Откако внимателно ги прочитав вашите мислења, можам да заклучам генерално, дека не ја разбирате (целосната) важност на јавното здравство.
Можам до тој екстрем да одам што ќе речам дека Советскиот Сојуз ги држеше во страв капиталистичките земји, цели 70 години, (меѓу другото) поради бесплатното здравство. Но, бесплатното здравство во права смисла на зборот - за СИТЕ граѓани, во СИТЕ клиники, на ЦЕЛАТА територија на С.С. (извор: Устав С.С, 1977-А.42)
(слично и Куба)
Да не дојде момент кога ќе ви притребаат доктори, па да ви останат само албанските што имаат диплома од сомнителни универзитети или кадар од трет ред, па тогаш да имаме проблем. Дека, ние (средната и ниската класа) имаме проблем со здравството. За останатите веќе има приватни клиники.
Им даваат минијатурни плати, со кои, навистина не знам како ќе преживее човек и уште со камери, документирано издејствуваа казни и.. на граѓаните тоа им се допаѓа ?
Навистина не можам да разберам.
Да поедноставам: ги доведуваш во состојба да не можат да издржат, а кога ќе дојде да не можат да издржат (а знаеш дека ќе дојде) покажуваш колку си строг и силен.
Зошто не им дадеш високи плати, како што доликува; зошто не се средат болниците (како и кадарно, така и апаратурно) ? Едноставно, дај им подобри услови; не само подобри, дај им скоро совршени услови, тие се ДОКТОРИ, исклучително важен дел од општеството !
Подоцна и само подоцна, доколку не се придржуваат до правилата (а нема да има такви), тогаш воведувај режим и контрола. А не обратно. Друго.. во кое својство тој оценува за работата на докторите? Оценувањето оди скалесто, т.е. само тие над тебе можат да те оценат (правилно).
Тој исто така си играше и со образованието, го уништија (т.е. се обидуваат) и тоа што го имаме, преку вирусот Bologna, сега и во здравството нешто слично.. што е следно ?
Огромно *НЕ* за ова од мене.