Изгледот пред карактерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Па го објасни спротивното од тоа што јас го кажав, ако бараше само потврден или негативен одговор на твоето прашање?:)
Не барав потврда на она кое што го потенцирав, напротив. Оечкував коментар кој што би го негирал она кое што го тврдам, затоа што ова е форум и дебата. Неопходно е да има спротиставени мислења за да ја има дебатата како таква. :)
Но во ред е. Мислам дека се разбравме.
 
Мислам дека не се разбравме, ама нема врска.:)
 
Кога зборуваме за физичката перцепција според мене не е фер да се издигнува само својството на визуелизација...човекот е и сетилно суштество.Боја на глас,гестикулација,мирис...индивидуално и овие работи се привлечни-барем за мене.Мислам дека клучна улога имаат намерата и потребата во одредување на партнерот.Ако имаш намера да најдеш потенцијален партнер на долгорочен план тогаш свеста ти вели дека ти треба време да го запознаеш и да го проучиш а заљубувањето е процес кој ќе си дојде сам по себе.(пример за тоа можат да бидат и многу долгогодишни пријателства кои преминуваат во љубов и да,јас сум од оние кои не веруваат во љубов на прв поглед-за мене треба да помине уште еднаш и тоа преку сито и решето за да биде со мене на подолго време).:) Ако имаш потреба да најдеш партнер само за една вечер и за да си ги задоволите сексуалните потреби тогаш сувишен е секаков коментар во врска со карактерот кога инстантно преовладува сексуалната хемија и привлечност (нема вајда да го цитираме Сократ во кревет).
 
Тука најмногу се мешаат жаби и баби. „Читањето“ на намерите е ептен тешко. Иначе го делам мислењето со тебе, за Вистинска Љубов да се случи, потребно е време. Потребно е запознавање. Има интересно видување во Кур'анот на оваа тема : „Нема човек без маани. При избирање на својот партнер, го бирате оној чији што маани најмалку ви сметаат.“ Водејќи се од цитатов, сфатив дека бесцелно е да барам „совршенство“ - секој е совршен на свој начин. Just find a way to deal with it!
 
izgledot za da ja posakam... karakterot za da ja socuvam...

bejbifejs, neznicka i poslusna devojka e top opcija
 
Најдобра опција! :)
Ама не се врзувам многу за изгледот, може да се разочарам еден ден...
Овака барем ќе можеме да се убиеме од дискусии :)
А што ако на тој “генијалец“ некогаш му опадне мозочната актвност? Еве, не дај Боже, еден ден се здобие со некое ментално нарушување? Ќе го замениш со нов дискутант?

Јас, искрено, не гледам разлика меѓу двата критериума: потрага по добро лице и потрага по “добар“ мозок. И едниот и другиот ми се подеднакво “материјални“ :confused: (Да не бидам разбрана погрешно, не дека сум против овој избор или вкусовите, потребите...)
 
Во право си, но јас ни во тој случај нема да ја заменам личноста со која сум одлучила да бидам.
Интелигенцијата ми е еден од приоритетите кога одлучувам да бидам со личност, но знам дека и таа е минлива.Јасно дека овие работи се подеднакво материјални, ама и темата е баш за тоа, избор помеѓу тие две.
Ако и се случи било каков хендикеп на личноста со која сакам да бидам, не значи дека ќе ја оставам. Знам каква била таа личност пред тоа и што има во себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom