T
Tetro
Гостин
Казни од 6.000 до 7.000 евра, минимум, ќе им бидат изречени на работодавци кај кои ќе бидат откриени непријавени работници. Ова денеска го соопшти министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.
- Сега се утврдува и минимум, односно распон меѓу 6.000 и 7.000 евра за извесна казна. На таков начин ќе се обезбеди поголема гаранција за изрекување на прекршочната санкција - рече Ристовски.
Во 2011 година извршени се 24.513 надзори од областа на работните односи. Постапувано е по над 1.257 барања од работниците за заштита на правата од работен однос.
При вршење на инспекциските надзори биле затекнати 993 непријавени работници и при тоа се донесени решенија за кои на работодавачите им се наложува да засноваат работни односи на неопределено време со затекнатите непријавени работници.
- Оваа година Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд започнуваме со немилосрдна борба против вработувањата на црно, односно целосно ќе се ставиме во функција на заштита на правата на работниците, истовремено почитувајќи ги и интересите на работодавачите - рече Ристовски.
Неправилности од областа на трудот и работните односи граѓаните можат да пријавуваат на телефонската линија 15 131.
#