Сега ми тврдиш дека во контејнер со ѓубре можам да најдам нешто вредно ако промешам низ него. Мене контејнерот премногу ми удира на носот и затоа сум против некој да ми го сместува пред мојот двор. Затоа што прашање е на време кога пците и мачките ќе почнат да довлечкуваат од ѓубриштето и во мојот двор.
Јас ти тврдам многу различно од тоа што ти сакаш да кажеш. Реков, Црните не бираат начин за да нешто уништат, навредат итн итн! Никој насила нема да ти донесе ништо под нос!
Никој насила не ти ја даде Книгата,никој насила не те викна тука... Се е до тебе и твојата желба да дојдеш и да плукаш на она што не го разбираш или те плаши.
Прашање е на време кога други ќе разберат а ти не, заради кој знае кои твои причини.
Ние сакаме вие да правите што е вашата волја и тоа да биде целиот закон!
Дека и вие сте Ѕвезди! И дека, ако го прифатите законот дека и вие сте Ѕвезда, имате право да ја исполниш својата највнатрешна најчиста суштина, да го прави го тоа и никој нема да ви каже не!
Со тоа прифаќате и дека секој друг е Ѕвезда и ги има истите права како вас! Право на Љубов, Живот, Слобода, Светлина обединети преку Закон!
Тебе ти се нејасни работите а упорно доаѓаш и напаѓаш дека телемата е ова или она. Телемата е ова! Секој човек да биде свесен и способен! Да работи на своето развивање; ако тоа за некој значи да заврши докторат, нека му биде, ако некој мисли да оди 22 години аџилак нека му биди! Ако некој мисли дека неговата волја е да убие 78 девици... нешто не е во ред со него!
Зошто? Бидејќи со тоа го кршиш туѓото право за Живот, Љубов, Слобода, Светлина! Просто е само, кој да ви свари! Вие само да гризнете и нормално, да се згрозите бидејќи знаете дека кучиња не се јадат! Видете ги кинезите!
Погледни ги контејнерите околу твојата Куќа, мислам дека тоа не е телемата! „Благодарам“ што толку „добро“ мислење имаш за нас. Знаеме дека човекот може многу пониско да се симне отколку што може да се качи, но тоа е тоа.
П.С. Повеќе нема да реплицирам на вакви твои постови, бидејќи не заслужуваат одговор.