Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно само што правел Тито со 1 милион марки месечен приход... :(
И сите го сакале, ах перење мозок...нешто слично како во Северна Кореа денес
како нема да го сакале бе човек што тресеш зелени. и 10 милиона да земал народот имал во џеб. сваќаш? никој не бил гладен никој не бил сиромав сите имале јак стандарт имале кров на глава не мислеле сметки како ке платат на 1ви.... па искрено нека зема толкава плата и грујо шо ми е сеа на власт ако имам ја да си платам се за мене и да си обезбедам ДОБАР ПРОСЕЧЕН живот нема да се замарам коклу зима он а колку ја. разликата е што тогаш сите имале а сега ако погледнеш ке видиш мизерија во раскош!
 
Tогаш 1 милион во денешна вредност би било исто како 10 милиони можеби..ама нема врска,тогаш и народот незнаел за тоа а и да знаел несмеел да се буни.. луѓето кои свршуваат денес на тоа време не се ни свесни какви далавери и криминали се правени и им се чини како тоа да постои од пред 20 години..

A шопрајме дека мнозинство од лоботомираното население во Македонија „свршава“ на едно уште подалечно време со уште поголеми разлики и неправи меѓу луѓето?
 
Па не знам...ја сум го прошетал цел јадран, од Бока Которска до Пиран и Порторож, неколкупати и по хотели...што сега за истите служби и работници е незамисливо дури и до Маврово во хотел не па Хрватска. Не знам колку општ лекар и медицинска сестра се имашна класа..а одевме и по 2 одмори, Грција и Охрид или Јадран и Охрид. Пак ќе спомнам...јас работев амал во студентски задруги и имав доволно пари дури и семејство да прехранам. Дури и при кризата 90-та година, одржував семејство бебе и мајка родилка со работа преку младинска задруга на по недела-две. Ова сега што се стега коланот за обичните граѓани е досега невидено...ги паметам и платите и трошоците...и цените на струја према плата и кесите од маркет...со истите примања сега човек од некоја си нормална релативно позиција (ако нешто од 901 е нормално во примањата) се најдува во многу лоша ситуација.

Затоа и се везден актуелни прашањата за името и албанците, одвреме навреме водичка со некоја афера...секогаш ќе служат за залажување на сиромаштијата, како дете лижавче. До толку да сметаат дека сме глупи, алал нека е.
Дали имаш информација/податок кој период се задолжи Југославија и во колкави износи? Тоа е мит како што е мит за третата најјака армија Јна.
Да не ме сфатиш погрешно, ниту го напаѓам тој систем и тоа време, ниту пак го бранам. Секое време си има свои убавини и лоши страни. Ако ме прашаш да одберам меѓу тоа тогаш и овој систем денес, не би го одбрал ни едното, ни другото. Да можам, би ги комбинирал двете. Една од најголемите грешки што можеби се направени, е што по смртта на Тито се нема одено кон постепена трансформација во капитализам, туку вештачки се форсираше тој т.н. социјализам кој видовме до шо не донесе. По мое мислење, да се преминеше до средината на 80-тите во капитализам, можеби сеуште ќе постоеше Југославија како федерација, да не зборувам за стандардот кој би го имале.... и сигурно многу од војните немаше да се случат. Точно е и дека во таа држава СЕ’ се произведуваше... буквално СЕ’. Од игли, до локомотиви, бродови, авиони, нуклерки... ама сето тоа беше со застарена технологија и неконкурентно на пазарот. Плус, на западот не му одговараше држава од 20 милиони на Балканот да им биде конкурент, па директно или индиректно, доведоа да се распадни, па си создадоа нов пазар од 20 милиони за нивните производи
И пак ќе речам, да успееше да се трансформира тоа општество во капитализам, да се осовремеше сета технологија и индустрија, со самото тоа ќе станеше и извозен конкурент со што би се зголемил уште повеќе стандардот, па можеби ќе беше „Норвешка“ на Балканот. Дали имало услови за тоа и дали не му одговарало некому, незнам... само изнесувам мое мислење.
 
A шопрајме дека мнозинство од лоботомираното население во Македонија „свршава“ на едно уште подалечно време со уште поголеми разлики и неправи меѓу луѓето?

Не верувам дека свршава на тоа подалечно време..туку само сака да си ги дознае корените.. а на некои тоа им смета и го испревртуваат и со злонамера го кажуваат тоа.
 
Тоа беше живот на кредит. Нешто слично ко Грциве што живееја до сега. Е така, ама еден ден мора да се врати борчот.
Иначе, ај објасни, како е можно да е одржлив таков систем, каде што ништо не произведуваш или ништо не работиш, а добиваш многу (станови, куќи, коли). Од каде се добиени, платени тие? Логично би било да секој троши и добива онолку колку што создава.
Мене лично, најмногу што ми се бендисува кај тој систем (СФРЈ), е социјалниот мир што го имаше. Не се грижиш воопшто дали ќе подмириш сметки, трошоци за храна, немаш грижи дали некој ќе те ограби или убие на улица. Немаш секојдневни оружени престрелки како денеска... многу работи што денес се негативни, ги немаше.
А тоа дека секој одел на одмор, имал кола, куќа... ако правиме такви споредби, тогаш средната класа возеше што? Застави исклучиво, москвичи и пезетки. Сега вози ако ништо друго, стари германски возила. Колку возила тогаш се тркалаа по улиците, а колку ги има сега? Памтам ко мал кај мене во маало можевме слободно со часови на улица да играме со топка или криенка и да не ти е страв дали ќе помини кола и ќе те згази. Сега на истата улица обавезно чекам да поминат прво колите па да ја преминам.
И кај одеше на одмор таа средна класа? Во Претор и Асамати, или Охрид и Струга по камповите. Сега таму само средношколци идат да се пијанчат. Средната класа оди Грција (таму каде што пред 30 години одеа поимашливите), Албанија, поретко Бугарија, Црна Гора... на море! Колкумина пред 30 години имаа видено море?
prijatele, odgovorot e mnogu prost, od vicibentite koi sega gi zemat kapitalistite i od pecalkata koja sega ja zemat stranskite banki, e togas tie pari ostanuvaa tuka, nemase stranski banki tuku samo domasni , pevalkata od rudnicite ne odese kaj nekoi indijci a rabotat tamu 500 luge, tuku pevalkata se delese na 2.000 vraboteni , mozebi rudnikot ne pravese pecalka , ama izrzuvase 2.000 semejstva , sega pravi pedalka ,ama za indiecot , i plus izdrzuca 500 semejstva , toa e osnovna razlika na kapitaliznot od edna streana i sovijalizmot i nacional-socijalizmot od druga strana
 
Не верувам дека свршава на тоа подалечно време..туку само сака да си ги дознае корените.. а на некои тоа им смета и го испревртуваат и со злонамера го кажуваат тоа.

Шо, сакаш да ја негираш носталгијата за тоа време и големото свршавање за државната моќ на Македонија од тоа легендарно време?
Исто е... ако некој после 2000 години успее да онанира на воената и економската моќ на Југославија и големата политичка итрина на легендарниот Тито, ќе заборави дали системот за рајата бил скапан или не. Битно е државата шо напрајла на политички план, друго ништо.
Така да, мене ми се нејасни сите тие кои го критикуваат социјалниот живот во СФРЈ а се гордеат со некоја неоспорна историја од пред 2000 години, каде што народот кој го смета за свој бил изложен за маки и робување за политичката моќ на државата.
Нели?
 
како нема да го сакале бе човек што тресеш зелени. и 10 милиона да земал народот имал во џеб. сваќаш? никој не бил гладен никој не бил сиромав сите имале јак стандарт имале кров на глава не мислеле сметки како ке платат на 1ви.... па искрено нека зема толкава плата и грујо шо ми е сеа на власт ако имам ја да си платам се за мене и да си обезбедам ДОБАР ПРОСЕЧЕН живот нема да се замарам коклу зима он а колку ја. разликата е што тогаш сите имале а сега ако погледнеш ке видиш мизерија во раскош!
Немој да се залажуваш дека немало сиромашни и гладни. Не е точно. Во секое општество денес, дури и во најразвиените има такви, а не пак во Југославија. Колкав бил тој процент, е тоа е дискутабилно.
Проблемот настана што, средната класа (која беше најбројната), работниците, во транзицијата огромен дел останаа без работа, а и тие што не ја загубија работата, работат за минимални примања и ни оддалеку не се веќе „средна класа“. Додека пак, дел од средната класа, на разни начини се стекнаа со огромно богатство и преку ноќ станаа „висока класа“. Мал е и процентот на тие што нормално ги искористија придобивките на капитализмот и направија капитал без криминал.
И ко ќе сумираш на крај, ако порано да речиме, 90% од населението беше „средна класа“, која можеше да си дозволи нормален живот без големи егзистенцијални грижи, сега тој процент, којзнае и 40-50% дали изнесува. Како што гледаш 30% се сиромашни, додека еден слој од населението отстапува од сите во стандардот. Можат да си дозволат одмори на Бахами, вили на Водно, возен парк од луксузни коли. Нешто што ни генералите на ЈНА го немаа на времето.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:59 ---
prijatele, odgovorot e mnogu prost, od vicibentite koi sega gi zemat kapitalistite i od pecalkata koja sega ja zemat stranskite banki, e togas tie pari ostanuvaa tuka, nemase stranski banki tuku samo domasni , pevalkata od rudnicite ne odese kaj nekoi indijci a rabotat tamu 500 luge, tuku pevalkata se delese na 2.000 vraboteni , mozebi rudnikot ne pravese pecalka , ama izrzuvase 2.000 semejstva , sega pravi pedalka ,ama za indiecot , i plus izdrzuca 500 semejstva , toa e osnovna razlika na kapitaliznot od edna streana i sovijalizmot i nacional-socijalizmot od druga strana
BTW, национал-социјализам = нацизам. Тој што Хитлер го практикуваше во Германија 1933-1945. Колку за појаснување... :)
 
Не ми е јасно само што правел Тито со 1 милион марки месечен приход... :(

Добро, не земал баш 1 милион туку околу 300000 марки во тоа време, што би дошло помалку од 4 милиона годишно. Не дека е малку пари, таман работа, ама дефинитивно со тие пари не го осиромашувал народот, за разлика од денешните политичари што преку тендери и сите други можни криминални маневри не оставаат ништо за народот. Околу Тито искрено и мене ми е чудно како ги трошел, со оглед на тоа дека наследниците не му живеат ништо посебно раскошно а Јованка нема сол во очите да си фрле. :confused:
 
Немој да се залажуваш дека немало сиромашни и гладни. Не е точно. Во секое општество денес, дури и во најразвиените има такви, а не пак во Југославија. Колкав бил тој процент, е тоа е дискутабилно.
Проблемот настана што, средната класа (која беше најбројната), работниците, во транзицијата огромен дел останаа без работа, а и тие што не ја загубија работата, работат за минимални примања и ни оддалеку не се веќе „средна класа“. Додека пак, дел од средната класа, на разни начини се стекнаа со огромно богатство и преку ноќ станаа „висока класа“. Мал е и процентот на тие што нормално ги искористија придобивките на капитализмот и направија капитал без криминал.
И ко ќе сумираш на крај, ако порано да речиме, 90% од населението беше „средна класа“, која можеше да си дозволи нормален живот без големи егзистенцијални грижи, сега тој процент, којзнае и 40-50% дали изнесува. Како што гледаш 30% се сиромашни, додека еден слој од населението отстапува од сите во стандардот. Можат да си дозволат одмори на Бахами, вили на Водно, возен парк од луксузни коли. Нешто што ни генералите на ЈНА го немаа на времето.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:59 ---

BTW, национал-социјализам = нацизам. Тој што Хитлер го практикуваше во Германија 1933-1945. Колку за појаснување... :)
убаво си кажа за процентот на сиромаштијата. денеска имаш ОГРОМЕН процент на население кое му ја мисле како да издржи од 1ви до 1ви. тогаш колку имало такви у цела југославија? 10? 100? 1000? споредбата е незамислива и за тоа нема дилема апсолутно. а проблемот со транзицијата искрено настана од БЦ ( несакам да мешам политика но цел свет знае дека БЦ ја заеба таа работа ). или поконкретно да кажеме. да не се затвореа толкави гигантски фабрики и да не беа алчни директорите и политичарите кои патем џебот им беше ко циганска торба кога требаше да се става пари сега сите ке имаа нормален живот и немаше толкава бројка на невработеност да има со самото тоа и економијата ке беше во поголем пораст и многу други работи ке се сменеа ама пусто македонче ко шо си кажа ти сака да се збогати преку ноќ па и згора на тоа на туѓа мака сака да се збогати.
 
Немој да се залажуваш дека немало сиромашни и гладни. Не е точно. Во секое општество денес, дури и во најразвиените има такви, а не пак во Југославија. Колкав бил тој процент, е тоа е дискутабилно.
Проблемот настана што, средната класа (која беше најбројната), работниците, во транзицијата огромен дел останаа без работа, а и тие што не ја загубија работата, работат за минимални примања и ни оддалеку не се веќе „средна класа“. Додека пак, дел од средната класа, на разни начини се стекнаа со огромно богатство и преку ноќ станаа „висока класа“. Мал е и процентот на тие што нормално ги искористија придобивките на капитализмот и направија капитал без криминал.
И ко ќе сумираш на крај, ако порано да речиме, 90% од населението беше „средна класа“, која можеше да си дозволи нормален живот без големи егзистенцијални грижи, сега тој процент, којзнае и 40-50% дали изнесува. Како што гледаш 30% се сиромашни, додека еден слој од населението отстапува од сите во стандардот. Можат да си дозволат одмори на Бахами, вили на Водно, возен парк од луксузни коли. Нешто што ни генералите на ЈНА го немаа на времето.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:59 ---

BTW, национал-социјализам = нацизам. Тој што Хитлер го практикуваше во Германија 1933-1945. Колку за појаснување... :)
---- da , samo ne mi e jasno sto ima loso vo toj sistem ( mislam na delot na ekonomijata i socijata, vrabotuvanjata i ekonomskata politika )jas licno smetam deka toa e se vo red i dosta pametno, pa tie idei i sega se praktikuvat vo mnogu drzavi koi nemat vrska so fasizmot, kako ,,,,penzija za site ,,,,drzavni banki,,,
--- надополнето: 30 декември 2011 во 17:11 ---
Tогаш 1 милион во денешна вредност би било исто како 10 милиони можеби..ама нема врска,тогаш и народот незнаел за тоа а и да знаел несмеел да се буни.. луѓето кои свршуваат денес на тоа време не се ни свесни какви далавери и криминали се правени и им се чини како тоа да постои од пред 20 години..
eeeejjjj, covek -- na vecera odevme vo kustendil ili sofija :cuc:,,prosti mu voze, ne znae sto zboruva ,,
--- надополнето: 30 декември 2011 во 17:13 ---
како нема да го сакале бе човек што тресеш зелени. и 10 милиона да земал народот имал во џеб. сваќаш? никој не бил гладен никој не бил сиромав сите имале јак стандарт имале кров на глава не мислеле сметки како ке платат на 1ви.... па искрено нека зема толкава плата и грујо шо ми е сеа на власт ако имам ја да си платам се за мене и да си обезбедам ДОБАР ПРОСЕЧЕН живот нема да се замарам коклу зима он а колку ја. разликата е што тогаш сите имале а сега ако погледнеш ке видиш мизерија во раскош!
---- svrsuva zatoa sto togas za svetot bevme ,, GOSPODA,,
--- надополнето: 30 декември 2011 во 17:20 ---
Не верувам дека свршава на тоа подалечно време..туку само сака да си ги дознае корените.. а на некои тоа им смета и го испревртуваат и со злонамера го кажуваат тоа.
----- dali ti ziveese vo toa vreme ???
 
Немој да се залажуваш дека немало сиромашни и гладни. Не е точно. Во секое општество денес, дури и во најразвиените има такви, а не пак во Југославија. Колкав бил тој процент, е тоа е дискутабилно.
Проблемот настана што, средната класа (која беше најбројната), работниците, во транзицијата огромен дел останаа без работа, а и тие што не ја загубија работата, работат за минимални примања и ни оддалеку не се веќе „средна класа“. Додека пак, дел од средната класа, на разни начини се стекнаа со огромно богатство и преку ноќ станаа „висока класа“. Мал е и процентот на тие што нормално ги искористија придобивките на капитализмот и направија капитал без криминал.
И ко ќе сумираш на крај, ако порано да речиме, 90% од населението беше „средна класа“, која можеше да си дозволи нормален живот без големи егзистенцијални грижи, сега тој процент, којзнае и 40-50% дали изнесува. Како што гледаш 30% се сиромашни, додека еден слој од населението отстапува од сите во стандардот. Можат да си дозволат одмори на Бахами, вили на Водно, возен парк од луксузни коли. Нешто што ни генералите на ЈНА го немаа на времето.
Па сами сакавте капитализам, тоа и го добивте.
Капитализам и транзиција значи дека 10 проценти ќе се збогатат на сметка на 90 проценти и дека средната класа ќе изумре.

Се излажа народот дека секој човек фирмичка ќе си отвори, ќе си има приватни бизниси, секој бизнисмен и менаџер ќе стане, секој свој шеф ќе си стане, ќе си го одмара газот а никој нема мотика во раце да фати и нешто да сработи.
 
Tuka si vo pravo taka funkcionira i Americkiot sistem arno ama propagja .

Vo sekoj slucaj vo Amerika ima 2 milijardi a Makedonija 2 milioni.
 
Па сами сакавте капитализам, тоа и го добивте.
Капитализам и транзиција значи дека 10 проценти ќе се збогатат на сметка на 90 проценти и дека средната класа ќе изумре.

Се излажа народот дека секој човек фирмичка ќе си отвори, ќе си има приватни бизниси, секој бизнисмен и менаџер ќе стане, секој свој шеф ќе си стане, ќе си го одмара газот а никој нема мотика во раце да фати и нешто да сработи.
Па кај си видел во западните капиталистички општества да е „мртва“ средната класа?! Баш напротив, средната класа во нормалните капиталистички општества прилично добро живее. Само што разликата меѓу средната и високата класа е огромна, додека меѓу средната и ниската и не е толкава. Проблемот би рекол дека е во самите темели на капитализмот како систем, во експлоатацијата на работникот. Ако претходно имав пишано дека е логично да секој добива онолку колку што сработува и во социјализмот секој добиваше многу повеќе отколку што работеше, епа сега е обратно.
 
Кога се случува разликата помеѓу средната класа и високата класа да е огромна, средната класа ја губи својата смисла.
 
Одвреме-навреме дежурните чувари на носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито кај дел од постарата генерација жители на РМ педантно нј потсетуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично....
друже, пред да помислиш воопшто дека си успеал да тангираш со текстот, би било фино да ја исчиташ темата одпочеток и ке видиш сека ова што ти наводно го напиша, заедно со се сликата се наоѓа на првиот пост од темава:
http://forum.kajgana.com/threads/Во-времето-на-СФРЈ-подобро-се-живееше-Мит-или-вистина.46835/

пост бр 1

понатака, колку за дополнување на целиот овој (твојот копи паст) муабет, авторот на текстот заборавил да потенцира дека оваа статистика се однесува само на еден дел од ФИНАНСИСКИ аспект. Привилегиите како безвизен режим, право на миграција и сл воопшто не се спомнати.) а исто така комплетно се заборавени бенефициите како што се канта сирење месечно, огромни кутии со еуро крем, па буриња со маслинки, пакетчиња за секое дете од фирмите, со прилагодна програма и сето тоа бесплатно, нешто за што ти сега за твоите 2 деца треба да се испружиш 40-50 еура... понатака квалитетот на животот, сигурноста и да не редам еден куп други работи кои во текстов “случајно“ се испуштени т.е. намерно заборавени... авторот едноставно сакал да го оцрни тоа време... е па можеби на некој за едно 50-60 години и ке му успее, а дотогоаш не, затоа што веројатно до тогаш сеуште ке бидеме живи ние кои сме го фатиле тоа златно време а за таквите како вие да не можете да ширите лаги и измислици, од причини само за вас анти љубителите на убавиот живот... ако мисилиш дека сега имаш убав живот, тогаш СТВАРНО ПОЈМА НЕМАШ што е убаво...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom