DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Нема да пречи да поставам неколку прашања се надевам
****
Самата класификација на видовите не влијае на постоењето на механизмите на еволуцијата. Класификацијата е конвенција и може да се викаат „стомакоодачи“ наместо влекачи или може да се направи нова категорија која би се викала „кур-ме-боли“, на пример. Тоа нема да промени апсолутно ништо во фактичкиот диверзитет на планетава.Постојат копнени цицачи, водени цицачи и цицач што лета.
Сите тие имаат карактеристики кои ја задоволуваат класификацијата во графата цицачи, затоа што сме одлучиле со конвенција дека цицачи се тоа што засега ни е нам познато.
Доколку било одлучено да човекот на пример го стават во посебна класа цицачи со свест или разумни цицачи, тој би бил нова гранка на висина на класа во филогенетското дрво, дефакто.
Значи би добиле PISCES, AVES, AMPHIBIA, REPTILIA, MAMALIA, SAPIENS MAMALIA.
И оваа поделба повторна би била точна, и никому не би му била чудна.
Дали навистина таквата поделба е доволно детална или треба уште да сеработи на тоа не знам, и тука е мојата резерва.
Значи, мојот одговор би бил: „Искрено, кур ме боли каква е класификацијата.“ Она што мислам дека е единствената суштинска дефиниција во оваа теорија е терминот ВИД (species). Тука, Мики, нема трт-мрт! Се знае точно што е тоа вид – ГРУПА ЖИВИ ЕДИНКИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ ПАРАТ И ЧИЈ ПОРОД ЌЕ БИДЕ ПЛОДЕН. (затоа коњот и магарето НЕ СЕ ист вид)
Ако оваа дефиниција ја примениш на било кои две живи единки на планетава, ти во истиот тој момент ќе знаеш дали тие припаѓаат или не припаѓаат на ист вид.
На планетава до 2010 година се идентификувани и опишани околу 2.000.000 видови. Се претпоставува дека се некаде околу 8.700.000 различни видови на број. За сите овие важи истото правило БЕЗ ИСКЛУЧОК – можат да имаат плоден пород доколку се спарат со единка од својот вид. Во спротивно, парењето е или невозможно или породот е стерилен.
Ако ти признаваш микроеволуција, а оспоруваш макро-еволуција (колку и да е нон-сенс самиот термин) дали тоа значи дека веруваш дека во милијардите години во кои еволуирал видот (било кој) сите единки од видот остануваат доволно НЕИЗМЕНЕТИ за да можат да се парат во рамките на својот вид?
Наградно прашање: Дали сметаш дека сите видови на земјата се создадени ВО ИСТО ВРЕМЕ?!? Дека и лишаите, инсектите, цицачите, рибите, полипите и алгите се сите направени ОДЕДНАШ?!?
Секако дека би се сложил да се корегира и допрецизира доколку за тоа постои протор. Не гледам ама баш ништо спорно во тоа.Значи прашањето би било дали сметаш (чисто твое размислување) дека ваквата класификација е конечна и непроменлива или е можно да претпри измени во иднина, бидејќи сепак се работи за некој вид конвенција?
Додека таксономијата е конвенција, видот, друже, е фактичка емпириска категорија тоа е научна дефиниција добиена врз основа на набљудувања и експерименти. Дефиницијата за вид (species) мислам дека тешко би се променила. Да не з’рчам, ама мислам дека е толку едноставна и толку испроверена што мислам дека би можела да се корегира единствено кога ние (луѓето) би продолжиле уште повеќе да се мешаме во еволуцијата, па НИЕ да креираме видови кои ќе ја срушат таа дефиниција. Природата – не верувам. Шо знам!?Секоја единка од било кој вид на земјата е преодна форма, се до појавата на група единки кои ќе може да се окарактеризираат како нов вид, согласно донесената конвенција за вид.
Мислам дека погоре е пишано. За класа – да, за род, за фамилија... може можат да се прошират, стеснат, како и да е, НО дефиницијата „парат, па потомството е плодно“ мислам дека не. Барем не гладам во која насока. Може ти имаш идеја?Дали сметаш дека е можна промена и на вотрата дефиницја во иднина, односно носење нова конвенција што е вид и слично? и зошто не?
Ова го покривме. Ај сеа да видам другиот пост.Дали сакаш да кажеш дека самото постоење на таканаречен воден цицач е доволен доказ дека еволуцијата тргнала од водата кон копното и сме дошле до денешната милионска бројка на видови?
Според мене тоа е ПОТРЕБЕН доказ, но не и ДОВОЛЕН за да биде еволуцијата надвор од еден вид потврдена без доза на резерва.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 17:25 ---
НЕ ПОСТОЈАТ транзициони видови!!! Тоа е измислица на креационистите.Зелениот болд , исто како и со делфинот - Зошто би бил тој транзиционен вид?
Нека си биде свој вид кој успеал да еволуира на таков начин.
Секоја единка од било кој вид самата за себе е преодна форма кон некој друг вид кој би постоел во далечната иднина.
Замисли две змии во џунглите на Конго. Можеле они да се опнат и да родат, ама не им искочил баш дејтот. Не се опнале. Наместо тоа се опнале со други змии. Синојте и ќерките и на еднава и на другава можат да се парат и да имаат плоден пород. (Ист вид се)
Сега замисли дека десетина пара змии (од истиот тој вид) си ги однел на Тибет и си ги ослободил таму у кршот хималајски. Овие две можат да имаат пород и имаат.
замисли сега дека штотуку поминале милијарда години. Израчунај колку се тоа генерации и искрено кажи ми ДАЛИ СО КАТАЉОН МИКРОЕВОЛУЦИИ овие тибетски змии ќе можат да се спарат со конговските и да имаат плоден пород?
Друг муабет:
Дали веруваш во претпоставката дека 99,9% од видовите на земјава (откога постои животот) се изумрени? Палеонтологијата нема идентификувано толку изумрени видови, НО самиот знаеш дека се идентификувани стотина илјади ФОСИЛНИ ВИДОВИ.
Назад кон наградното прашање од минатиот пост - мало проширување:
ДАЛИ ТИ СМЕТАШ ДЕКА ЧОВЕКОТ ЖИВЕЕЛ ЗАЕДНО СО Т-РЕКСОТ, ЏИНОВСКОТО ВИЛИНСКО КОЊЧЕ И ВИДОВИТЕ ОД КАМБРИУМОТ?!?
Доколку не постои „макро-еволуција“ тогаш или сите видови во еден момент постоеле симултано на оваа планета, или видовите некој ги донесувал периодично.
Што викаш?