во ред какви статистички податоци ти требаат.
дека до 2007 било супер и не сме биле најмизерни ама од 2007 па наваму сме најмизерни.
дека тогаш ни завидуваше и германија на економскиот раст , а сега ни се смее сомалија.
мислам дај те молам. не живеам јас од статистички податоци.не сум јас бројка во некој тефтер па да треба статистички да ми каже како било тогаш и сега.
џабе мене некој ке ми рече дека статистички порано сум живеел подобро, кога јас по мене си знам дека не е така. исто важи и за сега. вие економистите играјте си со статистики, другите малце поинаку гледаат на тоа.
и не не префрлив од другата тема туку муабетот се надоврза. како тоа инфалицја + невработеност = прво место по мизерија.
вие се фативте невработенсота та невработеноста, како таа да е од вчера.
и ете ти мене сигурно ке ми извадеш еден куп статистики, анкети, изјави од експерти дека не само што не тргнавме напред од 2007 туку и напротив сме се вратиле назад. и што тоа мене ке ми значи. јас не се разбудив од кома лани па да незнам што се случувало од ете колку што памтам од 1985 па до денес. фатив јас и многу поубај времиња од сега, ама периодот од 1993 и годините после тоа сигурно беа каде каде полоши или помизерни од сега, па ако сакаш не статистика незнам што да ми покажеш. тоа е едноставно факт.
Јас само се надоврзав на тебе каде преку пример „куќа и рушевини“ се обиде да ни претставиш дека во 2007 ние сме биле крш, а денес сме...денес сме...лудница! 2007 е година која економски ми е најдрага и година во која се надевав дека конечно Македонија тргна напред. Плус имаше и избори таа година, па ми е репер како требаше да се движиме. Токму тогаш доживеавме пораст на БДП од 6,1% ни требаа само 5/6 години да се движиме со тој раст и ќе успеевме да застанеме на нозе. Тоа ми е муабетот, дека од менувањето на власта ние ниту сме напред ниту сме назад, тапкаме во место. Едни коефициенти се подобруваат, другите енормно се расипуваат. Никако да фатиме ред. Затоа невработеноста стои 33%. Никој не рече дека таа е само сега, туку си стои во место. Чим она стои како ги гледате дворовите и ружите не ми е јасно. Да ја симнеа на 5% па да ме запалевте на плоштад како лоша вештерка, ама вака како го гледате напредокот? Порасна животниот стандард? Цените на мало се намалија? Струјата и парното ни го даваат без пари? Каде вие како граѓани гледате напредок во економија просто човек да се чуди. Само кога ќе ми текне на напредокот на претходникот на Ставрески, Трајко Славески со неговите месечни државни записи солзи на очи ми идат.
Патем на кајгана сум од 2006 години, најди еден пост во кој сум пишала дека од 1991 до 2004 се живеело подобро, еве најди барем една реченица каде сум го пофалила тој период. Нема оти не било така, не сум јас од вчера па да незнам како беше во тие години. Мизерија беше комплимент. Но иако илјада пати имам споменато ќе споменам уште еднаш: Секој број помножен со нула дава нула. Значи споредувајќи се со период во кој е нула резултат, повторно идеме на нула. ДА бидам искрена преку глава ми е од речениците „ами тогаш како беше“ ти бе брат 6 години си на власт ти што направи? Ме заболе веќе од „како било“ муабети, јас живеам сега и сега сакам да ми е убаво. Затоа речиси никогаш не го споменувам тој период зошто нема што да се споменува, нема ни една позитивна ствар. Али некој својата немоќ ја споредува со тој период и тоа го смета за напредок, ете во тоа е мизеријата. Ги имаш истите цифри и велиш напредуваме, е како тоа напредуваме? Освен овој збор напредок ако нема друго значење или превод кој јас не го знам. Срушиле се и сега овие од темели обновуваат економија, они кутрите 2007 неможат да ја вратат со цифри, а камоли економија обновувале до 2012. Обновувале празни приватни сметки, ги полнат сега. Како што рече еден член на форумов, ова инвестицииве се како нинџи, никаде неможеш да ги видиш. Купи ги сите медиуми и 24 часа дроби како денес живееме подобро, кога цел ден ќе повторуваш едно исто на крајот на денот и ќе почнеш да веруваш во тоа.
А ако си мислел на законите тука нема кој да ти контрира, вистина е. Имаме закони за „извоз“, постегнато е, полесно е со регистрација, полесно е со администрација. Но дека денес живееме одлично економски тоа само на Македонец и слични на него можеш да му го објасниш и онака има 23/4 години и е без ни еден ден работно искуство. Кога те ранат од дома супер ти е, нека почне да бара работа ќе го прашаме кога ќе ја најде.
И не сме најмизерни во Свет има далеку помизерни од нас, но сепак не живееме добро, очекуваме многу многу подобро.