Пржени ефтини колбаси
Кобласите најнапред, ако е можно, ќе ги излупам. Ако колбасите не можат да се излупат тогаш ќе ги издупам со чепкалка.
Во тенџере, на оган, ќе ставам вода и од кога водата ќе зоврие, го тргам тенџерето од оган и во водата ги ставам ефтините колбаси. Така ги оставам колбасите во поклопено тенџере 20 до 30 минути. На овој начин колбасите ќе омекнат и ќе се намали количеството на сол и други зачини во нив.
Потоа, ги вадам колбасите од водата, ги бршам со салвета и од сите страни ги премачкувам со сенф. На крај, премачканите колбаси кратко ги пропржувам, на умерен оган, од сите страни.
Ова е скромно јадење но колбасот заслужува посебно внимание, бидејќи тоа е јадење на сиромашите. Овој рецепт не се однесува на разни деликатесни колбаси, кои по нашите месарници се нудат со цени често повисоки од цената на кременадли или шницли, туку на најефтините колбаси со цени од 90 до 130 денари за килограм кои со различни имиња се нудат во продавниците.
Ваквите колбаси биле познанати многу одамна. Во Стариот Рим ги правеле од овчо и козје месо и тоа, како и денеска од најнеквалитетно месо. Денеска дури и незнаеме од што ги прават. На опаковката обично пишува „ изработено по спецификација на произведувачот “, а што има во таа спецификација никој не знае. Тоа е секако начин, да месото со најслаб квалитет, со додавање на зачини и немесни додатоци, се направи вкусно за човечка употерба, со најниска цена која и најсиромашните ќе можат да ја платат.
Многу песни се напишани за ваквите колбаси. Воениот марш на Легијата на странците на Франција е посветен на ефтиниот колбас – крвавица – Le boudin.
Затоа пробајте го овој мој скромен рецепт и предложете други рецепти со храната на сиромашните, ефтиниот колбас.
Кој сака може да ја чуе и Le boudin на оваа адреса :
http://www.youtube.com/watch?v=qyoLv_HVFJE&feature=related