Џандар Збира - Повторно! (Канал 5)

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување
Шо и далеше на Грајфер? Еднаш дури и карти за кино си добив, единствен пат што сум добил нешто на наградна :)

Ама ај да престанеме да именуваме програми од минатото, не е темава за тоа.

На емисијата ништо, на водителот забрзан курс по англиски јазик. ;)
 
Абе доста туку мрчите сите тука.
Кај се жалите сите дека не отупеа со турскине и индискине глупости, еве нешто наше, интересно, забавно, па на крај краеви за сите возрасти и мора сите да промрчите. Дајте му шанса 3-4 кола ќе видиме што ќе направат.
И да како и да ја свртиш работава мора да го води Игор. И Сашко Коцев е добар ама со бингото не направи ништо, Дац го замислувам само како Изи - агент, Трендо е милионерот, така да останува само уште Игор. А и дупло повеќе гледаност и поинтересно ќе биде ако го води Игор отколку кој и да било друг шоумен во Македонијава.
 
Џандар збира ми е останато во сеќавање како едно од најјаките шоуа во историјата на Македонија! Дај боже пак да биде исто како и тогаш, и пак Игор Џамбазов да биде водител! :vozbud:
 
А уште некоја емисија со Игор Џамбазов? Немам ништо против него, но овие од Канал 5 мислат на седмо небо се ако го имаат Џамбазов. На човеков ќе му излезе душата :)
 
А уште некоја емисија со Игор Џамбазов? Немам ништо против него, но овие од Канал 5 мислат на седмо небо се ако го имаат Џамбазов. На човеков ќе му излезе душата :)
Не е се до телевизијата, и Игор претера... мислам дека повеќе сето тоа за пари го прави и некако не е како што беше. Едно време да ти беше кеф да го гледаш...
 
За пуканки ли да го прави?

Не било од ќеф, туку заработуваше многу и беше мотивиран. Имаше и поголеми проекти во план. После го избркаа заради негови лични проблеми кои немаа врска со шоуто. Го избркаа и од Бинго од кога им направи име и мислеа дека сега имаат готов продукт и не мора толку пари да фрлаат на водител. Не верувам дека му е лесно да се мотивира како порано. Но факт е дека кога Игор ќе си замине, шоуто оди во провалија. Тој е бр.1 кај нас во тоа, после него има 30 метри гомна и под нив се конкурентите.

Се надевам дека повторно Игор ќе води нешто големо.
 
Јас мислам дека Игор ќе биде водител ,а Марко од Тротоар ќе биде нешто како помошник ,него го слушнав на рекламата како вика Џандар Збира ,конечно и се врати она со пликоата и купоните,барем да не отргне од компјутерите,мобилните малку, иако тоа сепак нема да успее
 
Сум го гледал како мал нон-стоп али ништо не памтам од тоа што сум го гледал :pos: Се надевам ќе ми ги освежи сеќавањата и дека нема Дац да го води шоуво.....

Иначе кога веќе искажавте желби на темава, ја би сакал да се врати 1+2 "шоуто" на Сител со Драган Вучич :icon_mrgr: :vozbud:
 
Штом на Канал5 ќе биде, мислам дека е осудено на пропаст, не се способни тие за сериозни проекти.
 
Се се сака на стара слава да се протне. Ај ќе видиме шо ќе напрат.
Во К5 Игор уште малце вести ќе им води
 
Колку што слушнав сабајлево Џандар збира ќе го води Марко и се андевал дека ќе ја достигне популарноста од времето на Џамбазов исто така беше кажано дека започнува од недела па ќе видиме како ќе биде
 
Нека враќаат вака убави интересни квизови ,поарно квизови него серии синхронизирани со иста тематика ,башка ме радува купони што ќе има за собирање малку ретро стил а не ова со технологијава лајкови,поарки кодови...
 
Марче од Тротоар ќе го водел квизов инаку, не Џамбазов:)
 
Со враќањево на шоуво само се докажува у која шит фаза се нашиве телевизии и нивната неинвентивност и немањето имагинација. Марко сеа е ко Ешто Качер така?

П.с Ко веќе се исполнуваат желби јас би сакал Водени лудории да ги вратат Ок :) Али со се Сидорф и наочарата и Студени Нозе у базенТ.
 
П.с Ко веќе се исполнуваат желби јас би сакал Водени лудории да ги вратат Ок :) Али со се Сидорф и наочарата и Студени Нозе у базенТ.

И во истиот базен да го вратат ,истите кофи да бидат ,се, се исто да биде :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom