Џандар Збира - Повторно! (Канал 5)

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување
Со враќањево на шоуво само се докажува у која шит фаза се нашиве телевизии и нивната неинвентивност и немањето имагинација. Марко сеа е ко Ешто Качер така?

П.с Ко веќе се исполнуваат желби јас би сакал Водени лудории да ги вратат Ок :) Али со се Сидорф и наочарата и Студени Нозе у базенТ.
Дац беше како Качер, овој Марко ќе биде како продолжението на Беверли Хилс 90210 :)
Сите спомнувате квиз - јас го доживував Џандар Збира како шоу, како добра забава. Наградите беа второстепена работа, публиката се забавуваше, имаше смеа и се тоа... ова не верувам дека може и приближно да се доближи ама да почекаме...

А за водени лудории, јака беше оригиналната верзија во која учествуваа 5-6 земји на времето... после нашите направија нешто во олимписки и не беше ич добро (игрите беа неинвентивни и полошо, учесниците беа катастрофа) ама се фати некое време на популарноста на оригиналот.
 
јас малце ја имам подзаборавено играва како одеше. ај на некој ако му текнува нека каже
 
17 и 15 ЏАНДАР ЗБИРА​

таман после се префрламе на ракометот

19 и 25 ШВЕДСКА -МАКЕДОНИЈА РАКОМЕТ
 
Џандар Збира со нов водител на Канал 5

Сабота, 14 Јануари 2012 08:00

dzadarzbi.gif
Се враќа некогаш многу познатото шоу Џандар збира, кое во деведесетите години се емитуваше на МТВ. На 15 јануари во живо од Универзална сала, започнува првата емисија Џандар Збира, која ќе се емитува на Канал 5 со почеток нешто по 17 часот.

Желбите на гледачите да го видат повторно Игор Џамбазов како водител на Џандар Збира веројатно нема да се исполнат. Новиот водител ќе биде Марко Новевски.
Емисијата ќе биде речиси со ист концепт каква што се сеќаваме, ќе се доделува и автомобил Сеат.
Какво ќе биде сценариото:
ПРВАТА ИГРА
Извлечените натпреварувачи од публика ставаат на себе специјална облека и претставуваат 4 Џандари, И се местат од лево на десно, Срце Каро Пик и Треф.
Четворицата натпреварувачи застануваат позади пултовите. Реедоследод на застанување е кој прв е извлечен. Марко почнува со првиот од лево, односно првиот извлечен натпреварувач. Треба да одбере боја на ЏАНДАР. Тој Џандар кој е одбран и кој се наогја на лице одбрано од публика, се врти за 180 степени. Позади има две полиња. Марко го прашува натпреварувачот кое поле го одбира, доле или горе. На пример поле Горе. Марко го отвара полето и се појавува на слика кој а награда е и кое прашање. Ако одговри точно ја добива наградата, и Марко го прашува дали оди на другото поле. Ако одговори точно и на другото поле, натпреварувачот ги зема двете награди. Ако одговори неточно на првото поле, односно на првото поставено прашање – ги губи двете нагрaди, ако одговори точно на првото поле, може да се откаже од одговарање на второто поле. Ако на одговорено точно прво прашање, и одговорено неточно на второто прашање, натпреварувачот ги губи двете награди. Ви сите случаи на недобивање на награди, наградите одат кај лицето што ја носи облеката, односно лицето што е извлечено од публика. На ред е вториот натпреварувач и по истиот принцип се завршува со четвртиот натпреварувач.
ВТОРА ИГРА
За втората игра е изработен елемент со 12 полиња. Позади 6 полиња се наоѓаат 6 џандари, и зад секој ѓандар се наоѓа и една награда. Односно натпреаврувачот ја добива таа награда без да одговори на прашање. Позади другите 6 полиња се наоѓаат 6 прашања со по две награди. Помалку вредна и повеке вредна награда. На секое точно одгворено прашање натпреварувачот ја добива повредната награда. На неточно одговорено прашање, натпреварувачот не добива награда. Сите награди, помалки и повеке вредни што ке останат од втората игра, ги добиваат извлечени лица од купони од Огласник М кои се влечат веднаш по завршеток на втората игра.
ТРЕТА ИГРА
КАБИНА со ПАРИ.
Секој наптреварувач влегува во кабината. Во кабината на дното има вкупно 100.000 денари во апоени од 500 и 1000 денари. Натпреварувачите влегуваат еден по еден во кабината по редослед како што се отпочеток наредени. Во меѓувреме се бираат лица од ложа кои ке им помагаат на натпреварувачите. Влегува првиот натпреварувач. Се уклучува вентилатор кој ги дига парите, односно парите почнуваат да летаат. Избраното лице се мести пред отворот од кабината низ кој натпреварувачот треба да ги исфрли парите надвор. На знак на ВОДИТЕЛОТ со штоперка во рака, натпреавуравочот почнува да ги фаќа парите. Се што ќе фати, треба да ги исфрли низ отворот, а лицето од надворешната страна треба да ги фати. Времтраење на исфрлање пари е 30 секунди. Марко го прати времето, и по изминување на 30 секунди, ја стопира играта. Натрпеварувачот излегува од кабината, а Марко ги зема парите од лицето што ги има фатено парите. На ПУЛТОТ пред цела публика и камери ги брои прите по вредност. Така е за сите натпреварувачи, односно тој што ке извади најмногу пари, истите ги добива на кредитна картичка, и оди во ФИНАЛЕ.
ФИНАЛЕ
Финалето е на четири емисии. Четворица финалисти од четири емисии се натпреваруваат во секоја четврта емисија. Тоа значи дека секоја четврта емисија ќе биде подолга за 15 минути.
На сцена има 4 автомобили. Со 4 апаратчиња за мерење притисок се мери кој има наголем притисок од натпреварувачите. Тој што има најголем притисок, тој прв бира клуч од 4 клуча. И така по тој редослед сите финалисти бираат клуч. По избирање на клуч, секој од натпореварувачите по редослед на избран финалист бираат автомобил, секој седнува во автомобилот. На знак на МАРКО, секој го става клучот во автомобилот и го пали возилото. Ако некое од возилото запали, истиот натпреварувач чиј автомобил запалил, е добитник на возилото.

--- надополнето: Jan 15, 2012 3:16 AM ---
Карта за Универзална е 100 денари.
 
Не постои суштество што повеќе ме иритира од Марко Дај побрзај. Уствари со Марјан Ѓорѓиевски ми се на исто рамниште по антипатија:sick:
 
Како се пријавуваат учесниците?
 
Немаше жар шоуто ако може така да се нарече, со Игор беше подобро, знае човекот да направи атмосфера.
А наградите беа посебна прича за себе, 6 месеци обезбедување од агенција :tapp: :tapp: :tapp:
 
Врв беше типот од Богданци што благе везе немаше, а отиде во финале.
Која бламажа... :facepalm:
 
Незнам дали постои олку глупав народ, типот се возбудува, добива награда сајзер или гитара, а прашањето кое гласи:

Што е симпозиум?

Кога СИМО позира
Кога се позира
Научен собир

И кое од ова е точно? Со мижење ќе го погоди точното, а овој вика Кога симо позира.....:facepalm::facepalm::facepalm:


Другиот, за мадона:

Како певица
Како девица
Како лавица

И одма логиката треба да му работи тука, вика како е името на песната, мадона - не е македонка, нема македонска песна туку англиска, веднаш претвори ги зборовите на англиски,
Like a singer
Like a virgin
Like a lion

Од самото ова сигурно го има слушнато негде “like a virgin" ќе му асоцираше што сака да кажи, овој од прва “Певица?“

Е стварно таленти постоеле...
 
Врв беше типот од Богданци што благе везе немаше, а отиде во финале.
Која бламажа... :facepalm:

Екатерина Велика била:

Великодушна
Голема
Руска кралица

Хитот на Мадона од 1992 е:

Како девица
Како певица
Како лавица

:pos::pos::pos::pos::pos:

Незнам дали постои олку глупав народ, типот се возбудува, добива награда сајзер или гитара, а прашањето кое гласи:

Што е симпозиум?

Кога СИМО позира
Кога се позира
Научен собир

И кое од ова е точно? Со мижење ќе го погоди точното, а овој вика Кога симо позира.....:facepalm::facepalm::facepalm:


Мислам дека ова беше прашањето што типот намерно го утна за да ја добие другата награда. :)
 
Мислам дека ова беше прашањето што типот намерно го утна за да ја добие другата награда. :)

Баш во тој момент кафе варев и не го слушнав целосно што е поентата а и не го гледав од почеток.Е сеа рече, пошто имам гитара, валјда би требало да игра за сајзер, а дали намерно да го утни да добие сајзер или ако погоди да добие гитара појма неам како иди, ако знајш појасни го да не мора да го пцујам:)))
 
Игор е комплето отупен, и веќе ми е досаден... Незнам зошто им даваат на водителите слободно да се дерат и да урлаат кога наместо тоа можат да внесат повеќе музика и ефекти. ;)
Ова е единствениот квиз/шоу кој самите сме си го измислиле, се друго копираме т.е откупуваме лиценци, и кога сето тоа кај нас ќе се оствари мене ми изгледа на :гомце: па дури и во споредба со блгарски ајдол.
Џандар збира го паметам како убаво шоу, забава, и добри награди. Преѓе малку фатив од шоуто, Марче би рекол просечен, наградите горе долу добри... кога ќе ги споредиш со тркало на среќата и слични квизови/шоуа тогаш се таман...
Прашањата беа боза, ама затупени луѓе ги земаат... Како се викал хитот на Мадона од 92ра: Како певица, Како девица, Како лавица... И батето како певица :eek: :вонзем:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom