онаа игра на Германците беше очајна. Прво Германците за разлика од Чесите и Швеѓаните (со Додер) се многу спори на центарска позиција. Едноставно недоволно добри во нападот, па секоја втора акција мораа со шут да ја завршуваат. Чесите одиграа многу побрз ракомет од Германците, искористија простор пред се на крилни позиции и во никој случај не дозволија да примат лесни и брзи голови. Јиха кога игра добро ја имаат потребната свежина и одлично се вклопуваат другите играчи. Мислам дека Германија ја има една од најслабите екипи низ нивната историја и овој резлутат воопшто не е случаен, истото ќе се потврди на наредните мечеви.
 
А

Анноун

Гостин
Германија - Македонија 1.45 (1) 10 (x) 3.40 (2)

пак не сметаат за аутсајдери :pos: . ако ако , ни одговара вака.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom