Тоа што го кажа нема никаква врска со делот кој ми го цитираш.
А поентата за Каиро ја занемаруваш.
За болдираното едно големо ДА!
Не можат другите да ти помогнат, можат само да те наведат на пат кој не е твој, да ти ја извалкаат сопствената патека, орбита или како ти е мило. Во внатрешниот ред се обесхрабрува секаков контакт помеѓу аспирантите. Познаваш само еден кој е над тебе и те воведува во редот, а подоцна кога и самиот си доволно високо и еден под тебе кого ти го воведуваш.
Не знае Хептаграм за твојата патека и пречките на неа т.е. за лекцијата која ја учиш на истата. Но, се разбира има доволно надуено его да претендира на позицијата на твој супериор.
Ајде поинаква формулација за кралевите. Додека се надвор од редот не ја познаваат својата волја зашто сеуште не се телемити а кога ќе ја наметнат одората одеднаш се тетовираат со "Прави што ти е волја".
Што се однесува до параграфот за 1909 јас би додал како вовед уште нешто со цел работите да бидат појасни.
Значи напред треба да стои: Во текот на 1909 година после бројните геј сеанси на Кроули со младиот и симпатичен Виктор Нојбург во Алжирскиот дел на Сахара, Кроули ја напиша Визија и Глас. Се чини дека Виктор беше толку добар во сексот што Кроули доби инспирација за големото дело.
Ете така, сега сликата е поцелосна.