Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Хммм... Доколку постои единствено фило-дрво, само за себе, можеби твоите скепси ќе имаа некаква тежина, НО, овде станува збор за филогенетското дрво на видовите.
Тоа што ти викаш „6 нозе, 3 очи и пар крила“ е потполно идентично со генетската структура на видовите. За поедноставно, за оние кои не можат да не' следат:
Живиот свет на планетата земја опишува едно дрво.
Во тоа дрво ПОСТОИ АПСОЛУТНО ПОКЛОПУВАЊЕ на физичките со генетските карактеристики на секој вид одделно. Оттаму, твојата „забелешка“ дека филогенетското дрво се однесува исклучиво на анатомските карактеристики на видот едноставно не е точна.
Доколку направиш макета од дрвото на видовите (според анатомијата), а потоа направиш генетско дрво на видовите, ОВИЕ ДВЕ ДРВА ЌЕ БИДАТ АПСОЛУТНО ИДЕНТИЧНИ.
Ова, Мики, кажува дека било која РЕСИСТЕМАТИЗАЦИЈА на анатомското дрво, ќе повлече ресистематизација во геномот. А, ќе мора да се согласиш дека ресистематизација на геномот е чиста глупост.
Лонг стори шорт: (1) Анатомското дрво е идентично со Генетското дрво на животот. (2) ТЕ има и тоа каква врска со развојот на генетиката - без механизмите кои ги предлага еволуцијата, генетиката е бесмислена.
Чекај стоп малку.
Ќе навлеземе во дискусија(за која во моментов ќе немам време да подприсоберам некои факти, бидејќи не ми е се у глава) каде ќе дојдеме до моментот дали мутациите кои се случуваат секојдневно допринесуваат за промена во геномот да тој допринесе да биде окарактеризиран како нов вид.
Додека бев на времето повеќе инволвиран во овие работи мислам дека цифрата беше исто фрапантна кај видовите од класа цицачи, да се случи ваквото пореметување на геномот.
Ј аимам следнава ситуација:
Филогенетско дрво (анатомско, генетско се заедно) поставено од позиција каква што сега ја имаме и сознанија какви што денес ги имаме.
Секој новооткриен животен облик во моментов, внимавај ОБЛИК, е многу лесно да го систематизираш некаде во постоечките видови или да му додадеш нов NODE во дрвото.
Дали ќе погрешиш или не, небитно. Дали ќе има нов вид на многуте досега небитно за никого.
Ги споменувам инскетите како најмногу бројни на планетава.
До пред низа години (десетици е рангот веројатно) ако не се лажам (треба да проверам нели, затоа и велам немам многу време за вакви подетални дискусии) пајаците се дистинцирано од инсектите, што укажуваше на тоа дека не само видот, туку и погорните скалила, ред, род , фамилија итн... се подложни на промени.
Досега не е откриен вид, иако времет е многу кратко стотина години, кој не може да биде систематизиран во филогенетскот дрво.
Сосема нормално оти секојпат се обидуваме да поставиме нов вид, или да го вметнеме во веќепостоечкиот.
Јас би запрашал според тебе колку генерации се потребни за еволуција на хомосапиенсот од неговиот предок кој не знаеме кој е (или знаеме?), во согласност со експериментите со бактерии?
И тоа ќе земеме иста веројатност, дека мутацијата кај една генерација бактерии, е еднаква на мутацијата кај една генерација хомоспаиенс што исто така е неприфатливо?
Она што јас го знам е дека за една бактерија која има живот 15 минути во лабораториски услови, за да дојде до промена на видот потребни се некаде околу 500 000 до 600 000 генерации.
Тоа значи дека има 4 генерации на час, тоа пак значи дека има 96 генерации во текот на денот, или 35040 генерации годишно. Значи потребни се 15 ина години и повеќе да дојде до формирање на нов вид.
Ај сега ова генерализирано за хомосапиенсот, иако е невозможно да важат истите услови за хомосапиенсот и за бактеријата.
Една генерација 80години старост. 500 000 генерации се 40 000 000 (40 милиони години).
ФРАПАНТНА БРОЈКА НЕЛИ???? Не имало заедно со Тираносаурусот. Не бива работава.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:18 ---
И навивачите на оној тимот како се викаше сигурно биле фрапирани нели? Веќе кажав дека не шпекулирам за веројатностите, туку само за фактите.
Генетиката ја потврдува еволуцијата на човекот и неговата поврзаност со останатите примати.
Така е биле навивачите фрапирани ама виделе со свои очи и се увериле дек анекојпат и чуда се случуваат.
Токму така Ипси како во болдот. АПОСЛУТНО ТОЧНО со мала корекција.
Генетиката ја потврдува еволуцијата на човекот и неговата СЛИЧНОСТ со останатите примати.
Каде во погорниов болд гледаш дека го докажува нивното потекло?
Спорно е потеклото на видовите, не е спорна нивната систематизација откако веќе ги имаме на дланка сите.
Ако ти дадам 500 сликички да ги залепиш у албум соодветно, ќе го сториш тоа. И ќе си ги систематизираш кој з акоја репрезентација игра според дресовите. Ама како сум дошол до сликичките нема да те засега.
Тоа е генетиката, не ј аинтересира потеклото и зашто е човекот тука, туку да се подобри квалитетот на животот.