Штета што Шарави не даде гол, Инзаги барем малку да мислеше да проигрува со него ќе дадеа и едниот и другиот. Вака Инзаги добива топка и веќе не постои друг играч на терен.
Од овој Шарави ќе биде добар играч.
Во прво полувреме кај Милан скоро никој не трчаше, а немаше ни одговорност на терен секој си правеше што сака, во второ влегоа помотивирани, растрчани играчи, желни за докажување, па со вториот-третиот состав делувавме и подобро.
Неста како добро одигра, тешко дека Мексес ќе го седне на клупа ова сезона. Замброта беше исто добар како десен бек, а Гатузо добро ќе дојде за ротација, може да користи. Инзаги може да го пратиме некаде да си игра човекот, најдобро ќе биде и за двете страни. Антонини повторно подобар од Таиво, но не може да се земе тоа здраво за готово, затоа што во прво полувреме средината се зафркаваше па имавме поголем притисок врз одбраната, отколку со растрчаните Гатузо, Емануелсон, па и Амброзини.
Зошто не влегоа воопшто Боатенг, Абате и Сидорф? Имаат проблем со некоја повреда???