Немој да се залажуваш дека немало сиромашни и гладни. Не е точно. Во секое општество денес, дури и во најразвиените има такви, а не пак во Југославија. Колкав бил тој процент, е тоа е дискутабилно.
Проблемот настана што, средната класа (која беше најбројната), работниците, во транзицијата огромен дел останаа без работа, а и тие што не ја загубија работата, работат за минимални примања и ни оддалеку не се веќе „средна класа“. Додека пак, дел од средната класа, на разни начини се стекнаа со огромно богатство и преку ноќ станаа „висока класа“. Мал е и процентот на тие што нормално ги искористија придобивките на капитализмот и направија капитал без криминал.
И ко ќе сумираш на крај, ако порано да речиме, 90% од населението беше „средна класа“, која можеше да си дозволи нормален живот без големи егзистенцијални грижи, сега тој процент, којзнае и 40-50% дали изнесува. Како што гледаш 30% се сиромашни, додека еден слој од населението отстапува од сите во стандардот. Можат да си дозволат одмори на Бахами, вили на Водно, возен парк од луксузни коли. Нешто што ни генералите на ЈНА го немаа на времето.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 15:59 ---
BTW, национал-социјализам = нацизам. Тој што Хитлер го практикуваше во Германија 1933-1945. Колку за појаснување...