Евентуален напад на Иран!? – дали, кој, зошто, како?

B

Borg_Drone

Гостин
Многу пари на САД им бегаат за одржување на базите во светот, дел од нив се навистина непотребни, како пример оние во Германија. Од што се плашат, дека Германците пак ќе направат светска војна? :)
Навистина и еден воен напад би чинел доста, но не е некаков луксуз што не можат да си го дозволат.

Од гледна точка на глобална доминација, Кинезите се многу далеку. САД имаат војски во Кореја, Тајван, Јапонија, Авганистан, земји што се граничат или се во непосредба близина на Кина.

Технолошки... Кинезите се сеуште зависни од Русија, барем во поглед на авионските мотори.
Стелт фајтерот... најверојатно нема да им биде готов пред 2020, а и во прашање се неговите технички способности, имајќи предвид историјата на Кинеските воени летала. Американците имаат стелт фајтер уште пред 6 години.

Офанзивната моќ на Кина, не може ни одблиску да се мери со таа на САД. Тука може да ги спомнеме само бомбардерите и се е јасно. :)
А зошто тогаш го концентрираат вниманието во тој дел со војската.Ги зголемуваат трупите во непосредна близина на Кина.
Не велам дека Кинезите се технолошки понапредни од Американците, но претставуваат закана.И те каква закана.Стелт фајтерот прво не може да се земе под лупа зошто никој не ги ни знае неговите способности, Кинезите тие способности ги чуваат како строго доверлива тајна.Некои американски аналитичари даваа теории дека тие се далеку поназад на тоа поле, но сепак тоа се само теории, докази немаат.
Кинезите се зависни од Русите, ама и Русите се зависни од Кинезите.Тоа е како синџир.Русите не можат сами против Американците и против алијанса која ги опкружува сите нејзини граници.
Воен напад на Иран не е возможен.Да беше возможен ќе нападнеа уште одамна Американците.Но не е.Дали е поради армијата или поради трошковите можеме само да шпекулираме, но со оглед на тоа дека се повлекуваат и воведуваат нова штедна програма ќе да е второто.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Иран е поголем проблем од Либија и од Ирак.Но, можат да ги срамнат без проблем.Само финансиите сега во моментов не им дозволуваат.Финансиите претставуваат проблем.Они ќе се откажат веќе од способноста да водат две војни.И тие две војни се водеа веќе десет години.За десет години доста го исцицаа нивниот буџет.Мора да штедат, а да нападнат сега некого тоа би ги уништило финансиски да бидеме реални.Само што ако го блокираат теснецот ќе бидат приморани да нападнат зошто една блокада би им донела поголема штета на нив и на цел западен свет.
Американците прават грешка што ги предизвикуваат Кинезите.Кинезите можат врз база на тоа да го продлабочат пријателството со Русите.Сега вниманието го концентрираат Американците на Кинезите.Нов стелт-авион имаат Кинезите, и масивно се наоружуваат.Али желба за доминација, само колку и да се обидуваат Американците џабе им е, со Кина не можат.Кинезите одат напред и никој не може да ги спречи.

Патем зошто секоја дискусија кога се води (не се однесува лично на тебе) мора да завршува со славни клипови од еби-ветар паради исполнети со кловнови и разноразни покемон животни и тоа како иранската армија е јака зошто го лижела каменот каде мочал Господ лично? Ај факти малку.....
Финансиите им дозволуваат, долгите герилски војни нив ги исцрпуваат, Либија не беше никаков проблем затоа што немаше окупација.
Околу буџетот:
The FY 2012 budget requests a total of $676 billion for the Department of Defense (DoD). The base budget for DoD includes $553 billion in discretionary funding and $5 billion in mandatory funding, and an additional $118 billion is requested for the wars in Afghanistan and Iraq. The budget request also includes $19 billion for defense-related atomic energy programs and $8 billion for defense-related activities in other agencies, bringing the total national defense budget to $703 billion. businessinsider.com

Adjusting for inflation, the level of funding proposed for the base defense budget in the FY 2012 request is the highest level since World War II, surpassing the Cold War peak of $531 billion (in FY 2012 dollars) reached in FY 1985. businessinsider.com
Иран ако проба да го затвори преминот тоа секако би имало последици, но не како 1988 година кога истото тоа проба да го направи. Значи ова не е прв пат, имало веќе таква ситуација, најголем проблем биле мините кои Иран тогаш ги поставил.
Запад е сега во подобра позиција, имаат големи повеќемесечни стратешки резерви кои додека трае интервенцијата можат да ги користат. Потоа сега има изградено нафтоводи со кој би можел во кризниот период да се ублажи проблемот, нафтата се носи до Црвеното море. Намалена е зависноста на светот од Заливската нафта за сметка на други производители, Видов податок дека денес 30 % од нафтата е од заливот, 1988 била многу повеќе...
Иран од своја страна има адут со тоа што можат да му помогнат земји како Венецуела и Русија, значи они можат да му плаќаат на Иран додека би бил блокиран извозот на нафта од Иран, за после кризата Иран да ги врати парите преку својата нафта.
Американците прават грешка што ги предизвикуваат Кинезите.Кинезите можат врз база на тоа да го продлабочат пријателството со Русите.Сега вниманието го концентрираат Американците на Кинезите.Нов стелт-авион имаат Кинезите, и масивно се наоружуваат.Али желба за доминација, само колку и да се обидуваат Американците џабе им е, со Кина не можат.Кинезите одат напред и никој не може да ги спречи.
Кинезите играат многу глупаво со тоа што отворија територијални спорови со својте соседи. Значи Парадоксално е денес еден Виетнам да глада заштитник од Кина во САД. Потоа спорот со Јапонија околу некои острови пак ја зајакна позицијата на САД, Јапонија сега почна да се вооружува, а едно време сакаа да ги затворат базите во Окинава но сега поради Кина потпишаа нов договор. Во Јужна Кореја ќе си останат поради Северна, да не е овој проблем Корејците ќе ги избркаат. Потоа Индија станува нов стратешки партнер на САД...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Финансиите им дозволуваат, долгите герилски војни нив ги исцрпуваат, Либија не беше никаков проблем затоа што немаше окупација.
Околу буџетот:

Иран ако проба да го затвори преминот тоа секако би имало последици, но не како 1988 година кога истото тоа проба да го направи. Значи ова не е прв пат, имало веќе таква ситуација, најголем проблем биле мините кои Иран тогаш ги поставил.
Запад е сега во подобра позиција, имаат големи повеќемесечни стратешки резерви кои додека трае интервенцијата можат да ги користат. Потоа сега има изградено нафтоводи со кој би можел во кризниот период да се ублажи проблемот, нафтата се носи до Црвеното море. Намалена е зависноста на светот од Заливската нафта за сметка на други производители, Видов податок дека денес 30 % од нафтата е од заливот, 1988 била многу повеќе...
Иран од своја страна има адут со тоа што можат да му помогнат земји како Венецуела и Русија, значи они можат да му плаќаат на Иран додека би бил блокиран извозот на нафта од Иран, за после кризата Иран да ги врати парите преку својата нафта.

Четириесет проценти од нафтата е од заливот, не триесет проценти.И во статија за Њујорк Тајмс Обама ја пратил заканата директно до ајатолахот.
Durch die Straße von Hormus gehen rund 40 Prozent des weltweit auf dem Seeweg transportierten Öls.
http://www.spiegel.de/politik/ausland/0,1518,808851,00.html
Инаку дека се во подобра ситуација се во подобра ситуација, со оглед на тоа дека Америка во близина на Иран има распоредено два носачи на авиони со по осумдесет борбени авиони.

USA schicken Flugzeugträger ins Arabische Meer

REUTERS
US-Flugzeugträger "USS Carl Vinson": Einsatz im Arabischen Meer
Offiziell handelt es sich um eine Routinemaßnahme, dennoch dürfte Iran den Schritt der USA genau beobachten: Washington verlegt zwei Flugzeugträger ins Arabische Meer. Teheran hatte zuletzt damit gedroht, die Straße von Hormus zu blockieren.
http://www.spiegel.de/politik/ausland/0,1518,808766,00.html

Веста е пред еден месец, но носачите се сеуште таму.Да го блокираат ќе претставува сериозен проблем, што доволно укажува и заканата на Обама.
Иранците да се паметни нема да го направат тој потег, а ако го направат можат да предизвикаат војна од поголеми размери.
И баш поради исцрпеноста сега не можат да нападнат.Ти пишуваш герилските војни ги исцрпувале.Сега во моментов се исцрпени и мораат да штедат.Затоа и напишав период на хибернација.После тоа пак ќе влезат во акција.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
А зошто тогаш го концентрираат вниманието во тој дел со војската.Ги зголемуваат трупите во непосредна близина на Кина.
Не велам дека Кинезите се технолошки понапредни од Американците, но претставуваат закана.И те каква закана.Стелт фајтерот прво не може да се земе под лупа зошто никој не ги ни знае неговите способности, Кинезите тие способности ги чуваат како строго доверлива тајна.Некои американски аналитичари даваа теории дека тие се далеку поназад на тоа поле, но сепак тоа се само теории, докази немаат.
Кинезите се зависни од Русите, ама и Русите се зависни од Кинезите.Тоа е како синџир.Русите не можат сами против Американците и против алијанса која ги опкружува сите нејзини граници.
Воен напад на Иран не е возможен.Да беше возможен ќе нападнеа уште одамна Американците.Но не е.Дали е поради армијата или поради трошковите можеме само да шпекулираме, но со оглед на тоа дека се повлекуваат и воведуваат нова штедна програма ќе да е второто.
Кинезите се скоро на самиот врв заедно со Американците и Русите кога е во прашање воената моќ. Но сепак, заостануваат.
За закана, се и тоа каква закана за САД, за Русија, за Индија... како и не би биле кога се стремат во освојување на светот. Не воено. :)

Инаку, секоја земја игра за себе. Според мене, пореално ми звучи војна Русија-Кина отколку САД-Кина. Кинезите имаат потреба од ресурси за нивната економија, кои Русија ги има во изобилство, дури нечепнатиот Сибир поседува огромни ресурси.

Во врска со стелт фајтерите, тие и не се нешто подобри од Су-30, 35 или Ф-15, 16 пример, туку нив предноста им е стелт карактеристиката, која им овозможува да бидат забележани покасно, т.е. први тие го забележуваат непријателот. Потоа, ракетите ја превземаат главната улога.

Напад на Иран... прво треба да се каже каков напад. Окупација воопшто не иди во предвид.
Класичен воздушен напад врз многу цели во Иран нема да му наштети на буџетот на САД.
Авионите полнат гориво, полнат бомби, ги фрлаат и толку. Нема некој поголем ризик за загуби.
За разлика од Авганистан на пример, каде постојано губат цистерни со гориво од нападите од Талибанците. Ова само еден пример меѓу многуте.
 
Значи горе-доле со повеќето работи се согласуваме во врска со Кина.Само со делот со Русите не се согласувам со тебе, али тоа во друга тема.
Иран и напад......Ако го реализира ова Обама што го напиша, заканата, тогаш ќе следува окупација.И тука Американците ќе добијат на предност зошто сите земји од западниот свет ќе се вклучат и тоа со целата своја воена сила.Им зависи економијата од таа нафта, згора на тоа сега со кризава уште првите дваесет и четири часа ќе се состанат и ќе најават војна против Иран.
Ако нема блокада од страна на Иран, нема ни да има бомбардирање, ниту пак ќе има некаква воена активност против Иран.Јас барем така мислам.Може да ги нападнат нуклеарните постројки како што велиш ти зошто западниот свет ги обвинуваат за тоа дека се стремат за создавање на нуклеарно оружје, но и за тоа треба да обезбедат навистина цврсти докази, со оглед на претрпениот срам што го доживеаа со Ирак на пример, кога се откри на крај дека Ирак не поседувал никакво оружје за масовно уништување.
 
Доколку Иранските лидери се доволно глупи и би пукале на танкери во Ормутскиот теснец, тогаш сами ќе си ја запечатат иднината. Мислам дека не се толку глупи и дека ќе најдат некаква алтернатива (Кина можеби?) за санкциите, т.е. некој кој ќе им купува нафта. Мада ќе треба да ја турнат цената, а со тоа ќе претрпат големи загуби, што впрочем е целта на санкциите.
Иран не го развива нуклеарното оружје (би било идиотски да развива нуклеарна програма за цивилни цели во тајност) за да го уништи Израел, туку пред се го развива за доминација на Средниот исток. Или со други зборови, го развива против С. Арабија.
Израел е свесен за потенцијалната опасност од нуклеарни оружја во рацете на муслиманите дури и ако не се насочени против Израел. И мое мислење е дека нема да дозволи ниту Иран, ниту С. Арабија да поседува такво оружје.
Оттаму, најлогично е Израел во ограничен напад да ги уништи нуклеарните постројки на Иран, како што го направи тоа со Ирак, иако ова е далеку посложено. Ќе следува одмазда од Иран, но ништо со кое Израел не може да излезе на крај. :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Дали има пример каде како резултат на санкции и блокади бил променет некаков режим досега?
Резултати во вид на милиони мртви, посебно меѓу најнезаштитените делови на населението се најочигледни досега.

Ако одговорот е дека досега немало резултати тогаш оние кои прават блокада и наметнуваат санкции смислено и плански стануваат џелати на милиони недолжни луѓе.

Но такви ситници не влијаат премногу на “носителите на мир и демократија“, несоница, грицкање нокти, кубење коса and stuff...

Према ова, јавањето на ајатолахот на атомска бомба како во Др.Стрејнџлав и не делува премногу сериозен аргумент...
 
Немало резултати во сменувањето на режими, но имало резултати кога некој режим бил принуден на некакви отстапки.
И тие примери се ретки.
Овие санкции нема да го принудат Иран да се откаже од нуклеарната програма.
Ќе страдаат цивили, ама во која војна особено после Втората светска не страдале цивили?

Треба да се постави прашањето, што ако Иран добие нуклеарно оружје? Во Иранско-ирачката војна, Иран не се двоумеше со ракети да ги напаѓа Ирачките градови.

Доколку Иран навистина развива нуклеарна програма за цивилни цели, зошто тоа го прави тајно? Зошто не најмат компанија која би им изградила нуклеарни реактори?
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Дали ? - Да
Кој ? - Америка
Зашто ? - Нафта
Како ? - Претходно стварање на јака опозиција со цел поделба на народот а потоа се знае, бомбардирање до 101 и назад.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
ЕУ со забрана за иранска нафта, цените скокнаа

Министрите за надворешни работи, на состанокот денес треба да ја објават одлуката на ЕУ за постепено воведување на санкции за увоз на иранска нафта во Унијата, пренесува BBC.

Тоа е последна во низата мерки кои ги воведе ЕУ, која купува околу 20 проценти од иранската нафта, за да го казни Иран за неговата контроверзна нуклеарна програма. Според одлуката која треба да биде објавена, ЕУ веднаш ќе стави забрана на каков и да било нов договор за набавка на нафта од Иран, а на компаниите ќе им даде време до јули, кога ќе започне целосната забрана за увоз, да најдат алтернативни извори за набавка на енергенсот.

Техеран веднаш се закани дека, како возвратна мерка, ќе го затвори теснецот Хормуз, низ кој минува 20 проценти од глобалниот извоз на нафта и 70 проценти од извозот на нафтата од регионот.

САД, од своја страна, постојано повторуваат дека ќе ја држат отворена оваа трговска рута, што уште повеќе ги зголемува можностите за воен конфликт од големи размери. Во понеделникот, сепак, низ теснецот Хормуз минале еден американски носач на авиони, придружуван од британска фрегата и француски воен брод, при што немало никакви провокации или реакција од иранска страна.

Во петокот, шефот на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон, истакна дека европските држави и натаму остануваат отворени за дипломатски дијалог, независно од воведувањето на санкциите.

Нафтата е најбитниот ресурс на Иран, а парите добиени од извозот се клучни за одржување на функционирањето на државата. Сепак, експертите сметаат дека тоа што би престанала да купува нафта од Иран би и наштетило на економијата на земјата, но не би ја уништило. Иран, покрај во ЕУ, 20 проценти од својата нафта извезува во Кина, 17 проценти во Јапонија, 16 проценти во Индија и десет и девет проценти во Италија и во Јужна Кореа.

Поради ваквата распределба на извозот, пред ЕУ и САД, кои се најголемите застапници на санкциите против Иран, сега е задачата да ги убедат земјите од Азија исто така да го намалат количеството на нафта која ја купуваат од Иран.

Најавата на шефовите на дипломатиите на ЕУ веднаш ја зголеми цената на нафтата на светските берзи поради очекуваниот недостиг на овој енергенс на европскиот пазар.
http://kajgana.com/eu-so-zabrana-za-iranska-nafta-cenite-skoknaa
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Две пловни тела на американските маринци, нуклеарната подморница 'USS Annapolis' и крстосувачот 'USS Momsen' поминале низ Суецкиот канал и влегле во водите на Црвеното море. Иако нивната крајна дестинација се држи во најстрога тајност, многу веруваат дека котвите ќе ги спуштат во Персискиот залив.
Поминувањето на овие два брода било исклучително тешка задача за администрацијата на Суецкиот канал, бидејќи поради нивна безбедност морале да го затворат каналот за целиот сообраќај, односно требале да го затворат и мостот поради што обалите четири часа не биле поврзани. Сообраќајот покрај обалата на каналот исто така бил намален, известил Интерфакс.

Не постојат информации за крајната дестинација на овие два брода, но не треба да се заборави фактот дека во овој момент 'климата' помеѓу САД и Иран е исклучително ладна. Постојат спекулации дека Анаполис и Момсен се движат кон Персискиот залив со цел да ја зајакнат веќе постоечката воена структура на американската армија во таа регија. Моментално Американците во тој дел од светот имаат две групи носачи за авиони контролирани преку USS Abraham Linclon и USS Carl Vinson. Во март на целата флота би требало да се приклучи и USS Enterprise, најголемиот носач на авиони на американската армија.

Извор

Два носачи на авиони веќе стационирани, уште еден на пат, нуклеарна подморница, крстосувач,се гледа на каде оди работата со Иран...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ма нека ги нападнат ментална држава е убиваат јавно луге за глупости као на пример некој се бавел со црна магија...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Ма нека ги нападнат ментална држава е убиваат јавно луге за глупости као на пример некој се бавел со црна магија...
...Педофили, Дилери, Убијци, Силувачи, Криминалци

Ма да сум јас и овде тоа ќе го донесам...Бесење јавно...а не некој Педофил 50 годишен силова 10 годишно девојче кое цел живот ќе биде како пореметено и повлечено а тој мајмун ќе добие неколку години казна, или некој си убијци.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Абе у право си нека ги бесат тие психопатите али ајде да те обесат пошто си пушел трефка на пример.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom