ОГРОМЕН ТУНЕЛ ПОМЕЃУ РУСИЈА И САД?

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Тунел долг 105 километри ќе ги поврзе САД и Русија до 2030 година. Планот за изградба на подводниот тунел во вредност од близу 100 милијарди долари кој ќе поминува под Беринговиот теснец бил поддржан од страна на некои високи функционери на претседателот Дмитриј Медведев.Тоа би значело дека еден ден ќе бидеме во можност да седнеме во воз во Њујорк и возејќи се низ светот да стигнеме во Лондон, а во исто време да уживаме во убавата глетка на шумите низ Канада, Руската тундра и европските низини. Идејата за изградба на ваков тунел постоела повеќе од еден век.



Рускиот цар Николај Втори двапати го одобрувал овој план за сличен тунел, но до негова реализација не дошло поради Првата светска војна и Руската револуција. Поддржувачите на оваа идеја веруваат дека со ваков тунел, превозот ќе биде побрз, поевтин и посигурен низ целиот свет за разлика од товарните бродови. Тунелот би можел да преземе околу три проценти од глобалниот товар и да направи приход од седум милијарди долари годишно. За оваа идеја се размислувало во Москва и во 2007-та година.



Инаку, според плановите, до 2030 година Русија треба да го ископа и постави нејзиниот дел од тунелот, како и железничка пруга во должина од дури 5000 км. Во истиот период САД треба да го изгради својот дел од тунелот, како и да постави железничка пруга во должина од 2000 км. Тоа би бил најголем сообраќаен проект во Светот воопшто, а покрај останатото, целта е и да се забрза развојот на запоставените области во Источен Сибир (Јакутија), коии изобилуваат со огромни резерви на рудни и минерални суровини.

Интересно е што изградбата на тунелот помеѓу Евроазија и Америка, би било прво копнено поврзување на овие два континенти по 21.000 години, односно по последната плеистоцена глацијација (големо заладување). Пред тоа, двата континенти биле поврзани со дебела мразна покривка, која веројатно овозможила преминување на племиња и групи од Источна Азија кон Северна, потоа Централна и Јужна Америка.

Извор
 
B

BrunoFresh

Гостин
Арно му текнало, само да не е за лоши работи :) Али меѓу русија и сад некоја добина баш нема :D
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Еден Јапонец мислам дека беше проектираше Мост на Берингов проток,сега пак тунел им текнало.
Технологија за градба има,но дали длабочината го дозволува тоа,составот на дното и еден куп фактори.Искуство се има од тунелот под Ла Манж ,ама дали тоа може и овде да се спороведе,должината мислам дека е двојно поголема од тунелот под Ла Манж.
Голем знак прашалник е овај проект????????
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Ова мене, барем според сликава, не ми изгледа на 105 километри, туку далеку повеќе.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.925
Да,сум гледал документариот филм Discovery chanel и кажува дека ќе се реализира ТрансАтланскиот воз што се поврзува преку беринговиот теснец но тука има и втора опција а тоа е потопниот тунел нешто како џиновски цилиндер со двонасочни шини и кој ќе работи
со магнетна левитација,а дали ќе се реализира хм хм ....хм ..тешко,но не е невозможно.

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Авторот на текстот кога преведувал веројатно нешто испуштил.Проектот е предвиден да заврши во 2045 година. Главната цел на овој тунел е да претставува транспорт на стоки се до 100 милиони тони од Сибир до САД и во обратен правец,тунелот треба да биде и линк помеѓу Северна Америка и Азија во транспортот на електрична енергија.Тунелот има за цел и скратување на времето за патување,ќе се долови можноста да се патува преку разни климатски периоди.
Извор
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Dobra rabota vo sekoj slucaj i vo ekonomski aspekt(trgovija) i vo turisticki aspekt. Namesto trgovijata pomegju ovie dve zemji da se obavuva po voden i po vozdusen pat, vaka kje se obavuva i po kopnen pat, bidejkji na nekoj nacin dvete zemji(Rusija i S.A.D.) kje bidat spoeni so ovoj tunel(Sibir i Aljaska).
No ova ne e nisto cudno, vo poslednive godini prijatelstvoto pomegju Rusija i S.A.D. znacitelno se zgolemi, denes dvete zemji(nekogasni luti rivali) se generalno vo dobri odnosi i imaat vzaemna sorabotka vo povekje polinja: ekonomski, voeno, tehnoloski i.t.n.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Јас па на Дискавери гледав ваков тунел од Њу Јорк, Лондон и завршува во Париз
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.415
Поени од реакции
5.084
Таман, за дваестина години МАГЛЕВ возовите ќе станат секојдневие (денес во Кина има таков транспорт), па со изградбата на ваков тунел, буквално ќе летаат стоки и луѓе со брзини над 500 км/ч.
Многу ефикасна работа би бил таков тунел.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
каква е користа од ова?
што ќе им е тунел на најмалку населениете региони во Русија и Америка?
и дете од 5 години ќе ти каже дека оваа вест е безвезна
Тоа е и една од целите на овој проект тој дел да заживее, таму во тие области на Русија има најмногу минерали и злато, дијаманти, манган, цинк, никел, кобалт, нафта и природен гас. Поблагата клима во некој дел на Сибир е идеална за произведство на пченица и компири. Спротивно на ова Аљаска има ограничување во земјоделските потреби, Тунелот ќе биде размена на стоки и услуги тоа му е основната цел,на Америте им треба гас на Русите струја за Сибирот.
 
T

Tetro

Гостин
Еден Јапонец мислам дека беше проектираше Мост на Берингов проток,сега пак тунел им текнало.
103 км, со трошоци од , кхм, 65 милијарди зелени.
Подобра и поефтина варијанта е од копање тунели.

Видеото од прва сезона петта епизода на Extreme Engineering.
http://www.veoh.com/watch/v6487378ErScE5Ff

Кој ќе поминува низ овој тунел? Двете страни на Беринговиот теснец се многу студени и ветровити.
Транспорт на стока и по некој патник (можда).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom