Таруно
Еким
- Член од
- 9 јуни 2010
- Мислења
- 2.610
- Поени од реакции
- 2.505
1. Не се враќаат во селата од друга причина, а мислам дека си свесен која е таа. Дека се срамат да кажат дека се од село, се лажеш, барем јас не сум затекнал некој да се срами од своите корени или корените на своите предци. Не ги почитувам од причина што ете кога се стишиле војните, кога се поминало, оти не се враќаат !? Оти таму е поубаво и тоа и самиот си го знаеш. Лесно е да изигравам горд Македонец во Австралија и да се лупам во гради кога не го живеам животот на луѓето во Македонија. Па уште и паметни се прават.1.Дали 80% од Скопјаните ќе се вратат во селата или помалите градови од кадешто потекнуваат?Втора и трета генерација Скопјани се срамуваат да кажат дека се од село, дека мајка им и татко им се селани, а во Австралија со гордост се Македонци, со гордост кажуваат од каде се и што се за разлика од нас што патиме од комплекси.Македонците во Австралија сите можат да бидат Австралијанц, да бидат супериорни , да бидат дел од Англичаните, но не, тие се Македонци и како така се декларираат.Тоа треба да го почитуваш.
2.Македонија никогаш немала своја дијаспора НАМЕРНО И СВЕСНО.Тие луѓе за време на комунизмот и владеење на Сдсм намерно им биле отсечени врските со државата и тотално заборавени.Ние Македонците 60-70 години немавме никаква претстава за Македонците од Бугарија и Грција како живеат, кои се и што се, затоа што така системот не научи и воспита.Ние допрва дознаваме нешто за нив, допрва пуштаме корени со нив, допрва се обединуваме.Тоа требаше многу, многу порано да се направи.
2. Македонија немала дијаспора !? Од каде сега ова !? Тоа со Бугарија и Грција е поради обидот на истоимените држави да ги асимилираат како нивни жители се со цел да нема бунт и да нема револуции и да не си ги бараат имотите, или ако веќе си ги бараат ќе стои дека припаѓаат на Бугар или Грк. Нормално е да претпоставиш кога се прекројувале границите дека дел од народот останал, но не можеш ти да се бориш за народот ако тој самиот повеќе сака да се асимилира него да се бори.
Ти прочитав и коментар (мислам дека беше твој) дека многу пари од печалбарите влегувале во Македонија. Кои пари, какви пари, каде се тие пари !? Или партии се спонзорираат со нив, оти народ тешко дека ги гледа тие пари.
Единствено што имам добиено од нашата дијаспора (на дедо ми брат кој се исели во Австралија во 63та) е 10 долари и покана за свадба. Не ни сакав да ги добијам, оти делуваат како милостина за нас глупите што останавме во оваа земја. И на крај стварно останавме глупави, оти сеа место да си го печеме задникот на океан, живуркаме со 200 евра месечно само за да имаме држава. Епа еве ви држава, сликајте се.
пс. не ни сакам да почнам муабет за кога ќе дојдат тука дека се однесуваат како ние до вчера во пештера да сме живееле, па ти покажуваат што е тортиља, оти такво нешто немало тука... да немало во 63та.