Ова го најдов во упатството за мојот телевизор. Претходниот телевизор Toshiba 32XV... ми беше поврзан со рисиверот (Денон 1610) преку RCA аналогно аудио и на секое менување канал (значи во ТВ мод, преку кабловска) се слушаше звук (како кога ќе снема слика и ќе се јави тоа снегот што го викаме, само ова е дел од секунда). Страшно ме нервираше тоа. Со „новиов“ телевизор Samsung LE40C650, поврзано ми е со оптичко аудио и немам никаков проблем. Преку оптичко аудио исто така може да се испраќа DTS i DD звук, но не е можно да се испрати HD звук како DTS-MA i DD TrueHD. Имам читано дека може да се пренесе високо квалитетен звук во форма на LPCM кој на рисиверот нема да појави сигнал за високо квалитетно аудио, ама ќе ги има истите (или приближни карактеристики).
http://en.wikipedia.org/wiki/TOSLINK
--- надополнето: 29 декември 2011 во 04:15 ---
Би сакал да додадам и дека е многу пожелно кога се купува нов телевизор да се прочита упатството за истиот кое најчесто може да се најде на страната на производителот. Таму може да се најдат сите податоци за тоа кои видови на аудио и видео фајлови вашиот телевизор ќе може да ги декодира (нормално претпоставувајќи дека производителиве не лажат). Еве што вика за мојов Самсунг.
Сум пуштал MKV и M2TS фајлови со висок bitrate, преку 20Mbps, и не сум имал проблем. Пушта и преводи, само нормално да се со исто име како и името на филмот. Од табелата може да се види дека декодира DTS и DD, и има подршка за кодек H.264 L4.1 (најчесто употребуван кај погабаритни фајлови), иако на 1-2 филма имав проблем со декодирање на TrueHD во MKV контејнер, но не е ништо страшно.
Се надевам дека допринесов во муабетов. Ме интересираат вакви ствари и читам по нетов и што треба и не треба. Имам да додам нешто во темава, ама заглавив ептен, па ќе пишам нешто утре. Поздрав!