EП во ватерполо - Ајндховен 2012 (16-29 јануари)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
Од 16 до 29 Јануари, во базенот во Ајндховен, Холандија, кој го носи името на познатиот холандски пливач Питер ван ден Хогенбанд, ќе се води битка за Европски шампион во ватерполо по јубилеен 30 пат .. бранител на титулата е репрезентацијата на Хрватска, која пред две години на свој терен во Загреб, ја совлада репрезентацијата на Италија.

На првенството свое учество ќе земи и нашата репрезентација, која ќе биди сместена во групата А, заедно со репрезентациите на Грција, Унгарија, Италија, Холандија и Турција.
Првенството ќе го отвориме на 16ти (понеделник), во 13 часот против Турција, на кој не би требало да имаме некои посериозни проблеми, во подготовките ги совладавме убедливо, а кај нас не играа некои од клучните играчи.

Еве го и целосниот распоред на нашата репрезентација, поточно на дветте групи:
А група
1 коло
Македонија - Турција (13 часот)
Грција - Холандија
Унгарија - Италија
2 коло:
Македонија - Грција (13 часот)
Холандија - Унгарија
Турција - Италија
3 коло:
Унгарија - Македонија (13 часот)
Грција - Турција
Италија - Холандија
4 коло:
Македонија - Италија (14.30 часот)
Турција - Холандија
Грција - Унгарија
5 коло:
Турција - Унгарија
Македонија - Холандија (19 часот)
Италија - Грција

Б група, група во која се наоѓа актуелниот Европски шампион(Хрватска), поранешен Светски шампион (Србија) и уште еден бивш Европски шампион, репрезентацијата на Црна Гора. А во неа уште се и Германија, Романија и Шпанија, далеку посилна група од онаа во која сме ние.. ќе се води голема битка за пласман понатаму..

1 коло:
Хрватска - Романија
Германија - Црна Гора
Србија - Шпанија
2 коло:
Србија - Германија
Шпанија - Романија
Црна Гора - Хрватска
3 коло:
Германија - Шпанија
Хрватска - Србија
Романија - Црна Гора
4 коло:
Србија - Романија
Шпанија - Црна Гора
Германија - Хрватска
5 коло:
Хрватска - Шпанија
Србија - Црна Гора
Романија - Германија
Паралелно со машкото Европско првенство, на истиот базен ќе се одржува и женското, на кое ќе учествуваат 8 репрезентации, поделени во две групи од по четири репрезентации.. и речиси помеѓу секое коло во машкиот дел на турнирот ќе има еден ден пауза, а во тој ден ќе се играат мечевите од женска конкуренција.
Македонија досега на Европските првенства има учествувано два пати, на дебитантскиот настап на ЕП во Малага во 2008ма година, го освои осмото место, а две години подоцна во Хрватска беше дванаесетта. Се надевам дека на овој шампион ќе бидат толку успешни колку што беа на првенството во Малага.

Директни преноси од ова првенство ќе врши Македонската телевизија.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ептен ги запоставуваме ватерполистите. Веројатно се должи на тоа што Македонија нема скоро никаква традиција во овој спорт, а пред да се реновира базенот во Карпош немавме ни базен како што треба.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
8.101
ете тема конечно :D
шо мислите шо ќе напрајме?
не се разбирам толку од ватерполо ама тие се доста самоуверени..освен сега денес слушам повреди имале капитено и голмано..незнам шо да очеквам :/
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Не сме навикнати на ваков спорт да бележиме успеси, без разлика на каков начин доаѓаат тие.
Секоја чест на момците, зашто имаат континуетет на завршници од првенства. Пред некој ден читав иако ќе бидат у Холандија, очекуваат поддршка од наши иселеници од тој дел на Европата.
Па да стискаме палци и за нив да остварат што е можно поголем успех.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Им посакувам многу среќа и успех на македонската ватерполо репрезентација на Европското првенство во Ајндховен..да се надеваме дека ќе се пласираме во следната фаза...најверојатно шанса за победа ќе се бара против селекциите на Турција на стартот, потоа против Грција (дуел кој најверојатно ќе решава за третото место кое води понатаму), потоа тешките дуели со ватерполо велесилите, како што ги нарекуваат, Италија и Унгарија, а третата победа ќе се бара во дуелот со домаќинот Холандија...инаку се надеваме и на победа, изненадување против Италија и Унгарија, зошто да не...напред Македонија..:)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Да не тражам по нет, тука ќе ми одговорите, од овие 6, колку поминуваат во втора фаза, или директно полуфинале (првите две)...? :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
Да не тражам по нет, тука ќе ми одговорите, од овие 6, колку поминуваат во втора фаза, или директно полуфинале (првите две)...? :)
Првата оди директно во 1/2 финале, а втората и третата играат во 1/4 финале.
Останатите од 4-6 место во групата разигруваат.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.700
Поени од реакции
6.086
Ќе навиваме во ниш и за ватерполистите ќе гледам да ги најдам на кабловска да ги гледам и истата порака и за нив како и за ракометарите пред се нека играат со срце за Македонија па што направат направат
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Идеме момци, само јако... Утре вие прво победете, да почне денот на убаво...
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Ептен во сенка е ова првенство од ракометот..
 
P

PewDiePie

Гостин
Која сенка бе ќе си ги гледам денес и ќе си навивам исто како вчера за ракометарите.

(y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom