B
Borg_Drone
Гостин
А зошто тогаш го концентрираат вниманието во тој дел со војската.Ги зголемуваат трупите во непосредна близина на Кина.Многу пари на САД им бегаат за одржување на базите во светот, дел од нив се навистина непотребни, како пример оние во Германија. Од што се плашат, дека Германците пак ќе направат светска војна?
Навистина и еден воен напад би чинел доста, но не е некаков луксуз што не можат да си го дозволат.
Од гледна точка на глобална доминација, Кинезите се многу далеку. САД имаат војски во Кореја, Тајван, Јапонија, Авганистан, земји што се граничат или се во непосредба близина на Кина.
Технолошки... Кинезите се сеуште зависни од Русија, барем во поглед на авионските мотори.
Стелт фајтерот... најверојатно нема да им биде готов пред 2020, а и во прашање се неговите технички способности, имајќи предвид историјата на Кинеските воени летала. Американците имаат стелт фајтер уште пред 6 години.
Офанзивната моќ на Кина, не може ни одблиску да се мери со таа на САД. Тука може да ги спомнеме само бомбардерите и се е јасно.
Не велам дека Кинезите се технолошки понапредни од Американците, но претставуваат закана.И те каква закана.Стелт фајтерот прво не може да се земе под лупа зошто никој не ги ни знае неговите способности, Кинезите тие способности ги чуваат како строго доверлива тајна.Некои американски аналитичари даваа теории дека тие се далеку поназад на тоа поле, но сепак тоа се само теории, докази немаат.
Кинезите се зависни од Русите, ама и Русите се зависни од Кинезите.Тоа е како синџир.Русите не можат сами против Американците и против алијанса која ги опкружува сите нејзини граници.
Воен напад на Иран не е возможен.Да беше возможен ќе нападнеа уште одамна Американците.Но не е.Дали е поради армијата или поради трошковите можеме само да шпекулираме, но со оглед на тоа дека се повлекуваат и воведуваат нова штедна програма ќе да е второто.