Во словенската митологија постои бог Коледа кој бил бог на зимското сонце.Дабот им бил свето дрво.По христијанизацијата на нашите предци старите верувања и обичаи си нашле место во христијанството.Јас мислам вака.
Бог на зимското сонце кај Словените е бил Хорс, третиот ден од краткодницата се палеле огнови со цел да се врати богот на сонцето, Сварог(Сварожич), некаде може да се сретне дека оганот се пали за да се повика сонцето(кое се сметало дека е божество за себе) и Бог Дајбог(Дажбог), сепак и Коледа може да се сретне како божество, ама поверојатно е дека станува збор за ритуал(недостиг од пишани извори, целата словенска митологија е таква, усните извори доминираат). За значење на ритуалот нема единствено мислење, некој сметаат дека корен е зборот "коло/и" , а извори има повеќе , коло како тркало(коловрт), коло како оро, коли како убива. Сите целат кон кругот на животот, раѓање, смрт и повторно раѓање се до недоглед. Она што е интересно е дека , како што напоменав горе, се пали на третиот ден од зимската рамнодневица, во овој период сонцето е најниско на хоризонтот и привидно не се движи(рамнодневицата се случува секогаш на 21 или 22 декември), се така до 25 декември кога денот почнува да расте. (погодете кој се родил баш на овој ден

). Втор битен момент е дабот. Централното место во светот,кај Словените, го завзема Световното Дрво(Дрвото на Светот, како ви одговара), кое случајно (или не) е даб кај Словените(и Финците, ама тоа е веќе ,иако сродна,друга приказна). Уште нешто, овие обичаи не се Српски или Руски или Бугарски или Хеленски, туку се Се'Словенски и датираат доста пред христијанството и пред појавата на нациите и државите.
Е сега назад на нашево Коледе овде, во Гевгелија се крши погача во која има паричка и истата се дели на парчиња.Првото оди на Господ, па после тоа следат работата, куќата, па од најстариот член до најмладиот(ова е повеќе за Бадник, избегав малце). Трпезата е строго посна(али јбг, има исклучоци секогаш

) и истата не се пастргнува додека не дојде Божиќ. Порано малите деца ги теравме(не тераа) да го викаме Дедо Божиќ да вечера со нас, сега од тоа многу малку е останато. Песните кои се пеат не се "мрсни", за разлика од оние за Василица.