Македонци на брза лента за бугарски пасош
Најмногу кандидати за бугарско државјанство има од Источна Македонија, поточно од местата блиску до бугарската граница, но тоа не е правило
Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов, „24 часа“ Софија
„Чекам веќе трета година за бугарско државјанство и ништо. Секој пат кога ќе се јавам, ми ветуваат дека во следните 6 месеци божем ќе го разгледаат моето барање“, раскажува со нервозен глас украинката Оксана (името е заменето). Таа живее во Бугарија веќе 10 години - од тогаш е во брак со Бугарин. Имаат веќе две деца и успешен бизнис.
Но, очигледно, тоа не е доволно. Во исто време, особено во последната година, Министерството за правда „произведува“ нови Бугари со рекордно темпо – 22.241 кандидатури за бугарско државјанство се разгледани од Советот за државјанство само од 1 јануари до 18 ноември оваа година. Од нив 13.607 се одобрени, откако добиле декрет од потпретседателот на државата и станале бугарски граѓани. Други уште чекаат, а трети се одбиени.
Случајно или не, Македонците, за разлика од другите имаат повеќе среќа па до бугарски пасош доаѓаат за само една година. Најмногу кандидати има од Источна Македонија, од местата блиску до бугарската граница, но тоа не е правило.
(Целосниот текст ќе може да го прочитате во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)