Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Оуу сега видов на Macedonianfootball.com играше порано во Милано и Башкими, онака не е лош играч како едниот стопер што ни е киксер се Бардо го вади од гомна за до јуни ќе заврши работа !!!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=65F9A2557DD0B64FB953F36FB8CD90EA


Сите душмани наши нека се пазат,посилни се враќаме !!

Како и што пишав пред некое време,дека пред Нова година треба да се среди околу името,тоа и се оствари,клубот не можеше да им даде подобар новогодишен поклон на НАЈВЕРНИТЕ од овој,враќање на името !!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

Денес е голем ден за сите навивачи, симпатизери, граѓани на Општина Ѓорче Петров и сите што го симпатизираат клубот !!! Денес конечно заврши сагата околу враќање на името на клубот. Покрај сите препреки, понижувања, исмевања, играња по селски терени, мењавање на името што е во срце на цел народ овде, длабоко врежан, суспензии, парични казни и што ти уште не МАШКИ ИЗДРЖАВМЕ БЕЗ ЦИМОЛЕЊЕ !!! Впрочем христијански е да се издржи во маката. На маката се познаваат јунаците. ЈАС ТЕ САКАМ САМО ТЕБЕ И НИКОЈ ДРУГ, ТИ МЕ ИЗРАСНА, СО ТЕБЕ ЖИВЕАМ, СО ТЕБЕ ЌЕ УМРАМ ВО СРЦЕВО !!!

КЛУБОТ И ОФИЦИЈАЛНО СИ ГО ВРАТИ СВОЕТО ИМЕ: ФУДБАЛСКИ КЛУБ МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !!!!!!!!

ВЕЧНО ИМЕ, ВЕЧЕН КЛУБ ... МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !!!

НЕКА ПУШАТ СИТЕ ДУШМАНИ..... ДОЈДОВМЕ, ТУКА СМЕ, СПРЕМНИ СМЕ !!!

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П СЕ ВРАТИ НА ФУДБАЛСКАТА КАРТА!
По 3 години пауза повторно на македонската фудбалска сцена се враќа Македонија Ѓ.П.
Шампионите на Македонија од пред 4 години го вратија своето име иако во изминатите 18 месеци настапуваа како Треска Шишево. Сега завршени се сите детали, сите судски обврски и казната кон ФФМ па така клубот во второлигашката конкуренција на пролет како Македонија Ѓ.П ќе брка прволигашка виза.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Во денешен спорт пишува повеќе околу враќањето на името,а пишува и за засилувањата,пет играчи се купени од прволигашки екипи....епа Прва лига чекај не !!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Нови играчи на Македонија Ѓ.П. се : Игор Савевски од Тетекс, Благојче Коњарски од Пелистер, Александар Толески од Охрид Лоте и Дејан или Дарко Лазаревски од Осогово и Перица Василевски лани што играше во Вардар !!!

Игор Савевски e одличен играч мислам дека игра во одбрана
Благојче Коњарски како талент дојде кај нас кога влеговме во 1 лига 2005 год. ама беше праќан на позајмица во Маџари и потоа си замина во Беласица.
Александар Толески е многу искусен играч кој доста ќе помогне да се задржиме на првите 2 места, играше за Цементарница во најдобрите времиња на клубот итн итн. велат дека иако е во поодминати години е еден од најспремните играчи во Мак Фудбалов ... се на се за 2 лига доста е за 1 лига на лето здравје боже ќе размислуваме :)!!!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Среќна Нова 2012 година !!! Помина уште една година во која се случија многу работи во кој изборивме влез во 2 МФЛ после исфрлувањето во најнизок ранг. Најсветла точка во изминатата година сигурно беше враќањето на вистинското име на клубот. Ако не си навивач на Македонија Ѓ.П. не го сваќаш што значи враќањето на името а добро знаеме дека можевме да се викаме и поинаку со додавки придавки и што ти ја знам ама ГОТОВО се реши најголемиот проблем ! Како втора важна работа е секако бараж-дуелот со Маџари во Автокоманда каде победивме со 2-0 со добра подршка од трибина и официјално станавме Шампиони на 3 лига Север !!! И секако исто толку важен настан како овие е тоа дека го делиме 1-вото место во 2 МФЛ. Во следнава година се слават 80 години од формирањето на клубот па убаво ви било да се прослави со преубави моменти а за тоа како ќе се слави и што ќе има оставаме да се види ;) !!! Ситуацијата на табелата и враќањето на името беа најубавиот поклон и мотив за Новава Година !!! Многу не Се е до нас Пролетва ... КЛУБОТ МОРА... КЛУБОТ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ПАТЕКИТЕ КАДЕ ШТО ЗАСТАНА !!!
ЦРВЕНО-ЖОЛТА БОЈА САМО ЕДЕН КЛУБ ... МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
По 3 години пауза повторно на македонската фудбалска сцена се враќа Македонија Ѓ.П.
Шампионите на Македонија од пред 4 години го вратија своето име иако во изминатите 18 месеци настапуваа како Треска Шишево. Сега завршени се сите детали, сите судски обврски и казната кон ФФМ па така клубот во второлигашката конкуренција на пролет како Македонија Ѓ.П ќе брка прволигашка виза.
Каква црна казна . ФФМ треба да им плати казна на сите клубови кои вредеа нешто а Харалампие ги уништи поради негови лични интереси.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Каква црна казна . ФФМ треба да им плати казна на сите клубови кои вредеа нешто а Харалампие ги уништи поради негови лични интереси.
Види другар Хари го знаеме сите дека е најголем кривец за се кај нас ама јас кривицата за изфрлувањето на клубот пред 3 години во најнизок ранг го гледам во тогашното раководство кое им беше одредено алиби за да не даваат пари повеќе и дека Благоја не стана претседател на ФФМ...тоа е !!! Ние бевме на врвот имаше и основа и желба од сите луѓе да клубот продолжи со работа уште поинтензивно ама во Ѓорче секогаш си патиме од нашите луѓе, изроди впрочем и како народ патиме повеќе од домашните предавници. Ама помина сега тоа, можеше да биде многу полоша ситуацијата ако моравме да го смениме името или да има некоја додавка како што има Вардар или Брегалница после фузијата !!!
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 16:27 ---
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Гоце Толески е нов играч на Македонија Ѓ.П. !!! Добар потег, ни требаше искусен напаѓач за пролетва ....супер потег !!!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Чекатеј малце,не се работи за Аце Толески ?!
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Александар Толески за сега има потпишано, а за Гоце Толески уште не се знае, и по се изгледа нема да потпише, ама ај времето нека покаже како ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom