Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Е сега истреска и тоа многу. Кристијано на секоја утакмица по 3 гола дава, исто и Меси, неможеш да кажеш дека пола му се од пенал кога се корне од давање голови, не мешај баби и жаби. Нема везе Ибра од што дава голови и како, битно ги дава, не е секој мајстор па да не промаши пенал во една сезона, иако е само една половина од првенството помината човекот е без промашување. Како и да ја вртиме Милан без Ибра до титула многу тешко, скоро и невозможно (ова ако остане истиот состав само без Ибра). Кој сака нека го вреѓа, нека го мрази али Ибра е формулата за шампионска титула во првенство... во ЛШ никако. :P
Покажавме минатата сезона во неколку наврати дека можеме и без него.Исто и за Миланското дерби игравме без Ибра па лагано си тепавме 3:0.
Јасно е дека со Ибра е многу полесно и кога не му е денот како што беше со Аталанта знае да постигне гол и да асистира мајсторски ама имаме покажано неколку пати дека и без него се може некако.Сезонава без него на Кампот изигравме 2:2 со Барса,а многумина мислеа дека без Ибра нема да постигнеме гол.
Секоја чест за неговата игра кај нас и за тоа што го прави ама во Милан има и други играчи кој што имаат иста важност како Ибра само се помалце забележани од него.Човекот е роден шампион и се издвојува над останатите наши играчи ама дека сме нула без него мало морген. :)
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Не знам што се палите вие миланезите ... Ја само го изразив моето мислење, башка исто бодови имаме ... Ко прво се дигате палите и не знам што дека одма обезбедена ви е калчо титулата само уште во лш конкурентни да бидете, ко второ не знам што не е јасно за неколку кола единствени ќе бидеме на врвот, ви следат тешки утакмици на почеток од новата полусезона ;)
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.946
Поени од реакции
50.858
второ не знам што не е јасно за неколку кола единствени ќе бидеме на врвот, ви следат тешки утакмици на почеток од новата полусезона ;)
а тогаш ќе биде све местено или нагло ќе се оправи првенството и ќе стане регуларно?
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
а тогаш ќе биде све местено или нагло ќе се оправи првенството и ќе стане регуларно?
Јас посочив и кажав цело време има намештаљки во Италија, не реков Милан местел или Јуве, реков не е ради милан што е прв, туку општо мој впечаток е дека мафија ради док полиција спава во калчото ...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.897
Не знам што се палите вие миланезите ... Ја само го изразив моето мислење, башка исто бодови имаме ... Ко прво се дигате палите и не знам што дека одма обезбедена ви е калчо титулата само уште во лш конкурентни да бидете, ко второ не знам што не е јасно за неколку кола единствени ќе бидеме на врвот, ви следат тешки утакмици на почеток од новата полусезона ;)
А од каде си толку сигурен дека ќе изгубат на тие тешки утакмици? Не значи дека почетокот на сезоната и беше слаб дека и сега ќе е така, можеби вие ќе паднете (како и секоја сезона после нова година се губете) :свиркам:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.498
Поени од реакции
14.945
Не знам што се палите вие миланезите ... Ја само го изразив моето мислење, башка исто бодови имаме ... Ко прво се дигате палите и не знам што дека одма обезбедена ви е калчо титулата само уште во лш конкурентни да бидете, ко второ не знам што не е јасно за неколку кола единствени ќе бидеме на врвот, ви следат тешки утакмици на почеток од новата полусезона ;)
Ако до дербито Милан-Јувентус не направите некоја бодовна предност (6+ минимум), шансите за титула ќе ви бидат скоро никакви.

А, најверојатно пред 21 коло вие ќе бидете во некоја негатива, па ќе треба да стигнувате... Памти ми го зборот... :)
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Ако до дербито Милан-Јувентус не направите некоја бодовна предност (6+ минимум), шансите за титула ќе ви бидат скоро никакви.

А, најверојатно пред 21 коло вие ќе бидете во некоја негатива, па ќе треба да стигнувате... Памти ми го зборот... :)
Па би рекол дека ние сме во предност ... Само со вас играме во гости, а дома против Рома, Лацио, Интер, Наполи, Удинезе ... Од овие 5 утакмици дома очекувам минимум 11 бода ради тоа што годинава на новиот стадион тешко дека некој ќе не победи ....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
^^ Не идете оф-топик

Да се вратиме на темата за судиите :свиркам:

:icon_lol:
Се сум видел на темава, али да поставиш нешто вакво, сериозно треба да размислиш за некаква помош.
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Се сум видел на темава, али да поставиш нешто вакво, сериозно треба да размислиш за некаква помош.
Сакав и јас да пишам брат,али што ке се умарам,ајде нека очекуваат уште еден пенал со нас,или без црвен не се поминува...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.879
Поени од реакции
116.171
Покажавме минатата сезона во неколку наврати дека можеме и без него.Исто и за Миланското дерби игравме без Ибра па лагано си тепавме 3:0.
Јасно е дека со Ибра е многу полесно и кога не му е денот како што беше со Аталанта знае да постигне гол и да асистира мајсторски ама имаме покажано неколку пати дека и без него се може некако.Сезонава без него на Кампот изигравме 2:2 со Барса,а многумина мислеа дека без Ибра нема да постигнеме гол.
Секоја чест за неговата игра кај нас и за тоа што го прави ама во Милан има и други играчи кој што имаат иста важност како Ибра само се помалце забележани од него.Човекот е роден шампион и се издвојува над останатите наши играчи ама дека сме нула без него мало морген. :)
Во ред е сето тоа во право си, ама и Барса може без Меси и они го покажаа тоа во неколку наврати нели? :) Муабетот ми е дека без Ибра се може, но не на подолгорочен план, на пример неколку месеци да го нема е тек тогаш ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Можеби повеќето голови ги даде од пенал сеознава, но и те како битни беа головите и во битни делови од мечевите ги даваше. Тежината на неговите голови е непроценлива, еве прост пример ќе ти наведам, во Интер пред неколку сезони беше повреден подолг период и Интер успеа да прокоцка огромна предност пред Рома мислам беше и Ибра се врати и во последното коло два гола даде. Таков тип на играч е, лидер на нападот, кога на целиот тим не му оди тој знае со некој страшен потег да шибне некој гол или да направи некоја луда асистенција и да ја реши утакмицата. :)

Инаку не сакав да кажам дека Милан има лоши играчи и дека само Ибра им вреди, далеку од тоа, али Ибра е лидерот преку кој иде се. Искрено да ти кажам многу ми е криво за Пато бидејќи се гуши покрај Ибра а и нема среќа со тоа повредите. Да не дојдеше Ибра целиот товар ќе паднеше врз Пато и тој ќе беше лидер на тимот, а вака се губи покрај Ибра. Не е Пато за втора "виолина" во нападот. :)
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 02:32 ---
Па би рекол дека ние сме во предност ... Само со вас играме во гости, а дома против Рома, Лацио, Интер, Наполи, Удинезе ... Од овие 5 утакмици дома очекувам минимум 11 бода ради тоа што годинава на новиот стадион тешко дека некој ќе не победи ....
Не се мавај од земја и ти сеа, до крајот на годината тешко дека некој ќе ве победи, пфффф што бе преку ден Реал Мадрид станавте? Океј не викам не, Јуве е стварно доста добар годинава али НЕ и до толку убедлив за да не изгуби, па ни на домашен терен. Во вториов дел очекувај си во брзо време некој кикс и тоа против некој шугав тим како Чезена, Болоља, едноставно не се роботи па да издржат до толку.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.164
Поени од реакции
6.042

Главна предност на Јувентус е тоа што не играат во Европа. Немаат среда-недела утакмици, имаат само една неделно. Така да можно е да го издржат ова темпо и да останат непоразени до крај.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Не се мавај од земја и ти сеа, до крајот на годината тешко дека некој ќе ве победи, пфффф што бе преку ден Реал Мадрид станавте? Океј не викам не, Јуве е стварно доста добар годинава али НЕ и до толку убедлив за да не изгуби, па ни на домашен терен. Во вториов дел очекувај си во брзо време некој кикс и тоа против некој шугав тим како Чезена, Болоља, едноставно не се роботи па да издржат до толку.

За на страна ок, али на домашен терен нема шанси ти гарантирам да изгуби ... Ептен голема мотивација добиваат играчите, играат ко луди не за џабе фактот у просек 70% посед на топка и минимум 20 шанси ;) си го пратам ја Јуве знам како игра ... ;) ( знам дека нејќеш вакво смајли :P )
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Во ред е сето тоа во право си, ама и Барса може без Меси и они го покажаа тоа во неколку наврати нели? :) Муабетот ми е дека без Ибра се може, но не на подолгорочен план, на пример неколку месеци да го нема е тек тогаш ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Можеби повеќето голови ги даде од пенал сеознава, но и те како битни беа головите и во битни делови од мечевите ги даваше.
Сите зборат за тоа како Милан е зависен од Ибра, но и сите забораваат дека Милан сезонава е константно со 5-6 повредени играчи на страна (сега за дуелот со Аталанта 7 беа повредени). Е сега таков и е фудбалот и овие работи се неизбежни, меѓутоа ете Јувентус како што приметувам сезонава повеќе од 1-2 повредени играчи нема, најверојатно заради послободниот календар. Милан да беше во таа ситуација сигурен сум дека бар во најмала рака исто ќе играа како моменталниот Милан. Касано беше играч со најголем број на асистенции за 2011 година, и страшно фали во нападот. Па еден напад сочинет од Пато-Касано-Робињо/Боатенг би бил страшен ко за серија а. Знаејќи и дека останатиот дел од тимот е здрав и жив поради минималниот број на повреди.

Сето ова е реторички меѓутоа неможете да зборите дека Милан е апла зависен од Ибра (еве не ти, но некои други и тоа го викаат) кога тимот е далеку од комплетен. Дури и Барса, Реал и останати големи тимови кога би биле осакатени со повреди би зависеле од некој клучен играч кој без него би биле ко пола тим од тоа што се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom