znam deka zagarot e dobar za lov
no barakot bil uste podobar
И Баракот ти е ловџиско куче, јас сум чувала два Бараци, прекрасни биле за лов (јбг татко ми е ловџија иако јас тоа не го оправдувам), особено за голем дивеч. За ротвајлерот конкретно знам дека можеш да го научиш да биде ловџиско куче, само ниту едно ловџиско здружение нема да ти дозволи да отидеш на лов со ротвајлер поради фактот што пленот го ловат жив. А и да те видат на лов со такво куче... реално ќе си плаќаш огромни казни, без разлика дали имаш или немаш дозвола за лов. Бараците ти се фантастични, а подобри од Бараци (барем според татко ми) се Алпинците и Балканците. Релативно лесни за чување. Со Баракот можеш да имаш проблеми со крзно, и ако веќе се решиш да чуваш Барак, барај да биде од добро легло, со добра генетика.
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 16:53 ---
Тука имаш се.
И нешто од искуство со самоједи (ако се одлучиш за мажјак), очекувај да ти бега секој пат кога ќе осети женка во период. Имаат страшно сетило за женки, па и пред да добијат па и од како ќе им мине периодот. Јас конкретно имав огромни проблеми со два самоједи у комшии. Не можев да излезам од дома а тие да не и се закачат на мојава
. Па тука има дерење, урлање, пцуење, бутање... не бе брат, не се откачува па ти шо сакаш праи. Неколку пати им се откачуваа од ремчиња само да дојдат до кучкава. Интересно беше што, ја осетија една недела пред да добие и цело време беа околу неа. Не дозволуваа друг мажјак да и се доближи. Ја осеќаа и две недели од како и заврши. Реално, тоа може да ти претставува проблем. Искрено, со други раси сум немала таков проблем, единствено само ако помине премногу блиску до неа, а и лесно сум успевала да ги избркам. А ова самоједиве... тоа е чудо, ја осеќа на 500 па може и повеќе метра, и еве ти го шпринт до неа. Газдата на кучето мислам дека нема трцано у живот толку многу