Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Формулирај уште едно прашање, овој пат разбирливо бидејќи јас не сфатив што ти треба.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Значи вака.

Тренинг програма имам многу добра,составена од човек,така да тоа не ми е потребно,барем не сега за сега.

Цел- да задржам килажа,или да намалам максимум 2 кила.

Проблемот е следен--Исхрана&суплементација.

Но,не да ми кажете не јади кроасани и пирошки и толку...ако некој може,знае,да ми каже по детално што-како-кога-колку да јадам.

Тоа е..на другата тема имав постирано и многу подетално,ако некој е заинтересиран да помогне,ќе му пратам пак.

Фала,и среќни празници :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247

Оди на високо протеинска исхрана, со по 2 грама протеин на кг телесна тежина (значи ако си 70 кг дневно внесувај по 140 грама протеини). Јајца, бело месо, пилешко месо, млеко, млечни производи треба да ти се најчести извори на протеини. Од шеќери комплексни шеќери како компир, леќа, грав, ориз околу 4 гр на кг телесна тежина. Како извор на масти користи маслиново масло, омега масни киселини, масти од семки (бадеми, семки од тиква, ораси...). Јади често, барем 4 пати дневно но помали оброци. Пример

1 оброк - 400мл млеко и 80гр овесни снегулки
2 оброк - 150гр стек, 100гр компир, 2 пачиња леб, салата
3 оброк - 175гр туна, 100гр ориз, парче леб, цедевита, салата
4 оброк - 100 грама урда, 2 парчиња ле, ајвар
 
Фала ти...а кога сум во школо,што да јадам ? обично јадам кроасан 7 дејс и млеко...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Фала ти...а кога сум во школо,што да јадам ? обично јадам кроасан 7 дејс и млеко...
Јас кога сум на факултет јадам кросан+250мл млеко, а после 2 часа уште едно 250мл млеко. Ако сум подолго време тогаш јадам сендвич со стек, помфрит и салата, понекогаш им кажувам да е без компири ако пазам на калории.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Но,не да ми кажете не јади кроасани и пирошки и толку...ако некој може,знае,да ми каже по детално што-како-кога-колку да јадам.
Неможе никој точно да ти одговори, зошто секоја исхрана не е прикладна за секој тип на тело и можеби да не ти одговара тебе.
Затоа треба сам да видиш што дејствува кај тебе, а и според финансиите е премногу себично јас да ти го пишам мојот начин на исхрана и суплементација кога незнам колку имаш да одвоиш месечно.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Неможе никој точно да ти одговори, зошто секоја исхрана не е прикладна за секој тип на тело и можеби да не ти одговара тебе.
Затоа треба сам да видиш што дејствува кај тебе, а и според финансиите е премногу себично јас да ти го пишам мојот начин на исхрана и суплементација кога незнам колку имаш да одвоиш месечно.
Па добро,има разлика у годините,целта и слично...за храна не би имал проблем за финансии,за суплементација би имал,пошто од дома не ми даваат мн суплементи односно,само протеин.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Па добро,има разлика у годините,целта и слично...за храна не би имал проблем за финансии,за суплементација би имал,пошто од дома не ми даваат мн суплементи односно,само протеин.
Прави како што ти пиша Sajsiga.. Во школо најдобра опција ти е јогурт или млеко.. 500 ml со некоја кифла или сендвич со стек.. и барај на google има доста сајтови кои можат да ти помогнат со исхрана..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
хех, ајде приквечер кога ќе се приберам ќе го искуцам текстот што го читав па ќе поразговараме околу тоа. Баш и е објаснето што како и зашто.
Конечно ја завршив само што ја постирав целата статија како тема во Здравје зашто мислам поприкладно и е таму местото ама може да се прочита и да дискутираме. Темата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.581
Поени од реакции
6.300
По пауза од 2 месеци денес повторно почнав со теретана па еве каква ми беше распоредот за денес:
14:00 часот - будење и една лажица мед ( здраво било викат мед откако ќе станеш )
14:30 - кравјо сирење и маслинки со леб + 2 мандарини по оброкот
15:30 - 16:30 тренинг
17:00 5 белки од варени јајца
17:30 2 мандарини и 1 јаболко
18:30 некоолку ореви
20:30 стек и кашкавал со леб
00:00 2 глави варен компир
Па нека ме корегира некој од поискусните што треба да сменам, додадам, скратам од исхраната. :)

Имам 75 кг и висок сум 185цм.
 
Зависи која ти е целта, но компирот не би го конзумирал толку касно бидејќи има висок гликемички индекс, а тоа ти е потребно по тренингот со јајцата, доколку веќе не користиш друг вид на ЈХ.

Мандарините и јабоколото нема да ти играат голема улога овој пат, бидејќи конкретно мускулите нема да имаат потреба од толку фруктоза.

Доколку си во можност, додади барем уште 200 грама пилешко во некој од оброците по тренингот со 200 грама кафеав ориз (немораш цел одеднаш)

Насабајле, додати барем 2-3 мали кришки црн леб (со цело зрно, никако бел) како вид на јаглехидрати со сирењето.

Кашкавалот е опционален, доколку е растителен е со малку масти, но потешко се дигестира во системот затоа премести го час, два пред спиење ако имаш толкава потреба од него.

Види како ќе одреагираш во рок од 3 недели, и доколку телото ти одговори онака како што сакаш ти, значи си на правиот пат. Доколку не, пак сме тука.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Кажете ми пред тренинг што е најдобро да се јаде,а што после тренинг?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Кажете ми пред тренинг што е најдобро да се јаде,а што после тренинг?
Еден час, до час и половина пред тренинг, споро разложувачки јаглехидрати (кафеав ориз, овес, црвен компир) и протеини заедно со нив.
А по тренинг, доколку немаш post workout shake со whey протеин и декстроза, тогаш бел ориз со јајца.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
По пауза од 2 месеци денес повторно почнав со теретана па еве каква ми беше распоредот за денес:
14:00 часот - будење и една лажица мед ( здраво било викат мед откако ќе станеш )
14:30 - кравјо сирење и маслинки со леб + 2 мандарини по оброкот
15:30 - 16:30 тренинг
17:00 5 белки од варени јајца
17:30 2 мандарини и 1 јаболко
18:30 некоолку ореви
20:30 стек и кашкавал со леб
00:00 2 глави варен компир
Па нека ме корегира некој од поискусните што треба да сменам, додадам, скратам од исхраната. :)

Имам 75 кг и висок сум 185цм.
Спиеш 14 часа ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom