Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
у бутел 1 има 2 маалски теретани ама гледам доаѓаат дури од влае тука да вежбаат некои дечки и увек се прашувам што па толку има асално во теретанава. има бајаги справи у двете теретани. едната ми е на 3 куќи подоле од мене другата ми е у трговскиот одма. за цена не сум сигурен знам замо дневно дека е 50 денари а месечно сигурно помалце искача. инаку од овие набилнадинев кои редовно ги гледам тука ниеден не го признавам како прав човек кој сака да се билда или да тренира со исклучок на 2ца браќа од кисела вода. зашто?- претежно се маалски мафијаши што за 2 улици доаѓа со BMW го мрзи да мрдне 2 метра со гзот ке дојде ке вежба 5 минути ке се напука протеини и на улица ке искочи ке се дуе ко квасец, за разлика од тие браќата кои секој ден редовно доаѓаат трчајки од кисела вода до тука и маваат добри 3 4 саати вежбање. ја лично никад не сум бил у теретана ни ти па имам намера да одам. добар сум си и ваков без мускули на мене. :)
 
Негде поблиску до Ѓорче некоја теретана да не знае за ефтини пари.Идев во давид и марјан ама немам 3-4 години отидено па сега пак сакам да почнам.

Па освен Давид и Марјан немам видено некоја друга во Ѓорче :)
 
Не прават ни овде, но те олеснуваат за 2000ки. :)
Инаку во Аеродром толку се цените, со исклучок на Бисер. Таму има теретана која е поефтина. Е сега како се вика неам поим.
Fit Fun Biser, тоа и е името.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 11:04 ---
Терминатор каде се наоѓа поточно?
Позади Атлета, помеѓу зградите. Исто, влез надолу во гаражите.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 11:06 ---
Па освен Давид и Марјан немам видено некоја друга во Ѓорче :)
Има НАГОМИ ФИТНЕС се наоѓа до кружниот тек во населба Хром (општина Ѓорче Петров) и веднаш на влезот во Ѓорче од страна на Тетово, позади амбулантата или центарот за малигни заболувања.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 11:06 ---
у бутел 1 има 2 маалски теретани ама гледам доаѓаат дури од влае тука да вежбаат некои дечки и увек се прашувам што па толку има асално во теретанава. има бајаги справи у двете теретани. едната ми е на 3 куќи подоле од мене другата ми е у трговскиот одма. за цена не сум сигурен знам замо дневно дека е 50 денари а месечно сигурно помалце искача. инаку од овие набилнадинев кои редовно ги гледам тука ниеден не го признавам како прав човек кој сака да се билда или да тренира со исклучок на 2ца браќа од кисела вода. зашто?- претежно се маалски мафијаши што за 2 улици доаѓа со BMW го мрзи да мрдне 2 метра со гзот ке дојде ке вежба 5 минути ке се напука протеини и на улица ке искочи ке се дуе ко квасец, за разлика од тие браќата кои секој ден редовно доаѓаат трчајки од кисела вода до тука и маваат добри 3 4 саати вежбање. ја лично никад не сум бил у теретана ни ти па имам намера да одам. добар сум си и ваков без мускули на мене. :)
Има разлика од т.н. билдер за диско и кафиќи и Спортиста.
 
Ова е листата на подобрите вежбални во Македонија...

Битола:

1. Име: Гладијатори Фитнес Центар - Gladijatori Fitness Centre
Улица, населба, град: ПП. Његош бб, Центар, Битола
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг. Вклучува: Соблекувални за мажи и жени, сала за бокс, хамер машини, протеин бар, кафе бар, туш кабини, инфраред сауна, тренирање со персонален тренер.
Работно време: Пон-Саб 08:00-22:00, Нед 15:00-22:00
Цени:
Телефон и веб-страна: 047/242-499, www.gladijatori.com

Скопје - нас. Центар:

1. Име: Ричи Спорт (член на ББФФМ)
Улица, населба, град: бул. Партизански Одреди бр. 3-Градски Ѕид, Центар, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг. Вклучува: Соблекувални за жени и мажи, вреќа за бокс.
Работно време: Пон-Саб 10:00-22:00, Нед 17:00-20:00
Цени: 800,00 МКД месечно, 100,00 МКД еден тренинг
Телефон и веб-страна: 070/877-927

2. Име: Стронг Џим - Strong Gym (член на ББФФМ)
Улица, населба, град: ул. Теодосије Гологанов бр. 58 (студентски дом Кузман), Центар, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг. Вклучува: Соблекувални за жени и мажи, тушеви за мажи и жени, вреќа за бокс, тренер за почетници.
Работно време: Пон-Саб 10:00-22:00, Нед 16:00-22:00
Цени: 1100,00 МКД месечно, 950,00 МКД студенти и ученици, 750,00 МКД од 10:00 до 17:00.
Телефон и веб-страна: 071/276-835

Скопје - нас. Аеродром:

1. Име: Атлета 2003 (член на ББФФМ)
Улица, населба, град: бул. К.Ј. Питу бр. 24 а (спроти Космофон, нова железничка станица), Аеродром, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес, Аеробик и Бодибилдинг.
Работно време: Пон-Саб 10:00-22:00, Нед 17:00-22:00
Цени: 1500,00-2400,00 МКД месечно, 250,00 МКД еден тренинг
Телефон и веб-страна: 02/2468-846

2. Име:Терминатор
Улица, населба, град: бул. К.Ј. Питу бб (спроти Космофон, нова железничка станица), Аеродром, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес, Аеробик и Бодибилдинг.
Работно време: Пон-Саб 10:30-22:00, Нед 19:00-22:00
Цени: 1300,00-1500 МКД месечно, 3900,00 МКД 3 месеци, 7200,00 МКД 6 месеци, 12000,00 МКД 12 месеци.
Телефон и веб-страна: 02/2461-547, 070/388-105, 075/447-775

3. Име:Fit & Fun(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: бул. Јане Сандански 66-1/9, Аеродром, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време: Пон-Саб 12:00-22:00
Цени: 1000,00-1300,00 МКД месечно
Телефон и веб-страна: 070/392-812, 071/775-791

Скопје - нас. Кисела Вода:

1. Име: Профи
Улица, населба, град: Народни Херои бр. 5, Кисела Вода, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг
Работно време: Пон-Саб 10:00-22:00, Нед 10:00-16:00
Цени: 800,00 МКД месечно, 100,00 МКД еден тренинг
Телефон и веб-страна: 02/2782-732, 070/340-107

2. Име: Атанасовски
Улица, населба, град: Ѓорѓи Димитров бб (во круг на дом за слепи), Кисела Вода, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг
Работно време: Пон-Саб 10:00-22:00, Нед 16:00-20:00
Цени: 800,00 МКД месечно
Телефон и веб-страна: 070/788-889, 070/756-433

3. Име: Гладијатор (член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Хотел Пелагонија, Кисела Вода, Скопје
Тип на вежбална: Бодибилдинг, Фитнес, Аеробик, Пилатес, вреќа за бокс, солариум
Работно време: Пон-Саб 11:00-22:00, Нед 17:00-22:00
Цени: 600,00 МКД месечно, 50,00 МКД еден тренинг
Телефон и веб-страна: 071/288-728, 070/605-988

Скопје - нас. Козле:

1. Име: Кан Џим - Kan Gym
Улица, населба, град: Јуриј Гагарин 66 а (претпоследна 57-ца), Козле, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг
Работно време: Пон-Саб 12:00-22:00
Цени: 1000,00 МКД месечно, тренинг со тренер 5000,00 МКД - 12 тренинзи, 6000,00 МКД - 16 тренинзи
Телефон и веб-страна: 070/244-832

Скопје - нас. Хром:

1. Име: Нагоми Фитнес - Nagomy Fitnes
Улица, населба, град: Александар Мартулков 2 а, Хром, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг
Работно време: Пон-Саб 09:00-22:00
Цени: 1000,00 МКД (09:00-15:00 часот) месечно, 1200,00-2000,00 МКД (09:00-22:00 часот) месечно
Телефон и веб-страна: 076/533-769, 070/217-422
Скопје:

1. Име:Скопје(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Исаја Мажоски 38-1/7, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна:

2. Име:M-GYM(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Никола Русински 12-1/21, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна: 070/252-876

3. Име:Универзум(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Клеаноец 30 а, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна:

4. Име:Билдер(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Гаврил Константиновиќ 26 б, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна: 070/755-755

5. Име:ББК Фит(член на ББФФМ)
Улица, населба, град: 9-Мај, бр.18 лок.4, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг.
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна:

6. Име: Вардар (член на ББФФМ)
Улица, населба, град: Љубица Георгиева, бр.9, Скопје
Тип на вежбална: Фитнес и Бодибилдинг
Работно време:
Цени:
Телефон и веб-страна: 3065-828
И уште неколку во другите градови на следниов линк :http://www.bodybuilding.com.mk/2008-11-26-09-58-52/2008-11-26-10-21-58.html
 
Идев 7 месеци во Пелагонија во "Гладијатор", заради тоа што беше 600 денари до летоска, после ја накачија чланарината, и се префрлив во "Атанасовски", каде што плаќам 800 денари.
Причината да се префрлам беше неактивноста на инструкторите. Ти го прашуваш како правилно да направиш вежба тој гледа телевизија или пишува ливчиња за у кладилница.
Ваму во "Атанасовски" барем има инструктор кој ти ги кажува вежбите, ти предлага нови вежби, со еден збор имаш комуникација во врска со вежбањето, за што и плаќаш, а не некој да глеа телевизија цело време.
 
Во Б1 едната зад трговски кај Дуче дневно е 50 колку што се сеќавам. Во другата е 70 или 800 месечно...ако се барем двајца од фамилија дава поголем попуст. Во Радишани (на трет влез) дневна цена е 50 денари, месечна не ми е познато. Битно има тв пред точаците, кому е досадно :)

Воглавно сите се више мање со опремата тука некаде, радишанската е малку помала али има у основа сосем доволно.
Лошо е што у овие барем маалскиве нема посебен простор за вежбање за женцки, а тоа е битна работа посебно за повозрасните госпожи. За тоа имаат минус. Мислам дека малку внимание се обрнува и на проветреноста во овие теретани, битна работа со оглед на тоа што све се испушта за тој 1 час.
Све друго, дал се од обични железа, фарбани или пониклувани...штом ги имаат макар и основните справи, друго не ми е нешто битно.
И то :coffee:
 
Уау ги глеам цениве и се чудам како може аматери да фрлаат волу пари за џабе. Единствена причина поради која би одел у теретана е да глеам женски :свиркам: . Или ако сум профи билдер. Иначе зимаш тегче или два, монтираш вратило и за ич пари се праиш развиотка.
 
Како што тие се чудат како може да фрлаат некои толку пари за цигари, ти се чудиш како може да фрла некој толку пари за здравје.

А верувај, не е многу 1200 на пример месечно за вежбање.
 
Како што тие се чудат како може да фрлаат некои толку пари за цигари, ти се чудиш како може да фрла некој толку пари за здравје.

А верувај, не е многу 1200 на пример месечно за вежбање.

lol, за здравје?? А демек ако не вежбаш на фенси справи кои и онака за ништо не користат нема да бидеш здрав? пффффт.
Него да не навлегуваме во оф-топик :)
 
lol, за здравје?? А демек ако не вежбаш на фенси справи кои и онака за ништо не користат нема да бидеш здрав? пффффт.
Него да не навлегуваме во оф-топик :)

Секој има различен пристап кон спортот и желба да се грижи за своето тело, ниту некој тебе ти се смее зошто се дигаш дома на лозница, ниту ти треба да судиш зошто некој оди во теретана. Simple as that.
 
lol, за здравје?? А демек ако не вежбаш на фенси справи кои и онака за ништо не користат нема да бидеш здрав? пффффт.
Него да не навлегуваме во оф-топик :)

Никој не рече фенси справи, туку ти ги етикетираше луѓето што одат во теретана дека одат само женски да гледаат. Препрочитај си ја првата реченица. Некој ќе трча на патека, некој ќе оди во теретана, некој ќе се занимава со групен/индивидуален спорт и пак ќе има потреба од теретана за плус физичка сила.

inb4, не сум од тие што се занимаваат со теретана, со индивидуален спорт се занимавам.
 
Уау ги глеам цениве и се чудам како може аматери да фрлаат волу пари за џабе. Единствена причина поради која би одел у теретана е да глеам женски :свиркам: . Или ако сум профи билдер. Иначе зимаш тегче или два, монтираш вратило и за ич пари се праиш развиотка.
Јас дома немам место да поставам било што, а со скоро 190 висина, тешко дека и на тоа вратило на врата би успеал да извежбам како што треба.
Некој, има услови, па имаат и дома мини теретани, но сепак харкор вежбање е секогаш на вистинско место. Исто како и фудбал или кошарка. Ако сакаш да ја почуствуваш вистински, одиш на терен и со момци играш до крај. Ако не, можеш и дома да шутнеш некој баскет или некое фудбалче, па за ептен ич пари да си Џордан или Пандев.
Во секој случај, некои кога одат да гледаат женски, избираат место како стриптиз бар. Барем ако гледа, да не не му се смееат зашто се загледал.
 
Да, во право сте, но сепак јас не судам никого, и никого не етикетирам, тоа со гледање женски беше повеќе како шала. Не ме сфаќајте погрешно, во никој случај не сум против теретаните, и јас самиот повеќе години одев во теретана.
Ама дефинитивно сум против овие "елитни фитнес центри" кај кои се плаќа и до 2к месечно ама баш за џабе, некои не ги знаат ни основните вежби, ама битно идат тамо да се стегаат пред огледала. И ќе видат некои уау справи и мислат тие ќе им ги напраат мускулите.
Како и да е, се слагам со Myers, некој сака гето стајл, некој сака на позлатени справи да вежба. Ова е само мое мислење.
 
Ама дефинитивно сум против овие "елитни фитнес центри" кај кои се плаќа и до 2к месечно ама баш за џабе, некои не ги знаат ни основните вежби, ама битно идат тамо да се стегаат пред огледала. И ќе видат некои уау справи и мислат тие ќе им ги напраат мускулите.

Имаше статија за тоа на Кајгана.цом http://kajgana.com/pet-znaci-deka-ste-ligushot-od-teretanata“....
И темава не е во ЧДА за шали правење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom