Унгарците со устав се бранат од исламизација

F

Frankie Yale

Гостин
НЕМАШ ПОИМ КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ! :pos:
Немам појма де.

Од една страна потврдуваш дека Унгарија го поставува христијанството како главна религија, конзервативна христијанска политика како државна политика, а од друга страна викаш дека ја заштитува и чува секуларноста. Малку контрадикорно, зар не? Приметувам недостаток на елементарна логика

Основа на секое секуларно општество, по милионити пат, е одвоеноста на религијата од државата. Со новиов устав Унгарија тргнува на пат да стане теократска држава. Лошите страни на теократијата на сите ни се познати, има примери од сегашноста, примери од историјата, колку ти душа сака...

Уживај, муслиманите се затуцани, па ајде и ние ќе бидеме затуцани... Тоа го кажуваш ти со други зборови. Борба против глупоста со глупост, совршено...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Стварно не разбирам како може да се брани став со ароганција, без притоа човек да не земе негативен став. Ете затоа општествата во кои атеизмот беше врв на достигувањето пропаднаа.

Проблемот со темата беше дали се напушта секуларноста на Унгарија или не. Мислам дека сите што се расправаат тука се подржувачи на секуларизмот. Меѓутоа волку патетични и фанатични атеисти немам видено од расправијата на Кочо со некој поп кај Чомо.

Не гледам никаква разлика од оние истите кои фанатично ја бранат својата религија по форуми. Не гледам во нив луѓе кои се водат од здрав разум, туку гледам луѓе кои сопствената несигурност во своите ставови ги лечат со луѓе кои всушност се вовлечени во таква расправа со разни провокации.

Пред да го осудите и да направите пародија и од овој пост, да ви кажам само, мојата вредност како човек што поседува знаење не е нешто што вие треба да го евалуирате. Јас сум потполно свесен за знаењето што го имам, и не верувам, туку знам дека вреди, преку контактите што ги имам секојдневно. И вашето омаловажување повеќе ќе збори за вас самите одколку за мене.

Вие тука покушавате да го проповедате атеизмот преку ароганција, омраза, исмевање и така натака. Општествата кои пропаднаа во минатиот век ги имаа токму овие атрибути. Колку и да не сака човек, не може да не најде асоцијација со тие општества во вас. Вие на форумов изгледа сте остатоците од тие општества, крајно фанатични атеисти во сопствен Џихад. Со чест на исклучоци.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Стварно не разбирам како може да се брани став со ароганција, без притоа човек да не земе негативен став. Ете затоа општествата во кои атеизмот беше врв на достигувањето пропаднаа.
Како човек да не те исмева кога на религија тропна глупост дека верување е еднакво со неверување...

А и овој пост нормално заслужува ремет, ама премногу е... Мислам, сто пати ти повторија дека секуларизам не значи атеизам и забрана на религија, а вие упорно истото го верглате...

пуст инает...
 
H

HITCH

Гостин
Не, Унгарија не се откажува од секуарноста!
Унгарија бара од верските заедници да си платат данок. Тоа е проблемот! Државата не им се меша на верските заедници, само им бара дел од парите кои ги заработуваат. Сосема легално! Владата не ја отфрла секуларноста со тоа што си бара пари.

Не сум контрадикторна на себе, многу убаво објаснив. Повеќето од Унгарците, а има и луѓе кои не се Унгарци а, се Христијани по вероисповед, и се мнозинство во својата држава. Никаде не ја отфрлаат секуларноста, само во Преамбулата стои дека: мнозинството Унгарци се изјасниле дека се Христијани и поради тој факт, нивната религија е главна. Зарем не прочита дека на сите, над 300 верски заедници, им е дозволено да си ја практицираат верата, се` додека не е законски.
Зарем Македонија не е секуларна држава?! Зарем Полска, Италија, Франција, Германија, Америка, Русија, Бразил.... не се секуларни држави?!

П.С. Само ќе те замолам внимавај малку на начинот на комуникација, не сакам да го спуштаме нивото.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Жртви поради атеизмот земен како составен дел на комунистичката/марксистичката идеологија може да се сметаат само оние кои настрадале поради припадноста кон некоја религија. Колкав процент од жртвите биле поради таа причина не ми е познато но секако имало многу жртви. Во случајот на СССР дополнителен мотив биле и неброените богатства кои со векови се насобрале во рацете на руската православна црква. Чека vs. РПЦ...clash of the titans...:icon_lol:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Како човек да не те исмева кога на религија тропна глупост дека верување е еднакво со неверување...

А и овој пост нормално заслужува ремет, ама премногу е... Мислам, сто пати ти повторија дека секуларизам не значи атеизам и забрана на религија, а вие упорно истото го верглате...

пуст инает...
неверувам дека Бог постои = верувам дека Бог не постои.
Вашиот фанатизам се базира на верба, на друго ништо. Не е тука инает во прашање, на ова ми дадовте контра теза дека неможам да изедначам пливач со непливач.

По која основа јас да заклучам дека не постои бог од вас како пропагатори на атеизмот? Не ли е тоа истата основа по која што треба да заклучам дека постои според пропагаторите на религиите. Инаку ремет ти мене не ми даваш, мене седмото влакно на лево од централниот вртљак ме боли за тебе и за твоите постови, може само ми скрати уште неколку дена дружење тука на форумот и ништо повеќе. Ниту пак твојата ароганција ќе ми измени нешто во животот, таа си е твоја, ако размислиш малце гарант тебе ти отежнала некои работи. Ти и таквите како тебе се уште еден показател зошто атеистичко општество нема да постои во блиска иднина. Самото тоа што вашето царство каде што вие сте шефови и каде ги викате луѓето на мегдан е подфорумот религија, збори нешто за патетиката на кајганскиве атеисти.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Никаде не ја отфрлаат секуларноста, само во Преамбулата стои дека: мнозинството Унгарци се изјасниле дека се Христијани и поради тој факт, нивната религија е главна.
Токму тука е најголемиот проблемот, НЕ СМЕЕ да има главна религија во секуларна држава, со тоа се руши основниот столб на секуларизмот.

Ниедна религија сама по себе не е инхерентно лоша и угнетувачка. Проблемот настанува кога ќе се замеша со политика, преку теократија која на еден начин промовира религиски фундаментализам. Денешните држави со христијанско мнозинство се секуларни, по можеш комотно да направиш споредба меѓу тие држави и оние исламските, кои се во глобала теократски. Тука е Турција како исклучок, во позитивна смисла (во споредба со другите држави со муслиманско мнозинство), која ниту промовира ниту поддржува ниедна религија како официјална и главна, и со тоа ја задржува својата неутралност.

Очигледниот заклучок е дека секуларизмот го овозможил тој напредок, а не теократијата. Ако мислиш дека постои разлика меѓу исламска и христијанска теократија, и дека христијанските се понапредни на некој начин, тогаш, како што спомнав претходно, погледни во историјата кога постоеле христијански теократии...
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 19:55 ---
неверувам дека Бог постои = верувам дека Бог не постои.
Добро бе, мајкуму стара, толку логика да се немало... очигледна разлика не можеш да приметиш, па мало дете знае дека неверување е КОМПЛЕТНА СПРОТИВНОСТ на верување.

Логика нула!

Верувам дека бог постои е позитивно тврдење.
Атеизмот е негација.

Поедноставно, не можам... Ако пак мислиш дека овие две се исти, не знам веќе што да ти кажам...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Добро бе, мајкуму стара, толку логика да се немало... очигледна разлика не можеш да приметиш, па мало дете знае дека неверување е КОМПЛЕТНА СПРОТИВНОСТ на верување.

Логика нула!

Верувам дека бог постои е позитивно тврдење.
Атеизмот е негација.

Поедноставно, не можам... Ако пак мислиш дека овие две се исти, не знам веќе што да ти кажам...
Ајде пак вака:
Знам-незнам ----> Тотално спротивни тврдења кои се базираат на знаењата на еден човек.
Верувам-неверувам ----> Тотално спротивни тврдења кои се базираат на верувањата на еден човек.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не, не биле најнапредни. Средниот век, по стоти пат, бил познат како мрачно доба. Бил кочел секаков научен напредок зошто одел против догмата на Црквата... Еден милениум пауза... Теократска работа...
Религијата сама по себе не кочи ништо, туку нејзиното своеволно толкување.

Воопшто не знаеш на што се однесува изразот „мрачна доба“, како што, ниту религијата или црквата настанале во средновековието.

Пак истото ќе го повторам, тие земји во средниот век кои од денешна гледна точка биле затуцани, во нивно време биле најнапредни земји и нивниот (пред се империјалистички) капитал наталожен низ сите поминати векови им овозможува развојна предност од барем неколку века, во споредба со поголемиот дел од светот.

Тие земји и системи кои се обиделе да воведат радикален атеизам и секуларизам, пропаднале експресно, а оние кои сеуште се одржуваат е благодарение ИСКЛУЧИВО на репресивни мерки, егзекуции, ограничување на индивидуалната слобода, хипер-потценета работна рака, држење во карантин и крајно милитаристички уредувања.
 
Не, не е така. Биле затуцани и во тоа време, заради тоа што се кочел СЕКАКОВ напредок од Црквата. Впрочем, човештвото конечно тргнало од мртва точка во рененсансата, доцниот среден век...

Џабе ја објаснувам секуларизам, запна со тој ебан комунизам и тоа игнорантно поистоветување на секуларизам со атеизам и забрана на религии... Нема чаре, се откажувам од тебе...
 
H

HITCH

Гостин
Сега видов дека Латас бил изворот! :pos:
Никогаш нема да се разбереме, оти јас велам дека Унгарија не ја отфрла секуларноста, само бара пари од заработката која ја остваруваат верските заедници, а ти си тераш свој став дека религијата никаде не треба да фигурира и дека тоа означувало теократија. Јас не се согласувам со тоа, бидејќи многу јасно си пишува во делот кој претходно ти го приложив на темава. Секуларизмот постои, ама и давачките кон државата МОРА да се платат!
Не се согласувам ниту дека Турција е вистински пример за секуларност. Но, Турција не е темата. Темава е дека: Унгарија со Устав „се брани“ од исламизација. Насловот, за жал, е преземен од дневен весник кој не разбрал за што се работи, па си извадиле своја верзија која на форумов си доби свое продолжување. Навистина нема смисла повеќе да коментирам, бидејќи „Вечер“ не е релевантен извор.

За „проблемот“ со оваа тема ви препорачувам поубаво да проверите низ унгарските весници, владини и опозициски извештаи.

Ах, бе Латас, да ти се плукнам во главата шуплива! Доктор на науки станал, а грам памет да се немало...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не, не е така. Биле затуцани и во тоа време, заради тоа што се кочел СЕКАКОВ напредок од Црквата. Впрочем, човештвото конечно тргнало од мртва точка во рененсансата, доцниот среден век...
Џабе ја објаснувам секуларизам, запна со тој ебан комунизам и тоа игнорантно поистоветување на секуларизам со атеизам и забрана на религии... Нема чаре, се откажувам од тебе...
Кога ги читам твоите постови немам чувство дека човештвото отишло подалеку од средниот век. Ренесанса ти е потребна човече.

Инсинуирајќи работи кои никој не ги спомнал ама тебе ти се потребни за да можеш да потиш муда за возбуда и комично да се потенцираш себеси за некој авторитет, се повеќе те компромитираат.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Сега видов дека Латас бил изворот! :pos:
Никогаш нема да се разбереме, оти јас велам дека Унгарија не ја отфрла секуларноста, само бара пари од заработката која ја остваруваат верските заедници, а ти си тераш свој став дека религијата никаде не треба да фигурира и дека тоа означувало теократија. Јас не се согласувам со тоа, бидејќи многу јасно си пишува во делот кој претходно ти го приложив на темава. Секуларизмот постои, ама и давачките кон државата МОРА да се платат!
Не се согласувам ниту дека Турција е вистински пример за секуларност. Но, Турција не е темата. Темава е дека: Унгарија со Устав „се брани“ од исламизација. Насловот, за жал, е преземен од дневен весник кој не разбрал за што се работи, па си извадиле своја верзија која на форумов си доби свое продолжување. Навистина нема смисла повеќе да коментирам, бидејќи „Вечер“ не е релевантен извор.

За „проблемот“ со оваа тема ви препорачувам поубаво да проверите низ унгарските весници, владини и опозициски извештаи.

Ах, бе Латас, да ти се плукнам во главата шуплива! Доктор на науки станал, а грам памет да се немало...
Секако дека Турција не е вистински пример за секуларна демократија. Ја спомнав само како за споредба со другите земји со муслиманско мнозинство, кои се теократии...

Што се однесува до Латас, не го ни прочитав воведниот текст на темава, читав статии преку google news и факт е дека најголемaта опасност за секуларноста во Унгарија е поставувањето на главна религија, а не оданочување на различните деноминации, ниту пак конзервативните мерки за штедење.

Поздрав ;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Токму тука е најголемиот проблемот, НЕ СМЕЕ да има главна религија во секуларна држава, со тоа се руши основниот столб на секуларизмот.
Дали ова значи дека Македонија не е секуларна држава, бидејќи МПЦ е спомената во Уставот?
Ах, бе Латас, да ти се плукнам во главата шуплива! Доктор на науки станал, а грам памет да се немало...
Лесно се станува денес доктор на науки... Целосно промашен наслов. Има многу побитни измени од оваа.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Дали ова значи дека Македонија не е секуларна држава, бидејќи МПЦ е спомената во Уставот?
Види, не реков дека Унгарија со уставот ќе стане класична теократска држава, туку дека е на тој пат. Друго, многу е поважно во кој контекст е спомената МПЦ.

Член 19

Се гарантира слободата на вероисповеста.

Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom