Казни од 6.000 до 7.000 евра за вработувања на црно

T

Tetro

Гостин

Казни од 6.000 до 7.000 евра, минимум, ќе им бидат изречени на работодавци кај кои ќе бидат откриени непријавени работници. Ова денеска го соопшти министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.
- Сега се утврдува и минимум, односно распон меѓу 6.000 и 7.000 евра за извесна казна. На таков начин ќе се обезбеди поголема гаранција за изрекување на прекршочната санкција - рече Ристовски.

Во 2011 година извршени се 24.513 надзори од областа на работните односи. Постапувано е по над 1.257 барања од работниците за заштита на правата од работен однос.
При вршење на инспекциските надзори биле затекнати 993 непријавени работници и при тоа се донесени решенија за кои на работодавачите им се наложува да засноваат работни односи на неопределено време со затекнатите непријавени работници.
- Оваа година Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд започнуваме со немилосрдна борба против вработувањата на црно, односно целосно ќе се ставиме во функција на заштита на правата на работниците, истовремено почитувајќи ги и интересите на работодавачите - рече Ристовски.
Неправилности од областа на трудот и работните односи граѓаните можат да пријавуваат на телефонската линија 15 131.
#
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
и на крајот колатерална штета? народот.....
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
тој што има врски па ке се држи непријавени работници. тој што нема врски одма си прави договор на дело за 3 или 6 месеци и пак иста песна.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506

Казни од 6.000 до 7.000 евра, минимум, ќе им бидат изречени на работодавци кај кои ќе бидат откриени непријавени работници. Ова денеска го соопшти министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.
- Сега се утврдува и минимум, односно распон меѓу 6.000 и 7.000 евра за извесна казна. На таков начин ќе се обезбеди поголема гаранција за изрекување на прекршочната санкција - рече Ристовски.

Во 2011 година извршени се 24.513 надзори од областа на работните односи. Постапувано е по над 1.257 барања од работниците за заштита на правата од работен однос.
При вршење на инспекциските надзори биле затекнати 993 непријавени работници и при тоа се донесени решенија за кои на работодавачите им се наложува да засноваат работни односи на неопределено време со затекнатите непријавени работници.
- Оваа година Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд започнуваме со немилосрдна борба против вработувањата на црно, односно целосно ќе се ставиме во функција на заштита на правата на работниците, истовремено почитувајќи ги и интересите на работодавачите - рече Ристовски.
Неправилности од областа на трудот и работните односи граѓаните можат да пријавуваат на телефонската линија 15 131.
#
Многу им се глупи казниве ама целта им е јасна на прво место е да се наполни буџетот.
Според мене најдобро е казната да се одработи нека му стават секој ден по еден час работа во рок од 5 години ќе го чини многу повеќе, а и барем ќе се знае се ќе биде чисто и средено и на крај краева изгубеното време ќе му го оправи умот и плус ова ќе може секој да го изврши дали бил богат или сиромав казната ќе биде иста.

Е сега ако е парична казна за некој многу се и 50 евра ,а некој трет 7000 евра може да ги фрли без око да му трепне.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Во Бразил имаат многу интересна мерка, владата прави црна листа на фирми каде работниците се експлатираат т.е работат и по 15-16 часа малку се платени и останато, и фирмите на таа црна листа немаат право да добијат кредити од банките
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Имав со свои очи видено, на работниците кои не беа пријавени им беше кажано да не доаѓаат на работа наредниот ден. Наредниот ден дојде трудова инспекција и се беше во ред. Има и вакви случаи кога се знае кој кога доаѓа.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А бе добро казни еееееееееееее 500 години турско има издржано овај народ казнет бил па за ова смешки се.

Него оставете тоа нели е подобро да се направат услови за работа, кај што е закочено да се одкочи, да се одземи имотот олигарски да се подели меѓу народ во вредносни ваучери, отколку казни. Па што знам јас ако бев паметен како Спиро министер ќе бев, и ќе носев вакви глупави одлуки....
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Интересен пример со УЈП, на пример.Знам за 2 случаи за поголеми фирми кај шо однапред 4-5 дена е најавена инспекцијата од страна на УЈП 'за да имале време да ја спремат документацијата'.Ама па од друга страна кај малите фирми скоро никогаш не е најавено.
A потребни им се *живи пари*, студентските домови се без парно, на државни службеници не им се исплатени надоместоци за пат, Македонија Пат е во или ќе почнат штрајк итн.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Прв чекор на министерот треба да биде, контрола на Државниот инспекторат за труд каде тие инспектори се поврзани со голем дел од работодавците, па потоа казна да се смисли. Немилосрдната борба се започнува од својот двор.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.087
Поени од реакции
23.549
сега да не мешаме мито и корупција со законот.
не е законот крив ако тие што треба да го спроведат се корумпирани.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
сега да не мешаме мито и корупција со законот.
не е законот крив ако тие што треба да го спроведат се корумпирани.
Ако има мито и корупција, не само што законот не е добар туку нешто смрди од главата на рибата.
А махери се да напаковаат нешто и да го дадат на телевизија, ако некој нешто им згрешил (приватно).
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.087
Поени од реакции
23.549
Ако има мито и корупција, не само што законот не е добар туку нешто смрди од главата на рибата.
А махери се да напаковаат нешто и да го дадат на телевизија, ако некој нешто им згрешил (приватно).
ги измеша малце брзините.
законот можи и најубав на свет да биди, ама ако нема кој да го спроведе како што треба тогаш ти е џабе. сега ако беше до главата ке смислеја некој закон со кој ке ги казнеа со една пакета цигари, ако ме сваќаш што сакам да кажам. иснпекторите не се власт, ти е се јавни службеници, во накјмала рака трет четврт ешалон.
затоа и министерот за здравство тркна по болници ако се сеќаваш, пошто тие што земаат плата за тоа не трчаа. ама за воља на вистината можеш и сам да провериш на форумот тука како реагираа некои. сега ни вака ни така иди муабетот. ако не се заложат лично министрите( главата на рибата) да се спроведи законот нечинат, ако се заложат пак нечинат. неке да ви е тоа маката, во друга грмушка зајакот лежи ама ај прајте кеф.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom