Сите наставници и професори ќе одат на психо тест

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Психолошки тестови за сите наставници и професори. Министерството за образование ќе ги испитува сите просветни работници дали се способни и дали треба да работат со деца.
skolo_82384.jpg
Наместо од 2013 ќе се направат напори тестирањето да се изврши порано. Стручниот испит ќе биде така подготвен што на тестот нема да може да се манипулира и резултатите ќе бидат релевантни, велат од образование.
Сите кои ќе бидат сомнителни ќе бидат исфрлени од образованиот систем.
- Сметам дека психолошките тестови се само еден од начините како да се надминат девијантните појави во образованиот систем. Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика заедно со Црвениот крст на РМ спроведуваат едукативни работилници по училиштата низ Македонија како да се препознаат и пријават педофили - изјави Панче Кралев, министер за образование и наука.
Министерството за труд и социјала веќе формирало работна група составена од психолози кои ќе работат со децата, родителите и наставниците од гимназијата во Драчево.
Ќе се откриваат мотивите и причините зошто професорот посегнал по учениците.
Децата ќе добијат и соодветна терапија. Доколку има потреба оваа група ќе се институционализира.
Од министерството за образованбие велат дека ако работанат група се вметне во закон, до неа ќе може да се обраќаат сите и родителите и учениците и наставниците, се со цел да се отстарнат девијантвите појави во училиштата.

извор
 
Ако тераме вака ова и на родители треба да им го прават. Ако не се стабилни - да се даде на стабилни луѓе кои неможат да имаат деца. For the sake of mental health.
 
lol .. осеќам сеа ќе има недостиг на професори и наставници :D

ако ако вака само , колку толку барем ќе се отргне ѓубрето ..
 
Па образованието кај нас ја изгуби смислата, сметав дека тоа е така само во послабите средни и основни. Али не е баш така сите се веќе иста каша и самите професори немаат сила против лошиот систем.
 
Редно беше . Неможе секој 60 годишен искпомплексиран комунист да биде професор и да се иживува врз учениците.
 
Добра работа иако јас не верувам дека некој професор ќе падне на тестовите, сепак не се до толку ненормални.
 
Ќе си поминат на редот, нема работа за психолозите затоа е ова не за друго.
 
На хартија се ова звучи добро.......во реалност ништо од ова нема да биде.Во мојата фамилија скоро сите се вработени во образование (татко,мајка,тетка,вујна,жена на дедо ми.......) и знам како функционираат работите. Сега цело време измислуваат некои правила ги мавтаат наставниците и професорите и казни им воведуваат,но тие не се проблем целиот систем е проблем.Перат пари преку нив и ги праќаат на дебилни курсови од кои никаква корист нема,а се фалат цело време од владата проекти во образованието спроведувале,а тие проекти се комедија.
Како инспектори во образование работат луѓе кои не знаат ни да се потпишат,за директор да бидеш главен услов е што поиздишан во главата да си,со родителите е тешко да се соработува.Ако некое дете има послаб успех или прави проблеми во школо 90% од родителите прво наставникот ќе го нападнат у смисол кој си ти за моето дете да кажеш дека не учи или е проблематично,а не да преиспитаат што е проблемот кај нив и кај детето............
Целиот систем е отиден.............ништо нема да решат што ќе избркаат по некој акнат во неколку школи.
 
Дамјан , седи ЕДИНИЦА !
-Професоре што би се случило доколку отидам кај директорката и се развикам "Професорот се обиде да ме силува !!!"
- Добро , добро седи двојка....
 
Дамјан , седи ЕДИНИЦА !
-Професоре што би се случило доколку отидам кај директорката и се развикам "Професорот се обиде да ме силува !!!"
- Добро , добро седи двојка....
у кое школо е ова?
 
Еее ко им зборвев вака уште во прва средно ме сторија будала.Им велев ќе дојте вие на мојов :vozbud:
 
Редно беше . Неможе секој 60 годишен искпомплексиран комунист да биде професор и да се иживува врз учениците.

Потполно се согласувам, и не се само 60 годишните комунисти, туку речиси 90% од професорите се искомплексирани.
А тоа е многу лошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom