Портал се обидува да ја оцрни дијаспората преку смртта на Глигоров

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
1.Дали 80% од Скопјаните ќе се вратат во селата или помалите градови од кадешто потекнуваат?Втора и трета генерација Скопјани се срамуваат да кажат дека се од село, дека мајка им и татко им се селани, а во Австралија со гордост се Македонци, со гордост кажуваат од каде се и што се за разлика од нас што патиме од комплекси.Македонците во Австралија сите можат да бидат Австралијанц, да бидат супериорни , да бидат дел од Англичаните, но не, тие се Македонци и како така се декларираат.Тоа треба да го почитуваш.

2.Македонија никогаш немала своја дијаспора НАМЕРНО И СВЕСНО.Тие луѓе за време на комунизмот и владеење на Сдсм намерно им биле отсечени врските со државата и тотално заборавени.Ние Македонците 60-70 години немавме никаква претстава за Македонците од Бугарија и Грција како живеат, кои се и што се, затоа што така системот не научи и воспита.Ние допрва дознаваме нешто за нив, допрва пуштаме корени со нив, допрва се обединуваме.Тоа требаше многу, многу порано да се направи.
1. Не се враќаат во селата од друга причина, а мислам дека си свесен која е таа. Дека се срамат да кажат дека се од село, се лажеш, барем јас не сум затекнал некој да се срами од своите корени или корените на своите предци. Не ги почитувам од причина што ете кога се стишиле војните, кога се поминало, оти не се враќаат !? Оти таму е поубаво и тоа и самиот си го знаеш. Лесно е да изигравам горд Македонец во Австралија и да се лупам во гради кога не го живеам животот на луѓето во Македонија. Па уште и паметни се прават.

2. Македонија немала дијаспора !? Од каде сега ова !? Тоа со Бугарија и Грција е поради обидот на истоимените држави да ги асимилираат како нивни жители се со цел да нема бунт и да нема револуции и да не си ги бараат имотите, или ако веќе си ги бараат ќе стои дека припаѓаат на Бугар или Грк. Нормално е да претпоставиш кога се прекројувале границите дека дел од народот останал, но не можеш ти да се бориш за народот ако тој самиот повеќе сака да се асимилира него да се бори.

Ти прочитав и коментар (мислам дека беше твој) дека многу пари од печалбарите влегувале во Македонија. Кои пари, какви пари, каде се тие пари !? Или партии се спонзорираат со нив, оти народ тешко дека ги гледа тие пари.

Единствено што имам добиено од нашата дијаспора (на дедо ми брат кој се исели во Австралија во 63та) е 10 долари и покана за свадба. Не ни сакав да ги добијам, оти делуваат како милостина за нас глупите што останавме во оваа земја. И на крај стварно останавме глупави, оти сеа место да си го печеме задникот на океан, живуркаме со 200 евра месечно само за да имаме држава. Епа еве ви држава, сликајте се.

пс. не ни сакам да почнам муабет за кога ќе дојдат тука дека се однесуваат како ние до вчера во пештера да сме живееле, па ти покажуваат што е тортиља, оти такво нешто немало тука... да немало во 63та. :tapp:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053

Затоа 80% од Скопјаните луѓето од другите градови, села ги нарекуваат провинцијалци и сељаци, а потекнуваат од истите;)Јас целиот живот се движам по Скопје и знам како размислуваат.
Натаму не ти реплицирам, затоа што само ги потврди моите тези.Ти имаш добиено 10 долари само, а јас можам да ти набројам 500 семејства што живеат буквално од нив.
Скопјаните не се враќаат во селата , затоа што се крш, Македонците од Австралија не се враќаат овдека , затоа што сме крш, корумпирани, со комуњарски мозоци, невредни, криминал до коска, судство партизирано, администрација партизирана и ред други работи.Луѓето овдека не сфаќаат дека ние уште живеме во комунизам.Ништо не е сменето.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А, како завршија тие Партизани коишто тргнаа да се борат за слобода на своите браќа во Пирин и Егеј?За едните не учеа дека биле убиени по грешка во темна пештера, а другите дека починале од природна смрт.Мене кур ме заболе дали имало цели две страни на природно математички факултет во Скопје.И, во времето на Сдсм имаше цели две страни со карта на Македонија, па што?Значи ли тоа нешто?Тоа во конретниот случај ништо не значи.
Во Македонија огромен дел од популација живее буквално од дијаспората.Тие цело време даваат пари колку-толку.Што сме им ние дале на нив?Дајте и ние да им дадеме нешто, а не само да им земаме!!;)
Секое идење на лето овде таа дијсапора конзумира тони пипеки сирење домати.. на бегање товарат цели багажници со сирење туршија ајвар ракија и вино.... изнесуваат одтука храна која може да храни стотоци иљади гладни македонски семејства коуи живеат во темница и студ.
ЗЕМЕТЕ СИ ГИ ДОЛАРИТЕ, ВРАТЕТЕ ГО АЈВАРОТ !!
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Затоа 80% од Скопјаните луѓето од другите градови, села ги нарекуваат провинцијалци и сељаци, а потекнуваат од истите;)Јас целиот живот се движам по Скопје и знам како размислуваат.
Натаму не ти реплицирам, затоа што само ги потврди моите тези.Ти имаш добиено 10 долари само, а јас можам да ти набројам 500 семејства што живеат буквално од нив.
Скопјаните не се враќаат во селата , затоа што се крш, Македонците од Австралија не се враќаат овдека , затоа што сме крш, корумпирани, со комуњарски мозоци, невредни, криминал до коска, судство партизирано, администрација партизирана и ред други работи.Луѓето овдека не сфаќаат дека ние уште живеме во комунизам.Ништо не е сменето.
Епа ајде тогаш топтан сите да заминеме за Австралија и да уживаме, што ќе ни е земја кога е целата крш. За ова сум сериозен, оти не е крш ради мене и тебе, крш е ради сите нас. Ама секогаш е полесно да отидеш во туѓина и да стиснеш заби и да функционираш каде што се функционира како што треба, место да се избориш тука да направиш да функционира се како што треба.

А не си се запрашал зошто тие 500 семејства се тука, а не се таму и зошто преферираат да живеат на грбот на роднините печалбари !?

пс. во Скопје ги нарекуваат сељаци тие што се однесуваат сељачки, макар биле и родум од Скопје.
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
ЗЕМЕТЕ СИ ГИ ДОЛАРИТЕ, ВРАТЕТЕ ГО АЈВАРОТ !!
Оллллеееее!!!!! :pos:

Абе овде било 100 пати поинтересно отколку на „Воденица“!!! Плус ги немао оние..... да не им го споменувам името гнасно....:)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Секое идење на лето овде таа дијсапора конзумира тони пипеки сирење домати.. на бегање товарат цели багажници со сирење туршија ајвар ракија и вино.... изнесуваат одтука храна која може да храни стотоци иљади гладни македонски семејства коуи живеат во темница и студ.
ЗЕМЕТЕ СИ ГИ ДОЛАРИТЕ, ВРАТЕТЕ ГО АЈВАРОТ !!
Ете видиш полно земјоделци, продавници, фризерски салони, стоматолози имаат убава заработка од нив.Тие таа храна, вино, пиперки, домати, зелка ја платиле, а не ограбиле;)Од тоа купување полно земјоделци земале убава пара.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 20:05 ---
Епа ајде тогаш топтан сите да заминеме за Австралија и да уживаме, што ќе ни е земја кога е целата крш. За ова сум сериозен, оти не е крш ради мене и тебе, крш е ради сите нас. Ама секогаш е полесно да отидеш во туѓина и да стиснеш заби и да функционираш каде што се функционира како што треба, место да се избориш тука да направиш да функционира се како што треба.

А не си се запрашал зошто тие 500 семејства се тука, а не се таму и зошто преферираат да живеат на грбот на роднините печалбари !?

пс. во Скопје ги нарекуваат сељаци тие што се однесуваат сељачки, макар биле и родум од Скопје.
Колку е лесно во туѓина прашај ме најдобро мене.Секој долар со крв го печалиш.Не е воопшто така како што си замислуваат луѓето во Македонија.Недај боже да дадат работна дозвола со наси пасоши за во Европа, па ќе видиш колку од тие 500 семејства ќе останат тука.Јас сум крајно против емиграција на Македонците од сопствената држава, но тоа е.Мора да се соочиме со реалноста.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Колку е лесно во туѓина прашај ме најдобро мене.Секој долар со крв го печалиш.Не е воопшто така како што си замислуваат луѓето во Македонија.Недај боже да дадат работна дозвола со наси пасоши за во Европа, па ќе видиш колку од тие 500 семејства ќе останат тука.Јас сум крајно против емиграција на Македонците од сопствената држава, но тоа е.Мора да се соочиме со реалноста.
Знам дека не е лесно, затоа реков полесно е да стиснеш заби во туѓина него тука, оти со тие со крв спечалени пари можеш да си дозволиш поасален живот, отколку тука со крв спечалени пари.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Тие што се иселиле од Македонија, си го кажале своето за земјава. Сега што они мислат од таму негде за тоа што овде се случува е апсолутно небитно, и никого во земјава не треба да го интересира. Они сами избрале да идат во веќе средени земји и таму да си ја бараат егзистенцијата, што е и ок, секој за себе си гледа прво, но и оваа земја некој треба да ја доведе во ред. Тоа е задача само и само на тие што тука живеат, небитно дали се Македонци или нешто друго. Тие што фатиле штрафта и отишле "мачно" да си го вадат лебот по Аустралии и др. новокомпоновани колонијални творевини, можат тука да дојдат само како туристи, и ништо повеќе. Јас така гледам на нив. Така да, што мисли некој си таму сезонски турист за тоа што е важно за Македонија, пет пари не ми вреди.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
http://www.mn.mk/aktuelno/5480-Bez-licemerie

Еве уште еден падобранец, човекот кој е преку 20 години во политиката, и е вечен лузер, не направил ништо за државата за разлика од оној кој го критикува само еден ден по неговиот погреб, големиот „патриот„, вечен борец за Македонија, а јас го паметам само како кловн на ВМРО-ДПМНЕ на последниот внатрепартиски избор за кандидат за Претседател кога играше некаков статист на Ѓорѓе Иванов.

Ама барем убаво си напишал во насловот, без лицемерие, отворено си кажа она што и си го мислеше.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Значи Евреите не требале да се радуваат тоа што Хитлер бил мртов, затоа што било срамота да се радуваш на смрт?Не било хумано да се смееш на мртов човек нели.Семејствата на 10 милиони убиени Руси од страна на Сталин не требале да се радуваат што Сталин умрел, затоа што било срамно да се радуваш на смрт.
Јас не го споредувам Киро Глигоров со Сталин или Хитлер, но факт е дека ова се безврска статии од неговата партија за да ќарат некои бедни поени.
Го споредуваш Глигоров со Хитлер и Сталин? Сериозно?
Кога големите "патриоти" бегале од Македонија, колку што јас знам Глигоров бил во членството на АСНОМ и е еден од клучните фактори Македонија да биде призната како република во составот на Југославија во новиот Југословенски устав што ни овозможи преку мирен и законски пат да си обезбедиме независност.
Дали Глигоров подоцна станал комунист нема никаква врска со селењето на Егејците и останатите Македонци.
А колку помага дијаспората за Македонија ќе ти покаже фактот дека еден од најбогатите луѓе во Канада е Македонец со Егејско потекло, ќе ми извиниш името му го заборавив, во Македонија доаѓаше само за весници да го сликаат и интервјуираат, нема денар фрлено за Македонија и нема воопшто лобирано Канада да го признае уставното име на Македонија иако е еден од највлијателните луѓе во Канада.
Тие пола милијарда евра од дијаспората се голем процент од работници родени во Македонија кои одат на привремени работи во Авганистан, Ирак, Австрија, Чешка, Словенија, Швајцарија и голем процент од нив се всушност албанци.
Така да, не манипулирај со факти и не изигрувај кловн.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
А колку помага дијаспората за Македонија ќе ти покаже фактот дека еден од најбогатите луѓе во Канада е Македонец со Егејско потекло, ќе ми извиниш името му го заборавив, во Македонија доаѓаше само за весници да го сликаат и интервјуираат, нема денар фрлено за Македонија и нема воопшто лобирано Канада да го признае уставното име на Македонија иако е еден од највлијателните луѓе во Канада.
На Џон Битоф мислиш? Не е точно дека не помага. Битоф беше добар пријател со Глигоров и редовно ја помага македонската надворешна политика од периодот кога Глигоров беше активен до денес.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.243
... Да не беше Киро немаше ни да ја имаме Македонија, дегени едни. Не сте ни од СКОПЈЕ за да бистрите политика!!!
Ја сум од Скопје.:vozbud: Може ја да бистрам политика? pls. pls pls
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Толку ограничени умови ретко каде може да се најде.
Како може на цела дијаспора од Австралија да и се обраќаат поради испад на некои поединци.
И понатаму старите удбашки методи го делат народот.

За мене како Македонец кој моментално е во Скопје, не постојат ниту охриѓаништа, ниту битолчаништа, ниту егејчишта, ниту 5 долари дијаспора.
За мене постојат луѓе и нелуѓе.

Тие што го направиле тоа во Австралија е нечовечко а тие од плусинфо трујачи на народот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom