Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ако знаат и овие што прават, Дизелот и Бензинот ќе ги донесеа на еднаква вредност, па сега пак ги враќаат на старо.:tapp:.Регулаторна комисија?Кој знае кој стои зад нив.:facepalm:
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Еднаш прашав на темава, но не добив одговор, кои луѓе се во таа Регулаторна комисија? Имаат ли веб страница или нешто повеќе информации за нив?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Регулаторна ви честита Нова 2012
ВТОРНИК, 03 ЈАНУАРИ 2012 14:35
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот за половина денар.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 70 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 58,50 денари за литар.

Се зголемува цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,026 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 107,583 долари за барел и е за 0,32 отсто пониска од просечната цена на суровата нафта (107,929 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,1367 ден/$ и е за 2,11 отсто повисок од курсот на доларот (46,1606 ден/$) по кој беа формирани цените, се вели во образложението од Регулаторната комисија за енергетика.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
[quote="Hip.Hop_MKD, post: 4671300, member: 50213"]

Регулаторна ви честита Нова 2012
.[/quote]
убави честитки им приредија на народовo_O
гориво, струја, парно, претплата за МТВ, укинување на некои ТВ канали, еден куп поскапувања на основните прехрамбени продукти, билети на градски превоз, такси превозот.....
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
[quote="Hip.Hop_MKD, post: 4671300, member: 50213"]

Регулаторна ви честита Нова 2012
.
убави честитки им приредија на народовo_O
гориво, струја, парно, претплата за МТВ, укинување на некои ТВ канали, еден куп поскапувања на основните прехрамбени продукти, билети на градски превоз, такси превозот.....[/quote]

Брат чекај не летај, само што почнаа. :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
[quote="Hip.Hop_MKD, post: 4671372, member: 50213"
Брат чекај не летај, само што почнаа. :D[/quote]
и тоа што велиш....учен народ на чекање
во Англија сега имаше невидено намалување- ова ко за пример онака - За католичкиот Божиќ
се редеа пред продавниците со столчиња уште од вечерта - за да бидат меѓу првите кога ќе ги отворат сабајлето- но имаше и зошто
машки кошули на пример од 150 фунти се купуваа за само 10 фунти.... сега повторно ќе имаат големо намалување- додека пак Македонија-кхм.мхмнмн - прави богаташи бре- :pos:
та најдовме за горивото да збориме-1,5 денари= што е тоа...... - пи*кин дим за македонецот
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
[quote="Hip.Hop_MKD, post: 4671372, member: 50213"
Брат чекај не летај, само што почнаа. :D
и тоа што велиш....учен народ на чекање
во Англија сега имаше невидено намалување- ова ко за пример онака - За католичкиот Божиќ
се редеа пред продавниците со столчиња уште од вечерта - за да бидат меѓу првите кога ќе ги отворат сабајлето- но имаше и зошто
машки кошули на пример од 150 фунти се купуваа за само 10 фунти.... сега повторно ќе имаат големо намалување- додека пак Македонија-кхм.мхмнмн - прави богаташи бре- :pos:
та најдовме за горивото да збориме-1,5 денари= што е тоа...... - пи*кин дим за македонецот[/quote]

Не е многу, теее. :D Затишје пред бура e само. ;)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
И пак никаква реакција во јавност? Добро дај нека не изберат во гинисова книга за најтпелив народ.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Штедете струја, уште ќе поскапува
четврток, 05 јануари 2012
Граѓаните да ги сменат досегашните навики, рационално да ја трошат струјата и повеќе да штедат, порача денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, напоменувајќи дека производството на електрична енергија е се поскапо, а цената на струјата ќе се зголемува.

- Намалување на цената на електричната енергија сигурно нема да има. Напротив, ќе има поскапувања на струјата и затоа е време да се насочиме кон поголема енергетска ефикасност, истакна министерот Сарачини на прес-конференцијата во Министерството за економија.
Замена на старите светилки со енергетски поефикасни, промена на старите со нови ПВЦ прозорци и поголема изолација на објектите, како и купување апарати за домаќинство со поголема енергетска ефикасност, се дел од мерките за поголема заштеда на струја што ги предлага Министерството, а се содржани во брошурата „Штеди, вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“.
- Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата околу 700 гигават-часови, посочи Сарачини и апелира што помасовно да се користат кредитните линии што ги нудат банките за проекти за енергетска ефикасност.
Министерството за економија годинава со шест милиони денари ќе го субвенционира инсталирањето сончеви колектори. Средствата ќе се реализираат од февруари и за разлика од лани изборот ќе биде потранспарентен.
Според професорот Константин Димитров, секој дом мора да води сметка за својот буџет и да ги промени своите навики. Нема подобра инвестиција отколку вложување во енергетска ефикасност.
- Енергетската ефикасност за Македонија не е само задача на патот кон Европската унија, туку потреба. Тоа е најдобриот енергетски ресурс. Вложено евро во енергетска ефикасност се враќа со добивка од три евра, рече Димитров, додавајќи дека свеста за енергетската ефикасност кај македонските граѓани е се поголема, но нема доволно познавање за неа.
Согласно енергетскиот биланс за 2012 година, планирано е за енергија да се потрошат околу 82 илјади тера џули од кои околу 30 отсто во секторот домаќинство. Во однос на структурата на потрошувачка на енергеси е предвидено да се потрошат околу 52 отсто електрична енергија, 33 отсто за биомаса, 6,7 за топлина, 0,5 отсто за јаглен и околу 0,3 отсто за сончева енергија.
Имаме силни реакции од страна на компаниите кои ги наведуваат и штетите кои ги трпат овие денови. Согласно Законот за енергетика Макпетрол Пром гас не смее да го направи тоа затоа што се работи за јавна дејност. Испративме допис до Регулаторната комисија за енергетика во кој препорачуваме да се интензивираат разговорите со Макпетрол промгас за да најдат конечно решение и да се договорат. Во спротивно регулаторот ќе мора да преземе некакви други мерки дали преку судот или на крајот одземање на лиценцата.

VIA KIRILICA.com.mk http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=67816
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ете гаси телевизорот троши многу, а бе скроз да не свети тоа ламбичката црвена влечи струја у пичку мајчину.
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 13:18 ---
Јас не знам стварно како тоа без срам без скрпули излегува и држи предавање фасади нови врати и прозори. Е сега луѓево како ги чекаат тоа пензиите да скрпат крај со крај, овај безобразен до немајкаде.
Како се гаѓа а пуштам телевизор се комедии гледам, гледам човек гаси ламби после држи прес на темница тоа некој министер таму Сараќини мракот ќе ни го донеси дома.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
А на што да се греат луѓето...на гас, централно, дрва, да бегаме сите у згради на централно/.... клапатарци.

... ајванска работа, више превршуваат секоја мера
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
А на што да се греат луѓето...на гас, централно, дрва, да бегаме сите у згради на централно/.... клапатарци.

... ајванска работа, више превршуваат секоја мера
Mislis so centralno ke se usrekjis ke te oderat od plakjanje i pak nisto ne dobivas. Katastrofa e sve nekoordinirano samo poskapuvaat i poskapuvaat, dali nekoj pomislil koga tolku lugje od toplifikacija ke se isklucat sto ke bide so strujata koa ke ripne potrosuvackata
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Овој министерот за економија мајтап си тера со нас да трошиме струја рационално 30% невработеност сите пвц прозори ке стават, нови апарати за домакинство ке купуваат.Ова како кренало ни економични светилки нема да го спаси народот, бојле нек му каже на народот купете свеки, метли, перете на рака, молете се за глобално затоплување отколку ова.Штеди вклучи го мозокот исклучи ја струјата добра парола, ако не инкасатори ке ти ја исклучат.
Ова ке испадне ко она народната приказна двајцата скржавци со Ванчо Петрушевски и Ѓорги Колозов, така да време е да станеме ИКОНОМИСТИ И ШПАРАЏИИ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom