1.Секако дека нема егзактност. Кој сум јас да ги предвидам сите можни
промени во хабитатот на видот во следните милион години?!? Ајкулите, како прилагодени предатори од врвот на ланецот, не се изменети во последниве 400 милиони години. Толку е најстариот фосил. Од друга страна, копнените тревопасни видови, на пример,
постојано еволуираат поради непосредната закана по животот.
Не можеш да очекуваш
егзактност во свет од
милијарда МЕЃУЗАВИСНИ варијабли.
2. Еволуиран вид на сината ајкула не постои веќе пола милијарда години. Коњот, за само 50 милиони еволуирал од „пра-пони“ со висина од15cm. Доколку нема на што да се прилагодува единката, видот ќе остане непроменет. Hence, првиот подзакон на еволуцијата „Never change a winning combination”
3. Тоа е
група на единки КОЈА Е ОДВОЕНА ОД „МАТИЧНАТА“ ГРУПА. Тоа е, замисли, како залутано стадо томсон газели, кои после земјотрес се отсечени на новодормиран потконтинент каде
нема гепарди. Ако овие газели живеат на „потконтинентов“ едно 200 милиони години
БЕЗ ЗАКАНА ОД ПРЕДАТОРИ, тогаш овој „дел од видот“ томсон газели после враќањето на старото стадо ќе забележат дека веќе
ниту изглеаат исто, ниту се хранат исто, ниту можат да напраат дете. Ова ќе бидат
два РАЗЛИЧНИ вида на животни.
4Хммм... не се во исто време создадени... хммм
до-бро...Значи некој или нешто прво ги создало, say, едноклеточните организми, алгите, па рибите, па после „извесно време“ влекачите, па рептилите, па цицачите... отприлика... пошто така вика fossil record, нели, кој не го спориме.
Викаш нема
точни и дедуктивни факти. Како, бе, Мики, нема дедуктивни факти? Што се она рипките погоре?!? Како екстремитетните коски во опашката на китот и делфинот
не се дедуктивни факти?
Не знам дали знаеш дека
секојдневно исчезнуваат видови. Тоа се случува
постојано и независно од однесувањето на човекот. Ако тоа навистина е така, тогаш
КОЛКУ КАТАЉАРДА ВИДОВИ постоеле на планетава пред 2 милијарди години?!? Трилион? Квадрилион?
Не гледам како не ја гледаш апсурдносста на „спротивната опција“, апсурдноста на скепсата. Ако нема создавање на нови видови, тогаш
НЕ ПОСТОИ ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА, а со тоа и
иминентна смрт на животот на земјата (пошто сме сите у ланец, ти текнува?).
* * *
Тоа подоле у постот некако не го разбирам. Ај ќе пробам попосле.