За 15 дена изградиле хотел со 30 ката

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Локација
Dracevo
Доколку некогаш сте се запрашале што се може да се направи за две недели најверојатно никогаш не ви паднало на памет дека за тоа време може да се направи зграда од 30 ката.
Градежната компанија "Broad Group" во текот на 2011 година за една недела изградила зграда од 15 катa, а потоа решиле пред себе да си постават нова навидум недостижна цел и за две недели да направат два пати повисока зграда.
Хотелот од 30 катa е изграден за две недели пред Нова Година. Како што тврдат изведувачите, и статистичките податоци за оваа зграда , станува збор за безбедна и еколошки ефикасна градба.
ВИДЕО :


Баш ме интересира Архитектите и оние што се разбираат од Архитектура од форумов што мислат за зградава !

Мене ме фасцинираше ова што го видов !
 
wooow128642549437940544.jpg



Kaj e oва ? Кина ?

Што е многу ,многу е .. ич не ми се веруе ова.
 
wooow128642549437940544.jpg



Kaj e oва ? Кина ?

Што е многу ,многу е .. ич не ми се веруе ова.
Зошто а да не бе....нели глеаш дека е сува градба....само желевца склопени и гипс картон......немаш бетони,малтерисувања,фасади и сл.
 
Мислам дека имаше за ова тема..Не е чудно и за еден саат ова да го изградат они :pos::pos:
 
Многу импресивно!!!!

Само се надевам нема на крај да се распадне за 15 дена коа ќе ја дувне некое ветре хаха шала, сепак браво за Кинезиве!
 
Зошто а да не бе....нели глеаш дека е сува градба....само желевца склопени и гипс картон......немаш бетони,малтерисувања,фасади и сл.

Чоек, па и плукни залепи да е, 30 ката... хаха..
 
Aбе еве еден од доказите дека се број еден во светот!Америка јасно е дека веќе е во аут.:P
 
материјалите се готови склопени и сето ова е како да склопуваш една голема играчка. се е на штрафови и заварувања нема бетон нема мачкање плочи ставање дрн дрн дрн. Материјалите идат на камион кранот ги крева ги поставува работници заштрафуваат КРАЈ. едино што прават отпосле е само поставувањето на мебелот
 
Ви кажува во видеото дека зградата е отпорна на земјотреси до 9 степени по Рихтер.
Или само доаѓате тука да тролате и билдате постови?

Едно само ме интересира, имаат становите звучна изолација?
 
Еден земјотрес од околу 3-4 степени по Рихтер, и за неполни 15 секунди ке го имаат и првиот хоризонтален хотел :P


china_1432267c.jpg
да бе нема проблем. глупи се они и такво нешто ке си дозволат каде што секој ден имаат такви земјотреси од 3 4 степена по рихтер. + оваа зграда која е „монтажна“ да се каже мислам дека повеќе би издржала отколку Бетонска зграда од проста причина што ако бетонот почне да се рони се ке се сруши. тука железово тешко да го снајде таква судбина. и игор ви кажа убаво. инженерите кажуваат дека до 9 степени не би требало да и биде ништо на зградава а за оваа шо ја имаш на слика имам читано дека при изработка на самите темели имаат ставено слаба арматура и затоа е падната од „корен“ да се каже :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom