Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Публикава на поправен. Сериозно, толку перчење ова она, на крај штама. Срамота.

Искрено не сум задоволна со нерешено и жалам што морам да кажам но Кире ме разочара. Или целосно го прочитале како играч или се изгуби, ќе покажат наредните натпревари.

Инаку браво за Борко. Одлично бранеше.

Потполно се согласувам, леле како сум се нервирал, нигде ги немаше.
Толку фалење и перчење и на крај ништо. Треба да се има подобра организација за вакви случувања.
Прати цела нвивачка група, па да видиме после. Ќе пеат и викаат цела вечер ако треба.
 
Доволно е сепак ова за Македонија ...
Искуството си беше на страна на Шведска , немавме многу шутеви од 9-10 м сите ни беа од 7-8 така да :tapp:
3-4 клучни пенали промашивме и толку е ... се очекуваше тесен резултат па најреално е ова повеќе среќа понатака. Повеќе од сигурен сум дека сигурни ни се победите против Германија и Чешка :vozbud:
 
Колку бевме блиску до победа,толку бевме и далеку.Најреален резултат е нерешено,сепак играме со ракометна велесила.Наредниот натпревар со подобар Кире до 2 бода
 
Главните играчи не ни функционираа како што треба.Не дека критикувам,таман работа,дечкиве ме направија горд повторно,иако не победија.
Борко иако имаше доста одбрани,мислам дека не избрани баш како што треба.Може и мора тој многу подобро.
Наумче се разигра на крај,а капитенот Лазаров беше некако индиспониран,не знам зошто.Ама ќе распукаат осеќам двајцата со Германија.

И една забелешка само.Не смее Миркуловски да игра во одбрана,не смее.Прави фаули и го исклучуваат.Филип е одличен во напад,не е за во одбрана ич.

Не ми е криво ич,уште еднаш ќе кажам,изгинаа момциве,али можевме да ги тепаме за инает овие мајмуниве,што се бунеа кај судиите за секоја нивна одлука,бетер од играчине на Барселона се.

Околу навивачите што беа во салата.Не сакам некој да ми замери,али повеќе од половина се обични кремци и ашљаци,кои нашле карти на вересија и отишле да ги промовираат новите коли во Ниш.
Топло-ладно беа.Па со олку луѓе треба салата да гори.Да имаат другиве балкански држави олку луѓе во сала,имаше да ја запалат,нашиве некако слабо.

Елена Велевска,Владо Бучковски,кој курац бре.Па и ВМРО-ско знаме имаше на трибини.Ве молам,политиката не ја мешајте барем еднаш во спортот,ве молам.
Носете се у три лепе пизду материне со партиските обележја.
И навивачи треба да грмат таму,да пејат песни,да свират на противнички напади.Нашиве неколку пати ја почнаа Излези момче и Едно име имаме и толку.
Има и други песни,па и да нема барем другиве пејте ги цел натпревар.

Е тоа.Единствена забелешка ми е само за публиката,другото си е на место горе-доле.
Германија ќе го папа цел,тоа сум сигурен,а и Чесите ќе влезат во бубањот кога ќе се разигра нашата машинерија.

п.с Нема потреба да ги спомнуваме ''клетите Албанци''кога ја бодриме Македонија.Глупаво е.
 
ponatamu.jpg
 
треба да бидеме презадоволни со овој бод,зошто и тој ни е многу по прикажаното денес.......Шведска е врвна репрезентација и ако сакаме да се надигруваме со такви треба многу повеќе да прикажеме од она што бидна вечерва - А МОЖЕМЕ !!!

најголем хендикеп ни е што немаме вистински кормилар кој ќе го крене тимот во вакви тешки моменти,колку што видов на последниот тајмаут зборуваше Миркуловски,а не Шундовски :facepalm:
 
Публиката ги фати театарска треска, ало бе јас дома од пред телевизор бев погласен. Судиите пак малце не сјебаа али ајде нека им биде. Лазаров не беше на ниво(читај промашени пенали и избрзани шутеви) ама затоа со Германија 8+ ќе има и грешките ќе ги сведе на минимум.
Миркуловски :cuc:
 
Некако само од публиката сум разочаран.
Лазаров да се надеваме дека не му беше денот, Стоилов - Алушевски - Мојсоски ЅВЕРИШТА!
Горчливи 26-26 :unsure: Ама одиме понатака без откажување!
 
Да ги оставиме да се средат и концентрираат на следните натпревари, ги мрднавме психички дечките, големи очекувања имаме како нација, медиумите бараат успеси како кошаркарите, контра ефект само ќе се постигне, тие што навиваа беа само за на балет оревокршачка да ја гледаат. Верувам во дечкиве, ќе дадат се од себе. Со Шведска нерешено за мене е успех.
 
Публиката ги фати театарска треска, ало бе јас дома од пред телевизор бев погласен. Судиите пак малце не сјебаа али ајде нека им биде. Лазаров не беше на ниво ама затоа со Германија 8+ ќе има.
Миркуловски :cuc:
Миркуловски игра перфектна игра и го влече целиот тим на специјален начин - кога треба простор..кога треба пенал...
итн.
Секоја чест за играчов.
 
Навивачиве изгледа се истрошија со пеење на загревање, во второ полувреме нигде ги немаше да бодрат.
 
А знамето кај беше денес? Нели дозволија да биде внесено?
 
Добро бе што сакате, отишле луѓе кои сакаат да си гледаат ракомет, малку беа отидени прави навивачи, кои можат да пеат цела утакмица. Што се однесува на играта, срце оставија на терен, и бод против Шведска е успех (иако имавме шанси да ги тепаме). И читам сеа Кире вака Кире онака, ќе видите дека сите ќе ве демантира, и ќе се покаже во онаа форма во која го знаеме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom