Македонија најмизерна земја на светот

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Инаку од друга страна:

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко нé направи мизерни
ВМРО-ДПМНЕ не е среќна поради написот во „Економист“, но сепак бројките за кои пишува весникот се настанати во време на владеењето на СДСМ и Бранко Црвенковски, велат од владејачката партија за написот на „Еконимист“.
- СДСМ и Црвенковски од 18 отсто, колку што изнесуваше невработеноста во почетокот на 1990-тите, ја зголемија на рекордни 39 отсто во 1998 година, што е највисоко ниво на невработеност во која било земја во Европа. Овој процент се намалува и стапката на невработеност во 2011 година изнесува 31,1 отсто, колку што беа измерени во второто тримесечје од 2011 година. Забележително е тоа што кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт невработеноста бележи константно намалување - објаснуваат од партијата.
На ова од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ на власт е веќе шест години и дека премиерот Груевски не може да се амнестира од одговорноста.


Значи не ги сакам СДСМ ама подосадно нешто од вмровското "Бранко е крив" немало нит ќе има. 6 години се исто се вртиме во круг!
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
ако Македонија е најмизерна што е тогаш со Еритреа,Конго и многу,многу други земји?!!!
изгледа овие од Економист се најмизерни!!!
 
H

HoT IcE

Гостин
Тоа е и делумно точно, но лошо е кога "Бранко е крив" ќе се користи како изговор за некои други работи.
Не бранам ни СДСМ, ниту ВМРО, објективно гледано не е можно моментално да сме најмизерни.
Веќе се изјаснив на темава околу тоа, гледано од друг аспект, ако сме сега најмизерни, што бевме во времето на Бранко? Убер-мизерни?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Пред се голем поздрав до Леандра и "Економист"....и еве бидејќи неможам да му се обратам на "Економист",прашањето ќе и го поставам на Леандра:

Колку од земјите во графиконот немаат нафта??(освен Македонија не видов друга)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Не е крив ВМРО крив је целиот балкан сите соседи ни се за Бардовци.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Моја грешка, 3.9%.
Тој потенцира дека најголем проблем за македонските граѓани е постојаниот раст на цените и тоа што слабее куповната моќ, а примањата не се зголемуваат. Според одредени процени, цените во последниве неколку години се зголемиле за над 70 отсто, а тоа не е проследено и со соодветно зголемување на платите.
извор
Било, е и ќе биде... Македонија најмизерна и најклета земја на светот.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
очигледно дека нема врска ова,сигурно не се мисли во светот,Македонија ни во Европа и на балканот не е најсиромашна...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Пред се голем поздрав до Леандра и "Економист"....и еве бидејќи неможам да му се обратам на "Економист",прашањето ќе и го поставам на Леандра:

Колку од земјите во графиконот немаат нафта??(освен Македонија не видов друга)
Од кога Германија и Швајцарија имаат нафта?Друго, истотака треба да имаш во предвид дека бронзата и среброто го освоиле земји што имаат нафта.
Грција има нафта? Франција? Па и Шпанија?
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 07:59 ---
Јас насловов на темава би го преименувал во: Македонија најмизерна во најмизерната листа на светот“. :)

Листана е основана само на два критериуми, невработеност и инфлација. И ја можам да ги соберам едните и другите проценти и да направам листа. Е*ати економистите од Економист...

Факт е дека нас најмногу не јаде невработеноста. У тоа сме мизерни до немајкаде... 20 сме по процентот на невратотени у свет, а исклучувајќи ги африканските вукојебини, сме трети после Косово и Босна.

И баш се чудам зошто тие ги нема у листана !? :cautious: Не глеам целосна листа, на сите 92 земји, само скратенана...

Накратко, листава не ни кажува нешто што не го знаеме. Сето ова го знаеме од порано...
Листата не кажува ништо ново, но ние и покрај тоа што го знаеме се однесуваме како да не знаеме ништо.Тоа е проблемот кај нас или пак:„Еј човек, го убив брат ти“ - му рече овој, на што овој другиов возврати: „Нема врска, ела на брзосмртка да ми кажеш дали е подобро да го закопам или пак да го кремирам“.И што друго му преостанува на Македонецот освен да му се нацрта дека ние сме сиромашни?Само бесполезно е и ова што го напишав.Утре како ништо да не се случило ќе биде работава на крај.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пред се голем поздрав до Леандра и "Економист"....и еве бидејќи неможам да му се обратам на "Економист",прашањето ќе и го поставам на Леандра:

Колку од земјите во графиконот немаат нафта??(освен Македонија не видов друга)
Ако не си видел тогаш треба да ги смениш розевите очила и да си купиш со диоптер, така сигурно ќе најдеш некоја што нема нафта.
А на Економист слободно можеш да му се обратиш преку електронска пошта или преку ФБ за да ти објаснат зошто тие земји се ставени со нас. Ваљда како најголеми реформатори во Европа. Јас за жал не работам за нив за да можам да ти одговорам зошто не сме ставени со афричките земји, наместо со европските.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
очигледно дека нема врска ова,сигурно не се мисли во светот,Македонија ни во Европа и на балканот не е најсиромашна...
НЕ ЗА СВЕТОВ, ЗА МАРС СЕ ОДНЕСУВА АНКЕТАТА!..... НЕ беее нема врска, не сме на Балканот најсиромашни, најбогати сме! Турција е најсиромашна и Грција... мамата нивна задолжена! Готови се! ха-ха-хахаха НЕЛИ МЛАДИЧУ ТАКА?
..... Незнам само со што ве дојат? На што ве држат!?.... Жално е што некои овдека и од носот подалеку не гледаат... жално е млади луѓе да живеат во такви заблуди, жално што повеќето ни до Ќустендил немаат појдено, а камо ли до Истанбул, Софија, Солун, Љубљана... да не спомнам Виена, Париз Лондон, Барселона. Жално што компјутерите и интернетот се користат само за ФБ или за некоја мрежна игра со пукање.... или за некој форум за препукување! :)
Да! Не се во анкетата влезени уште толку држави. И? Мислиш ти и такви како тебе дека сите тие држави што не се влезени во анкетата се посиромашни од МК? Тоа само Ставревски може да го помисли! Многу ступидно би било тоа така да се мисли! Еве и да се влезени во анкетата, ве прашувам: Би биле посреќни Македонија да ја видите на некое 160-то 170-то место (од 200) со некои егзотични земји како: Обала Слоноваче, Того, Гвинеа Бисао, Источен Тимор, Западна Самоа, Бурунди - курунди, земји во кои сеуште има канибализам, а некои нивни племиња како Бушманите сеуште живеат во камено време и незнаат за металот!? Посреќни ли ќе ве направи тоа сознание?....
И уште една работа упатена до критизерите на "The Economist" не ступидарија или премногу инфантилно... туку ТЕЖОК КРЕТЕНИЗАМ е да се критикува овој угледен медиум... Единствено партиска задача доколку е тогаш можам да разберам, да се просерава во стилот на ‘бурекџијата‘ на Латаса или Миленко како тоа тој таму некаде медиум не бил професионален, темелен, сеопфатен и имал намера да не понижи..... ама тие знаеме чија агенда одработуваат! Инаку за информација на неупатените, за тоа каков медиум е Економист нека ви послужи фактот дека владава ГРДНИ ПАРИ потроши рекламирајки се: Инвестирајте во Македонија! За да некој УГЛЕДЕН богат инвеститор прочита, се заинтересира и дојде да инвестира Дали ви е доволен овој факт? Да ви помогнам. Дали нашата Влада овој медиум го смета за сериозен?
И уште една теза ми е мнооогу интересна: Процентот на невработеност 32-3% е од времето на Бранко, а ВМРО-ДПМНЕ со владата е таа што придонесува таа бројка да се намали!? Ашколсун бе! Многу ми се допаѓа тезава!.... Како тоа ја намалува невработеноста? Со отварање на сите 2 фабрики како странски инвестиции? Па 1000 помали и средни фирми се затворива, колку вработени останава без работа!? Иљадници!...... Луѓе бре ова и на партискиот војник со 4-то ‘‘бее‘‘ одделение запослен со реформите како чувар или ‘фаталист‘ во некоја општина му е јасно дека е БОЛ ШИТ! особено втората теза..... мислам. дајте бе малку стапнете на земја, свртете се околу себе, погледнете околу вас... и од Димовски ако е многу е! И тој самиот тешко ќе поверува во искажаното!:pos: .....Многу, мноооогу повеќе луѓе останава без работа последниве 5-6 години отколку што се вработива ТОА Е ФАКТ! А вработувања!? Дааа... има! Не велам не! Ама на партиски војничиња како оној горе што го спомнав, како фаталисти, чувари, понекоја хигиеничарка.... има и на повисоки инстанци: советници, референти.... и воглавно да кажам 90% партиски драпачи и тинтрачи! Чии се знае!....Ќе вработуваат и во иднина: еве претседателот на Уставен Јово Вангеловски на пример сега бара 1000 вработувања во Судовите бидејки тие кутрите мнооогу работеле и неможеле да постигнат! Иљада: драпачи - послушници, синови и ќерки на судиите и тн и тн..... ќе вработуваат ОСТВАРУВААТ тие и понатаму, ќе треба критична маса за нови избори...... ама знаете што? До кога? Додека не стасаат ануитетите за враќање на кредитите што ги зема? Уффф тоа е далеку!.... Кој сме датум? 12-ти! Имате ли некого во јавната администрација? Прашајте ги дали земале плата? Веке пола месец абер нема за плата! Обично земаа на 5-6-7..... ОД КАДЕ ПАРИ? Од која економија? Од која реформа? Од што ќе поделат на аждерот државна администрација? Од скапите кредити? Од енормните казни и во сообраќајот и во стопанството.... Од 15-те милиони ќарени од патни исправи? Од неуставните 33% Енергетска моќност во сметките за струја? Од милионите ќарени од легализацијата на дивоградбите? Дворните места? 300,000 поднесоци секој по 5 Евра! А колку од даноците за катастарските услуги, и од самата легализација?.... Од царината и ДДВ-то за пп боците за во возилата кои не заживеава?.... Од неуспешниот обид (го бутнава на Уставен) да собирате тешки милиони од регистрации на стотици иљади куќни совети..... од ДДВ-то од продажба на факинг ПВЦ кеси кои бесправно ги продаваат маркетите? Со уцени на дел од невработените сами да си ги плаќаат дел од придонесите (за здравствено осигурување)........ЕЕЕЕЕЈ. До каде ќе одите со вефолмите? Што е на ред? Таблиците сега на автомобилите! Направете цена од 300 Евра за секоја таблица, кој му јебе матер на народов, кој сака да вози нека плати! :tapp: ЛУДИЛО се реформиве!
ТЕШКА МИЗЕРИЈА сме луѓе! Не сме далеку од анализата на Економист! Жал ми е што многумина тоа не го гледаат... и уште повеќе, што многу веројатно уште поголема мизерија доаѓа!.... Дај Боже да грешам!
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Инаку од друга страна:

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко нé направи мизерни
ВМРО-ДПМНЕ не е среќна поради написот во „Економист“, но сепак бројките за кои пишува весникот се настанати во време на владеењето на СДСМ и Бранко Црвенковски, велат од владејачката партија за написот на „Еконимист“.
- СДСМ и Црвенковски од 18 отсто, колку што изнесуваше невработеноста во почетокот на 1990-тите, ја зголемија на рекордни 39 отсто во 1998 година, што е највисоко ниво на невработеност во која било земја во Европа. Овој процент се намалува и стапката на невработеност во 2011 година изнесува 31,1 отсто, колку што беа измерени во второто тримесечје од 2011 година. Забележително е тоа што кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт невработеноста бележи константно намалување - објаснуваат од партијата.
На ова од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ на власт е веќе шест години и дека премиерот Груевски не може да се амнестира од одговорноста.


Значи не ги сакам СДСМ ама подосадно нешто од вмровското "Бранко е крив" немало нит ќе има. 6 години се исто се вртиме во круг!
Nastanato vo brankovo vreme, a prodolzuva vo nivnoto vreme kade seuste raste a uporno go brisat narodot od biro za da ja namalat, taka da podobro ni usta da ne otvaraat.
Ne ke bega narodot po Irak, Avganistan i po bugarski drzavjanstva da e namalena nevrabotenost ovde, neka si gi laze svoite istomislenici, narodot ne e glup. Pak neka plukaat po Titovo vreme, togas barem imaa pari roditelive za se pa i za nekoj odmor ili barem 2-3 pati vo nedela na reka nekade na skaricka, odi sega odvoj pari.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
интерсно забележувате за кој колку време бил на власт, и што направил. ајде вака да ја поставиме работатаа.
колку време треба да се направи една куќа, колку време треба таа куќа да се срамни до темели и после колку време ке треба на истото место да направиш пак куќа врз истите темели.
така да за да ја рушиш ке ти треба еден ден до два, ама за пак да ја изградиш ке ти треба мноогу мноогу повеќе време.
е сега спредбата направете ја со државата и ке добиете една идеја колку години ке треба за да се поправи она што се рушеше со години. и да и тие сега што поправаат не се идеални така да врз сето тоа додадете уште некоја година плус.
а за цените што растат, јас памтам кога бензинот беше 27 денари литар, плинот беше 8 денари, сега е колку 80 ?? а со кревањето на цената на бензинот се се крева, од храна па се нагоре.
сега за тоа кој е крив??
така да ајде бидете малце реални во врска со цените.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Da ima vrabotuvanja i pokacuvanja na plati nikoj i nema da najde maana na ovie pokacuvanja, no za zal ne e taka. Em sekoe semejstvo nikoj od niv ne raboti, em i toj sto raboti zema po 10-12 a mnogumina i mnogu pomalku pa so ovie poskapuvanja ne znae ni samiot kako da se snajde. Ni od tie ni od tie narodot ne gleda nisto podobro, osven tie sto uspeale da se vrabotat vo administracija, ostanatite neka umiraat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom