Незнам кој кого не разбира, но
Myers,
28 декември 2011 ти одговори, што е тоа што треба да го измениш во исхраната, ако сакаш мускулест изглед.
Во теретаната која ја посетуваш има најверојатно инструктор кој е непосредно до тебе и кој најлесно би можел да ти помогне. Полесно од составување на режим по виртуелен лик.
Никој не работи персонален програм за исполнување на желби без надомест. За ако сакаш некој да ти исполни желба и да те прати во постигнувањето на целта (а мора да те прати за да го запознае твојот организам како ќе реагира и на основа на тоа да прави соодветни промени) тоа има своја вредност. Иако тоа го знаеш, се потруди на место каде луѓето несебично се обидуваат да помогнат и споделат искуство, но од општо значење и примена, не индивидуално, да добиеш нешто повеќе. Направи ги промените кои ти ги предложија, па види како ќе се одрази тоа на твоето тело и организам. Или, ако сакаш постојан надзор и внимание, ангажирај си персонален тренер.