Авто новости

Не баш, половен Харли во САД се наоѓа за 3000$, трошоците за да го донесеш до Скопје се 23% (18% ддв и 5% царина)=690$ и 300$ транспорт (по мотор, 8 мотори во контејнер) ти излегува 4000$ или во „наши“ пари ~3000 евра. До сега не ни можеше да се увезе мотор од САД или мотор произведен за Американски пазар.
Башка за 3-4 години цената му паѓа упола... и оп, ете ти чопер за 1500 евра. Не сум фанатик на чоперите, ама кој рече дека само чопери ќе се увезуваат? Имаш еден тон ефтини мотори (споредено со европските земји, Kawasaki, Suzuki на избор колку ти душа сака, башка сите се опремени максимално од издуви спортски па се до ABS уреди) Како убо би ми легнала една Hayabusha од таму...
 
Тоа го викам и јас, битно е дека сега имаме можност, а се наоѓа и за тие со пари и за тие со помалку пари, пример нова Honda CBR1000RR 2012 во САД се наоѓа за 11.000$, кај нас е ~14.000 евра. Од друга страна може да се најде Yamaha R6 од 2004-5 што со сите трошоци ќе ти излезе 3.000 евра, моментално кај нас таквите се продаваат за > 5000 евра.

Да не заборавам и ова, со увозот се дозволени мотоцикли што го поседуваат TIER2 сертификатот (грубо земено над 2001/2 година).
 
Од економски аспект, нагласи, тоа ќе значи да увезуваме поевтини моторцикли, а од безбдносен аспект ќе се возат понови и побезбедни моторцикли, произведени од 2002 па наваму.


Harley Davidson од 2002 за 3000$???
 
Абе друже, тоа е муабет на министер за пред медиуми, имавме состанок со него пред да се симнеме доле, човекот искрено кажа дека повеќето од министрите во влада биле против предлогот, ама ја истерале работата. Не праша што може позитивно да се извлече од ова и му кажавме дека нели ќе се возат по нови мотори од кантиве што ги имаме тука за истите пари (мислејќи на мотори стари 15 години што се продаваат за цена од 3000 евра).

Иначе се наоѓа се по америката, само треба да го имаш правиот човек ;)

дури и на нет може да се најде убава понуда...

http://cgi.ebay.com/ebaymotors/ws/e...&item=120838989150+&viewitem=&vectorid=229466

http://cgi.ebay.com/ebaymotors/ws/e...&item=140676677625+&viewitem=&vectorid=229466
 
Првото нешто што ќе го помислите кога ќе го видите новиот Ford Mondeo е тоа дека премногу личи на Aston Martin, дури и повеќе од претходниот модел кој се најде во претпоследното продолжение за тајниот агент Џејмс Бонд...

Но, кој може да им замери на Ford поради тоа. Долгогодишното поседување на луксузниот британски бренд од Гајдон си го направило своето. Но, Mondeo си има своја уникатност, а неа ја докажува со лидерство во неговата класа. А, новиот модел би требало дополнително да профитира од новата архитектура со помала маса, нова генерација на multilink суспензија и електричен серво управувач.

Кога сме кај електрониката, вреди да се споменат автономното паркирање и говорните наредби, како и дигиталниот дисплеј, наместо аналогните контролни уреди.

Под поклопецот ќе се најде палета на бензински, 1.6 и 2.0 литарски EcoBoost, и дизел мотори со турбополнач, а веројатно нема долго да чекаме ни за хибридна верзија. Автомобилот ќе се нуди во три каросериски изведби – лимузина, hatchback и караван.

Сепак, меѓу сè ова добро има и една лоша вест. А, тоа е што Ford Mondeo најпрво ќе дојде кај Американците, а ние ќе треба да почекаме уште една година.

А, дотогаш видете од нашите фотографии како изгледа тој.



koli.com.mk
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 16:27 ---
Солиден одговор на Опел Инсигниа, останува да го видиме во живо. Почетна цена се очекува околу 25.000 евра
 
Личи на Астон Мартин, но на прв поглед мене ми заличи на
images
 
Стана мода позади скапите автомобили да ги прават како ајкули прво Panamera потоа FF сега ова но сеуште е концепт.
 
И да го имаш кај ќе го возиш ? по нашиве улици и да ми го даваат не го возам иначе прејако е !:vozbud:
 
И да го имаш кај ќе го возиш ? по нашиве улици и да ми го даваат не го возам иначе прејако е !:vozbud:

Ова само за во странство да го возиш, тука кај нас строго НЕ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom