Фан Клуб: Челзи

H

HoT IcE

Гостин
Во второ полувреме како друг Челзи да гледам, така сакам МАШКИ И ОШТРО!
Па фала богу, до кога ќе се пимплаше не знам, денес се играше одлично, не им се даваше да играат, и да прават контри, топката цело време кај нас.

Торес заслужи денес гол, најдобар беше на мечов заедно со Рамирес, едноставно мораше да даде гол. Целиот меч беше најагилен, имаше одлични пасеви, се виде и од последната акција колку техника поседува, но му недостасува самодоверба за почне да дава голови, се мислам дека против Наполи ќе го видиме стариот Торес, ако продолжи да игра вака.
Досега не сум го бранел Торес, и прилично го навредував, но си ги повлекувам зборовите бидејќи денес ме мошне пријатно изненадил.

Додека другите играа стандард, но Босингва никако во прв тим, нон-стоп кикснува, еден натпревар ќе изигра на ниво, другите 5 ќе игра под ниво.

Си стојам до моето дека Челзи има одличен и квалитетен тренер, но и на него има огромен притисок што е очекувано, а тоа што сме стигнати до ова дереџе се мислам дека не е до АВБ, денес се виде колку играчите се ограничени и колку се предвидливи(поединци).
Челзи мора да го остави Боаш на мира да си работи, и да му даде подршка, време и пари да си го нарпави тимот, верувам дека е одличен тренер, проблем се играчите, нивното его и нивниот (не)квалитет.
А тоа што го направил со Алекс и Анелка, и јас исто би го направил, ем барале трансфер барање, ем да бидат вклучени во сите активности на клубот, епа на две столици не се седи, така да моја подршка за АВБ(y)
 
F

fantomX

Гостин
Сметам дека АВБ и Давид Луиз природно се карактерни за сам врв.

Но моментално, и двајцата изиграваат кловнови.

Очекувам од двајцата да се средат ко луѓе, а Тери, Лампард, Чех, па и Дрогба и Фереира како играчи; како и од одредени луѓе од клупата кои можат да се наречат староседелци како Лолихон целосно да ги поддржуваат во тоа.

И ревизија на кондиционите тренинзи (тренери) ќе молам, аман веќе.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
http://www.matchhighlight.com/latest-goals/england/premier-league/wolverhampton-wanderers-v-chelsea/

Eве за тие што не гледаа па и за тие што гледаа да се потсетеме пак што се случе пред пола сат време :)

Ова и специјално за fantomX (бидејќи рече видео од прославата) може да ужива уште еднаш во прославата на првиот гол како и другите :D
 
H

HoT IcE

Гостин
Сметам дека тоа што сака АВБ да слават заедно е убаво, но кога некој даде гол, посебно како вториот денес во последни минути, тоа е паѓа во сенка на радоста и среќата и секој иде да се изрипа како човек поред аут линијатата, така да како и да е, само нека даваат голови, па како сакаат нека се радуваат.
 
F

fantomX

Гостин
Следно шо ја би направил да сум место АВБ ако пишувањата на The Sun се точни, е ко шо реков прееска, тимски собир и секој да си кажи шо го мачи.
Оти сакале или не, играчи ко Малуда и Калу, барем до в лето, ќе ни требаат. Освен ако сега не си заминат негде, шо верувајте, никој од нас не би сакал.

Друга работа е доаѓањето на Кејхил, дури и да се опорави Иванович за брзо, пак сме кратки со дефанзивци. А Кејхил врши работа најмалку против пола премиерлигаши.
 
H

HoT IcE

Гостин
Изгледа работата со Кехил се искомплицирала, наводно Кехил барал 100к неделно, Челзи нудел 70к неделно, и АВБ изјавил, дека ако сака да игра за Челзи да се спушти на земја бидејќи имало и други играчи кои Челзи ги следел за таа позиција, извор овде.
АВБ истотака изјави дека имаме опција buyback на Рајкович од Хамбург, или како и да се викаше таа опција, така да доколку зделката со Кехил пропадне, ќе го земаат Рајкович.

Како и да е го подржувам АВБ во секој негов потег, неможе човекот да биде тапа и глуп за тренер кога целиот живот го поминал во школи, академии, колеџи за фудбал, секако дека е огромен потенцијал, само да видиме како Челзи ќе го искористи.
 
В

Вори

Гостин
Пола здравје изгубивме од со тимов.Зошто секогаш кога први поведуваме,едвај го задржуваме водството до крај,без притоа да го зголемиме истото?
Но сепак имаше некое подобрување утакмицава.За нијанса беше поправена играта за разлика од таа против Вила пред два дена.

Не филозофирам многу,ќе кажам само некои работи.
Прво сакам да го издвојам шпанското трио:Торес,Ромеу и Мата.
Ќе си каснам од мадево што не даде првиов гол.Најборбен,најангажиран,учествуваше во секоја акција на Челзи,го изнуди корнерот од кој подоцна поведовме,му даде топка на Ешли кога овој му нафрли на Лампард за вториот гол.Одлично се движеше на терен.И ич не ме боли што не дал гол,додека е корисен за тимот,другото е небитно.А глупите луѓе и англиските медиуми можат да серат колку сакаат за неговиот пост.
Ромеу,го сакам човеков се повеќе од утакмица во утакмица.Мама ебава,само да не го врати Барселона назад.Мата,за него нема што да се збори веќе.Најдобар сезонава,8 асистенции,5 голови,главен креатор и организатор на игра,иако не му е тоа природна позиција,секаде го има.Капа доле.

Второ,без Дрогба Челзи игра многу подобро.Ја кочи Дрогба играта,прави многу грешки.Со Торес Челзи подобро изгледа.

Трето,зошто Боас се бранеше во последните 15 минути не ми е јасно.Ќе не снајдеше истото како со Виган.Не смее со такви екипи да се брани,едноставно не смее.Докрајчи ги до крај и чао пријатно.

Лампард многу слаб,но ни ја донесе победата,тоа е битно.Искуството негово излезе пресудно.Другиве добри,Рамбо и Меирелес се утепаа од трчање,Ешли исто така.Тери добар,Босингва солиден,Луиз изгубен повторно.
И браво за Чех што ја одбрани последната топка,спасивме жива глава.

п.с Заедничкото радување беше врв.Како се тегнеа со сила да одат да се радуваат групно,тоа просто немогуче.Ја мислев дека Меирелес ќе им влезе со боксови да ги тепа,останатите кои не идат да прослават.Страшно :icon_lol:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.406
Поени од реакции
85.358
Fernando Torres - 57 touches, 92%
pass accuracy (highest!) , 3 shots, 2 key
passes, 3 dribbles, 3 interceptions, 4
through ball

Inace nz site sto se zasilivte?Ne bese ovaa dobra igra.Zdravjeto ni go zemaa.Ako Lampard ne dadese gol mozda AVB ke letase.Sakam AVB da ostane ama izgleda kako da ne znae sto pravi.
Nz zosto Meireles ne go vadi.Samo sutira od kaj saka Meireles.
Od sledno kolo ke bide podobro.Staridz ke se vrati.Mata,Torres i Staridz ke bidat super trio ovoj mesec.
Sega da gledame Portsmut da go pobedime so vtor tim bi bilo dobro.Bas bi sakal Lukaku i Piazon da igraat
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Тесна победа..и на крајот жива глава спасивме...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
H

HoT IcE

Гостин
Торес не беше спор, туку му фали самодоверба и мечеви, откако ова ќе го стекне уверен сум дека ќе го видиме стариот Торес, денеска сум прилично изненаден од неговиот перфораманс.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Дрогба сега уште малце ќе оди во Африка, така да сега ќе биде шансата за Торес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom