Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Понекогаш дел од податоците знаат да останат во рамот и да направат bug, тоа е најдобриот начин.
 
Понекогаш дел од податоците знаат да останат во рамот и да направат bug, тоа е најдобриот начин.

Што би правеле податоци од биосот во рамот? :)
 
Не се работи за податоци од BIOS-от, него комбинација на повеќе работи долго е да објаснувам...не е морално но е препорачливо, сум имал таков случај каде што методот којшто го посочив ми помогна да дојдам до стабилен систем.
 
Стабилен систем е едно, а ресетирање BIOS (Password) е комплетно друго.
 
Сакам да ти кажам дека за целосно чистење на систем BIOS/грешка/ или било каков проблем со EEPROМ, или во случајов едноставно чистење на BIOS-от најдобриот начин е да се изавадат и мемориите, иако не е морално, кој како сака/претпочита нели...

Горенаведниот пример ми е со неуспешен обид за чистење на BIOS, се додека не ги извадив и мемориите не успеав да го ичистам скроз BIOS-от, затоа го дадов предлогот.
 
знае ли некој како и дали може некако да се направи бек ап на расипан хард диск? имам многу битни податоци а хардискот откажа, некое чаре?
 
Некој попусти некој да начекал на надворешни хард дискови низ продавнициве?... значи ми треба најефтината можна варијанта со минимум 320 гб. Најефтино што сум нашол досега е LG за 2700ден.
 
Симни Malwarebytes & Hitman Pro, инсталирај, абдејтувај и скренирај. За да бришеш со Хитмен Про треба да ја активираш бесплатната трајл лиценца, лесно е, но пази што бришеш, ептен е осетлив ако и може да означи некој сумљив а сигурен прогам како заразен.
Фала баба ќе симнам одма
 
Пред некој момент, одеднаш долниот дел од екранот на лаптопот, отприлика третина, доби некаква мрежа од вертикални и хоризонтални линии. Станува збор за лаптоп тошиба текра а10, стар 3 години. Остатокот од екранот си има нормална слика, а долниот дел е покриен од овие линии кои ја прелеваат сликата, иако се гледа што има испод, значи не е целосно изгубен тој дел. Е сега, што е ова и дали се поправа, трга на некаков начин, или единствен начин е да се смени цел екран? Еве како изгледа отприлика сликано со мобилен.301211-0200.jpg
 
Пред некој момент, одеднаш долниот дел од екранот на лаптопот, отприлика третина, доби некаква мрежа од вертикални и хоризонтални линии. Станува збор за лаптоп тошиба текра а10, стар 3 години. Остатокот од екранот си има нормална слика, а долниот дел е покриен од овие линии кои ја прелеваат сликата, иако се гледа што има испод, значи не е целосно изгубен тој дел. Е сега, што е ова и дали се поправа, трга на некаков начин, или единствен начин е да се смени цел екран? Еве како изгледа отприлика сликано со мобилен.Прегледај го приврзокот 38463

Што му направи за вака да ти прави? Ти падна? Го лупна?

Пробај носи го наназад екранот полека и види дали ќе исчезне ова.
Ако не, или нов дисплеј или некој FLAT кабел да се смени (што значи - сервис)
 
Што му направи за вака да ти прави? Ти падна? Го лупна?

Пробај носи го наназад екранот полека и види дали ќе исчезне ова.
Ако не, или нов дисплеј или некој FLAT кабел да се смени (што значи - сервис)
Ништо не му направив, гледав видео на јутуб, и само од себе одеднаш се појави и не се трга.
 
Да го однесеш на сервис.

Па скршен му е цел екран пукнат на 3 места и се отвара од страна скршен е цел зар може да се смени комплет екранот? Сакам да кажам и пластиката (маската) е скршена не е само дисплејот.
 
Па скршен му е цел екран пукнат на 3 места и се отвара од страна скршен е цел зар може да се смени комплет екранот? Сакам да кажам и пластиката (маската) е скршена не е само дисплејот.

Ако ти е тапа/стар лаптопот, поубаво купи си нов.
Ако ептен сакаш овој да ти остане, ќе ти го средат на сервис, само нема баш евтино.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom