TE секогаш ќе биде теорија. Исто како и Торијата за гравитација, Торијата на тектонски плочи или Теоријата на релативитетот. Во науката не постои повисока инстанца од научно потврдена теорија. Таква е ТЕ.
Од друга страна, за да се сруши ТЕ, доволно е да најдеш едно единствено животно или растение кое нема да се вклопи во филогенетското дрво. До денес таков организам не е пронајден, а нови видови се откриваат и вметнуваат во филогенетското дрво секојдневно.
Значи, да нема забуна: ТЕ е научна теорија која е научно ПОТВРДЕНА!!! Ниту еден сериозен научен авторитет не ги става под знак на прашање механизмите на ТЕ.
Некому може да не му се допаѓа тоа што го тврди ТЕ, но, еве, до денешен ден ниту еден единствен обид да се порекне/негира БИЛО КОЈ од механизамите на ТЕ не бил успешен. А секако имало многу.
Настанокот на животот, настанокот на човекот, причините за постоење... за све ова може човек да е скептичен и да се сомнева, НО да се сомневаш дека „постои еволуција вон самиот вид“ би значело дека целата наука Генетика е чиста глупост. Нели? Би значело дека секоја вакцина е случајност, а сета биологија (зоо + ботаника) само налудничаво и неосновано систематизирање на милионите видови.
Во моментот кога ќе успееш рационално да го оспориш геномот или филогенетското дрво, тогаш ќе можеме да правиме озбилен рационален муабет на темата. До тогаш, све би се свело на „ама мене не ми се свиѓа оваа варијанта, па затоа нема да верувам во ова“ - што не е рационална, туку емотивна одлука. Последниве во науката се не-доз-во-ли-ви!
Хмм, науно потврдена теорија? Сомнителна категоризација.
Јас не би ја споредил со Њутновиот закон за гравитација, ниту пак со теоријата на релативноста.
Се наоѓам себеси компетентен да дискутирам околу гравитацијата и релативноста и нивните маани и недостатоци. Не можам да го кажам истото за ТЕ и затоа секојпат ќе споменувам јас се сомневам, јас верувам или неверувам, и ми се допаѓа или не.
Со моите познавања од таа област, посебно генетиката (иако се скромни во однос на луѓе кои се занимаваат со тоа) а и одреден период активна професионална инволвираност во истата, со мирно срце и чиста совест тврдам дека ТЕ нема благе везе со развојот на генетиката.
Да појаснам не е проблем самото филогенетско дрво. Не мора да се спори тоа.
Од ентомолошка гледна точка тоа оди вака: наоѓаш инсект, го гледаш под микроскоп, броиш раце, нозе, крила, дел од телото и бараш каде да го сместиш во филогенетското дрво. Доколку најдеш единки со доволно карактеристики во некој од понудените видови ќе го сместиш таму, доколку не најдеш тогаш ќе го сместиш во нов вид од најсличниот РОД, а тоа понатака ќе си превземе фамилија, ред, тип итн....
Ваквата систематизација без разлика длаи некој инсектот, бактеријата или што и да е откриено не игра улога во развојот на најголем дел од генетиката. Систематизацијата е само статистичка категорија. И без неа ќе си врви медицината и генетиката.
И без систематизацијата ќе нема проблем да знаеме дека шимпанзото има 97.3% исти гени со човекот.
И без ситематизацијата ќе може да го тестираме ендокриниот и дигестивниот систем кај глувците како најсличен со човекот.
Едноставно, никого ама баш никого не го засега ТЕ во областа на медицината и генетиката, најмалку филогенетското дрво.
ОНА ШТО ИМ Е БИТНО СЕ 4ТЕ ЕЛЕМЕНТИ -
МУТАЦИЈА, НАСЛЕДУВАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И АДАПТАЦИЈА.
ГЕНЕТИКАТА ГИ КОРИСТИ ОВИЕ 4 РАБОТИ ЗА СВОЈОТ НАПРЕДОК.
ТЕ ги обединила во себе овие 4 работи но недоволно добро.
Би сакал да се направи дистинкција меѓу самата ТЕ и нејзините 4 елемнти кои ама баш ниту едно здраворазумско битие не ги оспорува.
Дури јас би рекол систематизацијата на пример за некој цицач тргнувајќи од вид, род, подфамилија, фамилија, подред, ред, поткласа, класа итн.... до ТИПОТ ХОРДАТА или рбетници воопшто е неспорна.
Значи секој вид се систематизира вака почнувајќи од вид одејќи до тип како највсоко ниво на систематизација.
Меѓутоа тоа воопшто не повлекува дека сето тоа е точно, нели?
Ти ќе ги ситематизираш и птиците и рибите и влечугите и цицачите како РБЕТНИЦИ, но не значи дека сите имаат исти предок.
Тоа што сите имаат карактеристики на РБЕТНИЦИ не ги прави дека некогаш во минатото имале исти предци.